• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Драган Шутевски / Маркетинг план во седум едноставни реченици

Маркетинг план во седум едноставни реченици

20.09.2023 Категории: Драган Шутевски, Маркетинг

Сржта на секоја маркетинг програма на секој бизнис, па и на малиот бизнис е квалитетен маркетинг план. Мислам, дека како претприемачи често го избегнуваме и целокупно ги базираме нашите маркетинг активности на случајноста. На Претприемач.ком досега опфативме многу теми кои навлегуваат во проблематиката на маркетингот.

Во однос на маркетинг планот досега на Претприемач.ком пишувавме во три наврати:

• Бизнис план – Маркетинг план
• Маркетинг план како маркетинг средство
• Што треба да содржи маркетинг планот

Последното, се однесува на тоа што треба да содржи еден маркетинг план. Но, написот се однесува за маркетинг план онаков како што изгледа по книгите. Во тој маркетинг план опфативме 5 поднаслови:

• Резиме
• Анализа на пазарот
• Маркетинг стратегија
• Финансиски елемент на маркетингот
• Контрола.

Грешка која еден претприемач најчесто ја прави во маркетингот
Пред одредено време се одржа третата панел дискусија на The League of Extraordinary Minds еден од екпертите беше и Jay Conrad Levinson популарно познат и како „таткото на герила маркетингот“ и автор на бестселерот „Герила Маркетинг“. Едно од прашањата беше која е најголема грешка која претприемачите ја прават во маркетингот? Како најголема грешка тој ги издвои следниве две:

• немање на маркетинг план
• доколку претприемачот има маркетинг план не се обврзува да го исполни

Доколку сте претприемач и имате мал бизнис одговорете си на прашањето дали имате некаков вид на маркетинг план за Вашиот бизнис и доколку го имате колку го исполнувате?

Jay Conrad Levinson е и еден од креаторите на маркетинг кампањата на Marlboro во 1960-тите години кога Marlboro станува бренд број еден во светот од една просечна компанија. Оваа кампања се однесува на каубоецот со Marlboro. И ден денес Marlboro како бренд е препознатлив по тој каубој и цигара. Но, она што Jay Levinson го напоменува е дека тој маркетинг план не бил долг и компексен туку целосно обврзувачки за менаџментот и компанијата воопшто.

Она што можеме да го извлечеме од препораката на овој маркетинг експерт е тоа што не е важен изгледот или формата на Вашиот маркетинг план, туку важно е да имате едноставен кој секогаш ќе го исполните.

Маркетинг план во седум едноставни реченици
Овој маркетинг експерт, кој слободно можеме да го ставиме во еден од најголемите екперти во светот за маркетингот вели дека кога како консултант за компаниите бил најмуван секогаш предлагал едноставен маркетинг план во седум реченици и тоа за пет минути. Следниве седум реченици се однесуваат на еден таков маркетинг план:

1. Целта на маркетингот
Првата реченица се однесува на вистинската цел на Вашиот маркетинг. Одговорете на прашањето зошто ви е потребен маркетинг планот или која придобивка сакате да ја добиете од маркетингот.

2. Конкурентска предност
Втората реченица е конкурентската предност која сакате да ја истакнете за да потенцијалните потрошувачи преку Вашата маркетинг кампања направат нешто. Запрашајте се која е Вашата конкурентска предност во облик на бенефит на потенцијалните потрошувачи.

3. Целен аудиториум
Секој маркетинг има целен аудиториум кој треба да ја прими маркетинг пораката врз основа на која Вие како претприемач сакате потенцијалниот потрошувач да превземе некоја акција. Во една реченица претставете го тој целен аудиториум.

4. Маркетинг средства
Четвртата реченица е најдолга и всушност не претставува реченица, туку листа маркетинг средствата кои ќе ги користите за да ја исполните целта. На претприемач веќе неколку пати обработувавме различни маркетинг средства. Во книгата „Герила Маркетинг“ имате 200 маркетинг „оружја“ како што ги нарекува Jay Conrad Levinson.

