• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Коста Мицковски / Кој сум јас? Заменлив или незаменлив?

Кој сум јас? Заменлив или незаменлив?

20.09.2023 Категории: Кариера, Коста Мицковски

Пред извесно време до мене допре интересно прашање преку една од социјалните мрежи: Која е идеалната кариера на 21-от век?
Се насмеав и ментално си запишав дека со овој човек треба да испијам едно кафе. Ми се допадна, постави едноставно прашање, ми остави впечаток дека е човек кој размислува за својата кариера долгорочно.

Постои една клучна состојба на умот која во голем дел го одредува успехот кој ќе го постигнете во животот. Временската рамка која ја земате предвид кога чекорите низ животот извршувајќи ги вашите секојдневни активности. Ако сте човек кој размислува долгорочно, извесно е дека ќе постигнете поголем успех во животот во споредба со другите кои не размислуваат така.

На универзитетот Харвард беа извршени истражувања за тоа каков тип на луѓе стануваат финансиски независни во текот на својот работен век. Тие покажале дека луѓето кои планираат долгорочно се оние кои најбргу успеваат, а образованието, коефициентот на интелигенција и семејното минато се исто така важни, но не и одлучувачки фактори. Заклучоците покажале дека луѓето кои поставуваат долгорочни цели и распоред на акивности за остварување на истите, многу побргу доаѓаат до посакуваната финансиска независност, наспроти оние кои „живеат од ден за ден“.

Способноста за долгорочно планирање е една од карактерните особини на вистинските лидери во општествените кругови. Во еден свој говор за Втората светска војна Черчил ја објаснил конечната победа на Сојузниците над силите на Оската преку констатација дека Сојузниците подготвиле подолгорочен план за победа над противникот.. Германскиот план бил брилијантен,, но за жал не и доволно долгорочен. На крајот ја изгубиле војната, а “blietzkrieg” , стратегијата за молневита војна завршила.

Во нашето општество дури и зборот долгорочно најчесто не се дефинира правилно. Во контекст на личните финансии долгорочно значи над 5-7 години, додека во контекст на главните животни цели, овој период се протега во должина на работниот век на човекот.

Пред да одберете работа која понатаму ќе го обликува вашиот професионален идентитет, фокусирајте се долгорочно на вашата цел, вашата желба. Запрашајте се од што сакате да заработувате во наредните 5-40 години? Какви дополнителни вештини и знаења ќе биде потребно да стекнете со цел да напредувате на работното место?Или пак да опстанете? Каков профил на луѓе би сакале да ве опкружува?

И на крајот запрашајте се: „Дали сум незаменлив“?

Ова прашање ве засега независно дали живеете и работите во Македонија или во странство, без разлика на тоа каде ќе мигрирате географски во текот на својот живот. Ова прашање си го поставуваат оние кои размислуваат за своите животни цели во текот на долгорочен временски период.

Податоците покажуваат дека веројатноста да го задржите работното место денес, во светот и кај нас е драстично намалена. На почетокот на рецесијата, декември 2007, стапката на невработеност во САД изнесуваше 4.9%, а во ноември годинава, истата надмина 10%. Голем број фактори имаат влијание врз оваа стапка, но дали вие како единка сте во можност да изигрувате глушец обидувајќи се да смирите стада слонови?Дали сакате да го губите времето прашувајќи се кој е виновен за вашата заменливост?

Верувајте, одговорот што ќе го добиете е: Никој не е виновен, но вие сте одговорни!

Незаменливоста не е поврзана само со локалните економски трендови, многу поголемо влијание имаат глобалните технолошки трендови. Во информационата ера во која живееме, генерирањето и ширењето на информации расте со огромна брзина. Податоците велат дека човештвото секоја година заеднички генерира еднаков обем на нови информации колку во последните 5.000 години заедно.

Половина од наученото во прва година на факултет, е веќе неприменливо во трета. Веројатноста дека вашата диплома ќе има практична вредност за вас во градење на вашата кариера се намалува еднакво брзо како што растат количината на информации и бројот на нови технологии во светски и локални рамки. Дополнително, 10-те главни нови професии кои се бараат во 2010, не постоеле во 2004!

Од сето ова произлегува заклучокот дека главното прашање кое треба да си го поставите е: „Која е идеалната кариера за мене во 21-от век?“ Доколку вашиот одговор е: „Онаа која ме прави незаменлив“, вие сте на добар пат да ги поставите и остварите вашите долгорочни цели.

Прифатете ја реалноста и одлучете да бидете предвесник на промените, новите текови во бизнисот и едукацијата. Одберете да станете незаменливи!

Aвтор: Коста Мицковски генерален менаџер на Синергија Плус – Прва Агенција за финансиска писменост во Македонија. За повеќе информации за како помудро со личните финансии посетете го веб порталот на http://www.sinergijaplus.com/

Категории: Кариера, Коста Мицковски

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·