Како организациите и нациите во иднина би можеле да го менаџираат својот најголем капитал доколку не го измерат?
Мерењето е важно, Ако неможете да го измерите, нема да можете да го менаџирате.
Robert S. Kaplan, David P. Norton, (The Balanced Scorecard)
Историски луѓето и компаниите не можеле да ги измерат невидливите работи како културата, вредности и однесувања. Истиве, го претставуваат културниот капитал на една организација и/или нација кој воедно претставува најголемиот капитал и моќ на истата.
Кон крајот на минатиот век, Ричард Барет ги креира таканаречените “Culture Transformation Tools” (CTT). Денес над 1000 компании во светот и се поголем број на региони и нации ги користат истите со цел да ги подобрат своите перформанси во сите сфери од своето работење и постоење.
Главните атрибути на овие алатки се:
– Го прават возможно претворањето на квалитативни податоци во квантитативни
– Тие претставуваат базичен инструмент за мерeње и мониторинг на промените кои се случуваат во организациската култура
– Го мерат културниот капитал во организацијата
Нивните бенефити ги потврдува студијата направена од страна на McKinsey & Company – (светски лидери во полето на бизнис консалтингот) во која СТТ биле користени паралелно со 30 структурни консултантски интервјуа. Студијата покажала дека СТТ алатките нудат далеку поразбирлива и попрецизна дијагноза и поверодостојни резултати за дел од цената на останатите. Тие нудат и претставуваат една од најпрецизните дијагностички алатки за мерање на вредностите и културата во системот.
Достапни се за мали и големи организации со цена иста без разлика дали мерите 100, 1000 или 5000 вработени онлајн.
Мерењето со СТТ исто така е достапно преку класична хартиена методологија. За да се изврши мерењето потребни се 15-20 минути. Резултатите од мерењето се достапни за 2-4 недели. Формата за пополнување е скроена по мерка за секоја организација.
Кој ги користи СТТ алатките?
– Лидерите и трансформативните консултанти кои сакаат да ја разберат културата и неопипливите вредности во организацијата,
– Лидерите кои сакаат да креираат вредности во организацијата и да формираат вредносно водени организации кои учат.
– Лидери и компании кои сакаат да креираат визија, мисија и вредности во организацијата кои ќе носат долгорочен успех во резултатите,
– Успешни организации кои сакаат да се подигнат на следното ниво на организациска ефективност, успешност и оддржливост,
– Компаниите кои сакаат да ги привлечат и да ги задржат најталентираните луѓе во своите редови и да создадат дологорочна оддржлива висока вредност за своите акционери.
За да се користи и разбере методологија позади СТТ алатките потребно е системско размислување и свесност дека организациите, нациите (системите) се живи комплексни целини. Тие се човечки структури кои функционираат како комплексни адаптабилни системи исто како и останатите живи организми.
СТТ алатките ја мерат организациската култура (вредности) на седумте нивоа на свесност кои постојат во секој систем/организација/нација. Тука би додал дека всушност сите луѓе и човечки групи на планетава растат и се развиваат во седум добро дефинирани стадиуми.
Секој стадиум се фокусира на одредена егзистенцијална потреба која е заедничка за човечките системи. Седумте егзистенцијални потреби се главните движечки сили за сите човечки работи. Нивото на раст и развој на сите структури на човечки групи зависи од способноста на лидерите да создадат услови кои им овозможуваат на членовите на групата да ги задоволат овие седум егзистенцијални потреби. Доколку тие потреби не се задоволат, тогаш свесноста на луѓето во групната структура ќе остане фокусирана на тие потреби се до нивното задоволување или накратко кажано, организацијата нема да го живее и достигне својот потенцијал и перформанси.
Краток опис на 7 нивоа на функионирање на системите.
Ниво 1: Опстанок
Главните области на фокусираност во организацијата од ова ниво на свесност се.
– профит и финансиска стабилност
– здравје и заштита на вработените (членовите на групата)
– просперитет, сигурност на групата
Негативната страна на ова ниво води кон искористеноста на вработените, невработеност, корупција и деградирање на животната средина и голем диспаритет во приходите помеѓу богатите и сиромашните. Оттаму произлегуваат криминалот и насилството, бидејќи оние кои се најблиску до опстанокот тежнеат да ги задоволат своите потреби на секој можен начин.
Ниво 2: Односи со луѓето
На ова ниво на свесност, фокусот е на подобрување на односите во организацијата/заедницата, преку квалитетни односи со клиентите, подобрена комуникација внатре и надвор во организацијата, разрешување на конфликтите помеѓу луѓето, создавање на чувство на припадост кое ги вклучува сите членови на организацијата (граѓани на заедницата). Нефункционалноста во оваа област води кон нееднаквост, конфликт и агресија, меѓуетнички/меѓурелигиски насилства, обвинување или неправеден третман на малцинствата или под-групите врз основа на полот, сексуалната ориентација, расата, итн.
Ниво 3: Само-почит
Областите на фокусираност во организацијата/заедниците кои функционираат од ова ниво на свесност се: воведување и спроведување на системи за мерење и менаџирање на ефикасноста, квалитетот и продуктивноста во организацијата, со цел да се зголеми самодовербата, добросостојбата и просперитетот на вработените/луѓето. Лимитирачките вредности во оваа област се бирократијата, неписменоста, потрошените ресурси и води кон генерално слабеење на самодовербата и квалитетот на резултатите во организацијата. На национално ниво слабоста на ова ниво генерира проблеми во пристапот до услугите и голема појава на криминални активности и недостиг на јавна заштита од нескрупилозните бизниси.
Ниво 4: Tрансформација
Фокусираноста на четвртото ниво на свесност е во насока на континуирано подобрување и учење, иновација, личен раст и развој, храброст и тимска работа. Ова е ниво на одговорно дејствување за доброто на целината и храброст во процесите на трансформација и адаптација.
Ниво 5: Внатрешна кохезија
На ова ниво фокусираноста е на продлабочувањето на внатрешната кохезија во организацијата/заедницата со фокусираност на соработка, отвореноста и транспарентноста, и оттаму создавање на атмосфера на доверба. На ова ниво има чувство за споделена визија и вредности каде вработените/граѓаните имаат своја улога во градењето на заедницата.
Ниво 6: Правење разлика
Шестото ниво на свесност се однесува на продлабочување на чувството на внатрешна кохезија во организацијата/заедницата кое започнува на ниво 4 и продолжува на ниво 5. На ова ниво големо значење има свесноста за значењето на природата и животната средина, грижата за локалната заедница, регионална соработка, давање на поддршка на луѓето преку менторство или коучинг, исполнетоста на вработените/граѓаните.
Ниво 7: Служба
Седмото ниво се надградува на сето ова преку внимание на вредностите како мудрост. човечност, етика и грижа за идните генерации. продлабочување и проширување на меѓународната соработка во однос на разрешување на проблемите на човештвото, и во исто време продлабочување на чувството на внатрешна кохезија кај нацијата преку поддршка на само-актуелизацијата на вработените/граѓаните и проширување на фокусираноста на општествената одржливост и одржливоста на животната средина, за да се вклучи и еколошката одржливост.
За крај на овој вовед во мерењето би додал дека најуспешните лидери и организации ќе бидат оние кои ќе успеат да креираат култура која ќе го опфаќа целосниот спектар на функционирње на сите седум нивоа на свеснот.
Aвтор: Виктор Куновски е сопственик на консултантската куќа Коуч Ера и автор на книгата Values or Death. За повеќе детали околу управувањето со организациската култура и лидерските вредности, симнете ја неговата најнова книга на следниов линк
Остави коментар