5. Што претставувате Вие за Вашата пазарна ниша?
Оваа реченица треба да го претстави она што Вие како бизнис или пак како претприемач претставуваат за Вашиот пазар односно Вашата пазарна ниша.

6. Идентитет
Шестата реченица која треба да ја содржи секој маркетинг план согласно Jay Conrad Levinson е за Вашиот идентитет како претприемач и идентитетот на Вашиот бизнис.

7. Буџет
Последната, односно седма реченица е буџетот односно колку пари планирате да потрошите во одреден временски период за кој се однесува маркетинг планот. Во овој дел Jay предлага маркетинг буџетот да го изразите како процент од бруто продажба. На пример доколку имате 300.000 денари продажба и изберете 5% маркетинг буџет, тогаш значи дека ќе потрошите 15.000 денари за маркетинг на месечно ниво.

Дали нешто недостасува во овој маркетинг план?
Овој стил на маркетинг план ми се допадна веднаш, но бидејќи имам една мана секогаш да барам некој вид на подобрување во истиот забележав дека нешто ми недостасува. Во претходниот напис – Маркетинг план во седум едноставни реченици забележав дека една од грешките што ги прават претприемачите е да не го исполни планот што веќе го направил.

Доколку веќе имате маркетинг план и со тоа половина грешка веќе не е грешка поврзана со маркетингот, тогаш мора да се заколнете на тој документ дека ќе го искористите и спроведете онака како што сте испланирале во истиот.

Но, како да се заколнете? Ова едноставно ќе се случи доколку тој маркетинг план содржи, кој, што, каде, како и кога.

Во овие седум реченици имаме веќе одговорено на што и како. Но, недостасува кој и кога.

Дополнителни елементи на маркетинг план во седум едноставни реченици
Значи ги имаме следните елементи:
• Што – Конкурентска предност, Идентитет и она што претставувате Вие за вашата пазарна ниша.
• Каде – Целен аудиториум.
• Како – Маркетинг средства во вид на листа.

Ни недостасуваат следниве прашања во однос на маркетинг планот:

• Кој ќе биде задолжен за кое маркетинг средство
• Кога ќе биде спроведено секое маркетинг средство.

Значи двата дополнителни елементи кои што недостасуваат влегуваат во четвртата реченица од маркетинг планот – маркетинг средства. Па, оваа нема да биде реченица ниту листа туку едноставно една табела со 3 колони:

• Маркетинг средство
• Задолжена личност за спроведување на тоа маркетинг средство
• Датум кога ќе започне спроведувањето на тоа маркетинг средство

На ваков начин маркетинг планот ќе биде обврзувачки за лицата кои ќе треба да го спроведуваат.

Уште еден елемент кој недостасува
За крај уште еден многу важен, ако не и најважен елемент кој забележав дека недостасува во Маркетинг планот во седум едноставни реченици. Овој елемент е популарно наречен повратна врска – Feedback. Како ќе ја вршиме контролата во однос на тоа кое маркетинг средство е успешно, а кое неуспешно?

Овој елемент е значаен заради тоа што ќе ни овозможи да видиме кои маркетинг средства да ги исфрлиме, кои да ги подобриме и кои да ги замениме со нови. На ваков начин, реченицата 4 за маркетинг средства ќе има 4 колони во кои дополнителната од погоре колона ќе биде за успешноста на маркетинг средството.

Со еден ваков маркетинг план ќе имаме можност постојано да ги подобруваме нашите маркетинг активности. Всушност, како еден приказ на таа табела може да биде и маркетинг календарот кој го има како еден од десетте темплејти на Pretpriemac.com.

Aвтор: М-р Драган Шутевски е основач и уредникот на блог порталот Претприемач. За повеќе информации посетете го порталот Pretpriemac.com.

Категории: Драган Шутевски, Маркетинг

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·