• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Ана Салтирова Давидовски / Мотивационен циклус (1)

Мотивационен циклус (1)

10.08.2011 Категории: Ана Салтирова Давидовски, Личен развој

Основната карактеристика на сите живи суштества е активноста. Активноста на човекот е условена главно од внатрешните побудувања – потребите на човекот и од надворешните поттикнувачи – цели кои со активноста се остваруваат. Процесот на поттикнување на активноста заради поставување на определени цели, насочување на активноста, определување на нејзиниот интензитет и траење, се именува како мотивација.

Мотивациониот циклус се состои од три фази. Првата фаза од циклусот е настанување на мотивот, односно поттикнување на вработениот кон остварување на поставените цели. Во втората фаза се извршува работата, независно дали се произведува некој производ или се дава некоја услуга, а во третата фаза се јавува задоволството на вработениот од извршената работа. Произведувањето на определен производ или услуга се наградува со што на вработениот му се надоместува за вложениот труд. Се претпоставува дека задоволството на вработениот од неговата работа односно од неговата награда – повторно произведува мотив и така се затвара кругот, а мотивациониот циклус повторно почнува.

Во блиското минато големите светски организации направиле модификација на мотивациониот циклус, па последната фаза често е незадоволство наместо задоволство. Менаџерите на големите организации сакајќи да искористат повеќе од физичките и психолошките способности на своите вработени (најчесто во производството) – ги држат вработените во постојана напнатост дека можат да дадат повеќе. Така, кога вработениот во втората фаза од мотивациониот циклус ќе произведе некое добро или услуга кое одговара со предвидените норми, не добива адекватно признание и надомест од менаџерот. Менаџерот кажува дека е добро и квалитетно НО, дека може да биде и подобро и поквалитетно. Како последица на ваквиот став на менаџерот и наградата за извршената работа не е максимална туку е под очекувањето. Сакајќи да заработи повеќе, а од друга страна и да го увери својот претпоставен дека може да работи подобро, вработениот внесува дополнителен напор. И покрај тој напор и добиените резултати вработениот ја слуша „истата приказна“ од својот претпоставен кој го убедува дека од него се очекува повеќе и како треба да даде уште „малку“ за да ги исполни резултатите, а со тоа да ја добие и очекуваната награда.

Овој вид на мотивација може да има големи последици доколку менаџерот не ја знае границата т.е. кога треба да престане со овој тип на мотивација. Доколку ваквиот циклус на мотивација долго се повторува, може да дојде до потполно губење на работната мотивација од страна на вработениот, апатија, трајно незадоволство, професионално согорување… Најдобро е, после два циклуса од така наречената негативна мотивација да се награди вработениот. Само на тој начин вработениот ќе увиди дека може подобро и повеќе и дека дополнително вложениот труд се наградува.

Многу е важно да се утврди кое ниво на напор вработениот може да го издржи, за да се определи до кој степен ќе се оди со негативната мотивација за да последната фаза заврши со задоволство наместо незадоволство на работникот.

Aвтор: м-р Ана Салтирова Давидовски, раководител на секторот за човечки ресурси во АМСМ www.amsm.com.mk, во својот фокус го има развојот/унапредувањето на вработените како и NLP-то.

Категории: Ана Салтирова Давидовски, Личен развој

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·