• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Виктор Куновски / Мерење на културниот капитал (3)

Мерење на културниот капитал (3)

14.07.2017 Категории: Виктор Куновски

Препораки

Потребно е да се развие план за интерно (национално) комуницирање на овие резултати. Можен начин за ова е создавање на фокус групи низ кои ќе се добие зголемена свесност околу ситуацијата и планираните чекори истата да се подобри.

Клучна улога во овој процес имаат пред се имаат политичките лидери на национално и локално ниво, кои дел се на власт а дел се во опозиција. Нивната поддршка е од исклучително значење. Доколку истите го игнорираат ова мерење и она што истото го укажува, не се исклучени можни скорешни финансиски шокови или социјални незадоволства.

Доколку оние кои треба да се двигатели на оваквиот процес останат во игнорантска позиција, а со оглед на тоа дека се работи за системски развој, улогата на двигатели на процесот на културна трансформација може да го имаат луѓето од бизнис заедницата или од невладиниот сектор. Но резултатите од оваа втора опција би биле далеку послаби и поспори од првата.

Културната ентропија (збирот на лимитирачките вредности во системот) е опасно висока и бара итно намалување.

Треба да се идентификуваат искуствата кои луѓето ги гледаат во лимитирачките вредности како невработеност, сиромаштија, корупција, бирократија, криминал и насилство, непотизам, обвинување, несигурност за иднината и загадување на животната средина. Потребно е освестување на причините, лимитирачките однесувања и негативните резултати кои следат позади секоја од овие лимитирачки вредности и да се најдат корективни мерки.
Цената што нашиот систем и сите ние во него ја плаќаме поради ваквата култура е неверојатно голема.

Имено ентропијата од 48% буквално значи дека само кај платите на јавната администрација македонскиот буџет губи 48% од 700 милиони евра (ова се парите кои од Македонскиот буџет се трошат за јавната администрација). Ако истата пресметка ја искористиме за загубените средства на општинско ниво или по работни организации и компании, тогаш се работи за огромни пари кои можат и кои треба да бидат заштедени.

Искуствата покажуваат дека организациите кои се посветуваат на културна трансформација имаат намалување на ентропијата во системот во континуитет.

Долу е графиконот од мерењата направени во една од најголемите банки во Јужна Африка. Покажува пад на ентропијата во континуитет во последните 4 години.

Доколку истото би се случило во Македонија како резултат на континуирана посветена културна трансформација и ентропијата би се намалувала по скромни и реални 3% годишно, само заштедата на изгубени средства во јавната администрација би изнесувале 21 милион евра во првата година, 42 милиони евра во втората, 63 милиони во третата и 84 милиони во четвртата година. Вкупно за 4 години би се заштедиле 210 милиони евра.

Дополнителни препораки:

Треба да се дефинираат клучните сегменти на промени на кои што луѓето сакаат и треба да се фокусираат. Потребно е развивање на програми и акции кои ќе го поддржуваат сето ова. Од исклучително значење е мерењето да биде повторно направено во идната година со цел да се види напредокот во одредени сегменти, доколку го има.

Јавните установи, компаниите и малите и средни претпријатија да направат мерења на сопствените организациски култури со цел да дијагностицираат што навистина се случува кај нив на ниво на култура. Да ја дознаат стапката на ентропија во нивниот микро систем.

Посебно внимание треба да се обрне на деветте нови вредности кои се јавуваат во посакуваната култура. Ова е блиската иднина што нашиот граѓанин ја посакува и е спремен да инвестира во истата.

Вредностите: можности за вработување, грижа за идните генерации, квалитет на живот, финансиска стабилност, намалување на сиромаштијата, економски раст, еколошка свесност и свест за животната средина се непроценливи индикатори за тоа каде како нација треба да се фокусираме во следните неколку години.

Четири од овие вредности припаѓаат на првото ниво, нивото на опстанок. Истите покажуваат огромна потреба за нивно задоволување и тежнеење.

Моето лично мислење и препорака кон лидерите кои се грижат за напредок, развој и добробит на нашата нација е да фокусираат подеднаков број на финансиски средства и енергија во развојот на претприемништвото колку што се инвестира во привлекувањето на странски инвеститори. Само погледнете ги првите четири вредности на листата на посакувана култура: можности за вработување, грижа за идните генерации, квалитет на живеење и финансиска стабилност. Доколку на овие четири им ги додадете шестата – намалување на сиромаштијата и осмата вредност – економски раст, не треба да сте генијалец за да констатирате дека на нашиот систем му се неопходно потребни развој на претприемачки дух и финансиска остроумност или писменост.

Фокусот само на странски инвеститори не е доволен и нема да може да ги задоволи овие потреба. Енергијата за поддршка и развој на претприемачкиот дух е присутна и кај некои моментални лични вредности како амбиција, креативност и соработка.

За крај, финансиската писменост на Македонецот под итно треба да се подигне на ново ниво. Една и пол милијарди евра девизни резерви кои седат во народната банка и збираат базични камати е можеби најсигурниот но воедно и најмалку креативниот и најпасивниот начин за искористување на овој капитал. Ова најверојатно им одговара на само неколку конзервативни банки во државата.

Користејки ја креативноста и амбицијата за остварување на повисок економски раст и подобар квалитет на живеење лидершипот на Македонија има одговорност да изнајде иновативни и креативни начини потенцијалот да го претвори во вистински перформанси.

Времето за акција е сега и тука, или ќе се трансформираме и научиме да бидеме флексибилни и адаптабилни на хаотичното време кое владее во човештвотот (економијата) или ќе ја плаќаме цената на нашата сопствена култура. Изборот е наш.

Aвтор: Виктор Куновски е сопственик на консултантската куќа Коуч Ера и автор на книгата Values or Death. За повеќе детали околу управувањето со организациската култура и лидерските вредности, симнете ја неговата најнова книга на следниов линк www.skysithelimit.org.

Категории: Виктор Куновски Тагови: капитал, култура, лидер, мир, фокус

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·