Многу научни експерти ќе ви кажат дека едноставно немаме способност за повикување на факти, слики или настани, како што е тоа забележано во нашата фотографска меморија.
За жал, иако луѓето велат дека имаат фотографска меморија, тоа не е така, затоа што таа не постои.
Но не грижете се, бидејќи ние ќе ви ги покажеме чекорите кои ќе ви помогнат во унапредувањето на меморијата. После малку време и со малку вежбање, многу луѓе стануваат способни да меморираат нешто што им изгледало невозможно.
За да добиете мускулна маса мора да вежбате. Истото важи и за способноста за помнење на работите. На вашиот мозок му се потребни вежби.
Но, бидејќи нашиот мозок е многу сложен, потребен е многу напор за да се доведе во посакуваната форма. Но, најпрвин да се задржиме на делот кој објаснува како помниме.
Како ги помниме работите
Нашата меморија е активност која се одвива во мозокот за да ги повика информациите кои сме ги добиле преку искуство во нашиот живот. Тоа е сложен процес кој вклучува различни делови на мозокот и ни служи на различни начини. Може да биде долгорочна или краткорочна.
Со краткорочната меморија ќе забележите дека вашиот мозок е способен да складира одредени информации за/на неколку секунди или минути. За жал, проблемот со оваа меморија е што е многу кршлива, и затоа на долг рок не може да зачува сè што ќе прими затоа што нема место за тоа. Сечија краткорочна меморија може да складира до седум единици информација истовремено. На пример, можете да запомните телефонски број на неколку минути, но ако сакате да купувате онлајн, потребна ви е картичката за да видите кој е бројот бидејќи содржи повеќе од седум податоци.
Долгорочната меморија се однесува на информациите за кои вложувате напор да ги зачувате, свесно или несвесно. Ова се за вас важни или лични информации или пак се потребни за завршување на некоја задача. Сепак, постојат информации кои за да ги задржите во долгорочната меморија потребно е да направите свесен напор за да ги повикате, како што е на пример личната меморија која се однесува на специфични искуства или време од вашиот живот, уште позната како епизодна меморија. Или, пак ако се работи за фактографски податоци кои треба да ги повикате, во тој случај се работи за семантичка меморија.
Друг тип на долгорочна меморија е т.н. процедурална меморија со која ги повикувате вашите вештини или рутински работи кои ги користите и за тоа не ви е потребен свесен напор. Има е одредени делови од нашиот мозок кои се важни не само за организација на сите мемории туку и за помнење на сите мемории. Подолу се наведени тие делови на мозокот.
Hippocampus (хипокампус). Се наоѓа длабоко во мозокот и ја игра најголемата улога во обработката на информациите во мозокот како меморија.
Amygdala (амигдала). Изгледа како бадем сместена во мозокот која се наоѓа блиску до hippocampus-от и ги обработува човечките емоции. Оваа област помага да се вметнат мемориите во мозокот кои вклучуваат емоции.
Cerebral Cortex (церебрален кортекс) – Ова е надворешниот дел од мозокот каде што поголемиот дел од долгорочната меморија е сместена во различни оддели. Сè зависи од тоа каде одредени мемории се зачувани, согласно на информациите кои ги вклучува. Па така јазикот ќе биде зачуван во еден оддел, сензорите во друг, решавање на проблем во трет оддел итн.
Меморијата исто така вклучува комуникација помеѓу мрежата на неврони и клетки на мозокот кои се активираат преку хемиска реакција во мозокот, наречени невротрансмитери.
Како се создава меморијата
Како мозокот всушност стекнува, консолидира и повратно ги добива информациите кои ги ставил во нашата меморија?
1. Стекнување
Секоја нова информација која влегува во нашиот мозок поминува преку невронската мрежа и таму каде што треба да биде складирана. За да може мозокот да ја кодира оваа информација, вашата меморија треба да се концентрира и да се обиде да ја меморира. Во спротивно, ќе биде како да влегла од едно уво, а излегла од другото. Затоа и учителите бараат од учениците да посветат внимание на тоа што го слушаат.
2. Консолидација на мемориите
Бидејќи сте се концентрирале на сместување на информацијата во мозокот, хипокампусот сега ќе испрати сигнал до него да ја зачува во долгорочната меморија. Ова се случува многу полесно кога веќе имате некое предзнаење за одредена област на која се однесува информацијата или ако таа информација поттикнала емоционален одговор во вас.
3. Повикување
Кога доаѓа време да повикате некои делови од складираните информации, тогаш мозокот ги активира истите клетки кои биле иницијално ангажирани за складирање на информацијата. Ако е потребно почесто да повикувате една иста информација, тогаш тоа станува сè полесно и полесно.
Но како што старееме, нашата меморија почнува да опаѓа и има неколку причини за тоа, бидејќи како што се менува способноста на мозокот да задржува, така се менува и способноста за повикување на информациите од мемориите.
Прво, како што старееме, хипокампусот станува многу нежен, подложен на повреди и кршлив. Тоа влијае на нашата способност да ги задржуваме информациите.
Второ, почнуваме да губиме неврони, а ова влијае на активноста на невротрансмитерите и на другите рецептори да работат коректно.
Трето, со процесот на стареење, ќе искусиме намалување на дотур на крв во мозокот, а тоа значи помалку храна доаѓа до мозокот. Затоа активноста на мозокот на повозрасна личност е помалку ефикасна од активноста на помлада личност.
Но, овие промени се видливи во намалување на способноста на лицето да апсорбира, зачувува и повикува нови информации, а не како губење на меморија. Всушност, повеќето информации кои човекот фактички ги собрал во текот на животот остануваат во голема мерка недопрени, како што прави нашата процедурална меморија (ги повикува задачите и рутинските акции).
Но кај некои постари луѓе може да настане и проблем со меморијата ако тие боледуваат од Алцхајмеровата болест или затоа што имале удар или биле повредени или затоа што нема дотур на храна во мозокот.
Aвтор: М-р Гордана Андоновска е сопственик на центарот за развој на човечки потенцијали – Ин Оптимум. Таа е прв сертифициран обучувач за методот Power Reading Брзо Читање во Македонија. За повеќе информации посетете ја нивната веб страница http://www.brzocitanje.com.mk/.
Остави коментар