• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тим
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
    • Енергетска ефикасност
  • Автори
    • Весна Алексовска
    • Виктор Куновски
    • Гордана Андоновска
    • Гордана Гоџо
You are here: Home / Автори / Марина Анчевска / Коучирањето како моќна алатка

Коучирањето како моќна алатка

14.08.2017 By Ivan Pushev Leave a Comment

Како да ги зголемите вашите перформанси и да бидете уште подобри во она што го работите?

Што е тоа што луѓето ги прави успешни и зошто некои успеваат, а некои остануваат просечни?

Тајната е во тоа како се соочувате со предизвиците и како ситиуациите во кои се наоѓате делуваат врз вас? Колку свесно делувате во одредена ситуација и колку свесно ги поставувате вашите лични и професионални цели?

Зголемувањето на самосвеста и емоционалната интелегенција се клучот до успехот. Како едноставно да се зголеми свеста и да се надвладеаат емоциите?

Во светот веќе со децении коучингот е една од најбрзо растечките професии. За постигнување на посакуваните резултати било во спортот, бизнисот или индивидулани цели, коучингот се користи како техника за да можете успешно да го искреирате вашето животно дело.

Тоа е методологија која користи разни техники за да ве инспирира и да ве мотивира успешно да ги постигнете вашите цели. Доколку сакате свесно да ја развивате и да ја водите вашата компанија во правец на успехот, коучингот може да биде професионална подршка.

Коучингот ги разработува трите најзначајни животни прашања; кој сум, што можам и што сакам? Доколку сакате да ги постигнете вашите професионални цели неминовно е да започнете од истите животни прашања.

За да бидете среќни во она што го работите, важно е да го откриете балансот помеѓу вашиот живот и вашиот карактер.
Коучингот се ориентира кон балансирање на приватниот и деловниот живот, зголемување на самодовербата, справување со стрес, подобрување на комуникацијата, развивање на талентите, подобрување на релациите со другите луѓе, развивање на животна визија, поставување и остварување на предизвикувачки цели, како и во многу други значајни моменти од вашиот живот.

За кого е наменет коучингот?
Коучингот е корисна алатка за секој менаџер и лидер. Инвестирањето во коучирањето на вашите менаџери е повратна инвестиција. По завршувањето на коучингот тие се подготвени уште поефикасно да ги менаџираат тимовите и поединците и со тоа заедно успешно да ги постигнуваат организациските цели.

Извршен директор…дали сакате да бидете инспиративен лидер? Да ги кристализирате своите можности и избори? Кој е вашиот следен чекор? Дали успешно ги постигнувате поставените цели? Бидете мастер на вашиот сопствен развој и пораст.

Менаџер…дали сакате да ги активирате своите квалитети? Креативно да ги извршувате вашите задачи? Да ја зголемите вашата ефективност, а со тоа и ефективноста на вашиот тим? Да бидете инспиративен лидер?

Дипломат… дали сакате да ги усовршите вашите дипломатски вештини? Да го збогатите вашето дипломатско однесување? Да го усовршите вашето невербално и вербално комуницирање?

Професионалец…дали имате потреба од независен поглед на ситуацијата во која се наоѓате? Дали сакате да почувствувате повеќе самодоверба? Како да се справите со големиот број на обврски? Како да се мотивирате и со задоволство да ги извршувате работните обврски?

Лично…дали сакате интензивна и индивидуална помош при барањето на ново работно место или креирање на свој бизнис? Дали сакате да зачекорите во нов предизвик? Дали сакате да ги усовршите своите квалитети и таленти?

Коучирањето е за уметниците на животот. Бидете вие дизајнер на вашиот живот.

Не го сонувајте животот како што би сакале да го имате, туку живејте ги вашите соништа!

Како се изведува коучингот?
Коучингот е распорeден во 8 разговори од еден час и 30 минути.
Заедно со вашиот коуч вие ќе се фокусирате на најважните аспекти од вашиот живот, за да ги поставите и успешно да ги постигнете саканите цели.

Освестувањето на свесните и несвесните процеси во секојдневната комуникација со самите себе и со другите околу нас, го прават овој коучинг уникатен. Излегувањето од зоната на конфорот, може да биде најзначајниот дел од процесот на коучирањето.

Резултатите се гарантирани и целите се остваруваат на многу едноставен и суптилен начин.

Aвтор: Марина Анчевска е основач и сопственик на Ксантика – Агенција за комуникации. Таа го води овој уникатен концепт на коучирање и е сертифициран коуч за личен и професионален развој, со долгогодишно искуство во осмислување и подготовка на индивидуални и тимски програми. За повеќе информации посетете ја веб страната http://www.ksantika.com/

Filed Under: Коучинг, Личен развој, Марина Анчевска Tagged With: Дипломат, Директор, Коучинг, менаџер, Перформанси, Професионалец, Самосвест

Avatar

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

е-newsletter

Најновите експертски статии директно на вашата е-mail адреса...

Најнови статии

Професија Аниматор

Од Данка Дамјанов
на 24.04.2018

Од незадоволни до лојални купувачи

Од Славчо Бујароски
на 06.03.2018

Не можете да потрошите толку многу на своите вработени колку што тие можат да заработат за Вас

Не можете да потрошите толку многу на своите вработени колку што тие можат да заработат за Вас!

Од admin.statija
на 14.08.2017

Како да ја зголемиме емоционалната интелигенција

Како да ја зголемиме емоционалната интелигенција

Од Ivan Pushev
на 14.08.2017

Коучирањето како моќна алатка

Коучирањето како моќна алатка

Од Ivan Pushev
на 14.08.2017

Архива на статии

Теми

Јога Вработени Емоции Интелегенција Медитација Тимска работа вода деца дисциплина енергија живот инвестирање исхрана капитал клиент компанија комуникација контрола култура лидер менаџер мир мисли мозок организација пензија портфолио претприемништво продажба производ производство психологија работа развој ритам родители семејство содржина стратегија тест успех финансии фокус човечки ресурси љубов

Статија.мк © 2023 · Magazine Pro On Genesis Framework · WordPress · Log in