Конкуренцијата во привлекувањето на менаџери за работа во средните и повисоките нивоа стана посебно жестока. Преминувањата во овој сектор во земјите во развој се помеѓу 20 и 40% годишно, особено над меѓународниот просек од 6 %. Со тоа не е ни чудно што повеќето менаџери од оваа област не остануваат на својата работа подолго од две до три години.
Една промена на работното место пред извесно време го обиколи целиот свет. Кај–Фу Ли, поранешен потпретседател на “Мајкрософт”-Кина, премина во неговиот смртен ривал “Гугл”, за да им помогне во формирањето на истражувачки центар. Промената на работата му донесе на Ли, барем 10 милиони долари, но и судска тужба од страна на огорчениот поранешен работодавец. Овој спектакуларен случај е симптоматичен за пазарот на кој што правилата одново се пишуваат. Од една страна, компаниите низ цел свет им се додворуваат на најдобрите менаџери. Од друга страна, тие исти менаџери немаат скрупули во прифаќањето на понудите кои веројатно ќе ја зголемат нивната пазарна вредност.
Не помага апелирање за лојалност
Од една страна, причината за овие трендови е недостиг на квалитетни кадри на пазарот на трудот, а од друга страна новата самодоверба на многу вработени. Секогаш се во движење и во тек на своите кариери, собираат знаење и вештини кои можат да се користат кога и да заминат на друго место. Со други зборови, нивните таленти денеска се помалку врзани со некои компании отколку порано. Покрај тоа, компаниите во земјите кои имаат доволен фонд на паметни луѓе, соочени се со ист одлив на мозоци. Во САД, Бирото за статистика на трудот, откри дека работниците во просек остануваат само пет години во една компанија.
Според анкетата, која ја спровело Националното здружение на произведувачите, 80% од сите производни компании, истакнале дека постојано бараат висококвалификувани работници.
Анкетата на “он-лајн” компанијата за регрутирање “Степстоун”, покажала дека европските компании исто така се жалат на тешката ситуација на пазарот на трудот. На пример, речиси 40% од германските компании, тврдат колку тешко ги потполнуваат местата врзани со инженерската работа. Компаниите во Англија, вложуваат сè повеќе енергија во привлекувањето на дипломирани кадри од источна Европа, затоа што ги немаат доволно дома.
Компаниите нема да помогнат со апелирање на предаденост на вработените затоа што тие мораат да го прифатат новиот пристап и проактивно да се однесуваат кон самодовербата на висококвалификуваните вработени. Посебно, најквалитетниот кадар, ќе очекува од работодавците поткрепа за својот сопствен, професионален и личен развој.
При влезот на нов пазар, луѓето се највреден капитал
“Win-win” ситуација е клуч на успехот при влезот на нов пазар каде човечкиот капитал е највреден, но и најосетлив ресурс. Наспроти традиционалниот индустриски работник, висококвалификуваните стручњаци се сопственици на своите “капитални добра”. Управуваат со сопствените компетенции, таленти и потенцијали и нестрпливо сакаат да ги изострат. Вложувајќи во своите вработени, компаниите можат да добијат значајни компаративни предности. Не само дека ќе се искористи мотивацијата на своите вработени и нивната волја да преземат одговорност, туку и дека ќе ја уживаат и новата корпоративна култура, која станува сè повеќе лична, самодоверлива и ориентирана кон успехот. Особено во борбениот свет на економијата сè поголем е бројот на компаниите, кои ја идентификуваа оваа прилика, а очигледниот” недостиг” на талент им помага да создадат големи можности за раст.
Борба за локален талент
За да ги смират овие “неприлики”, компаниите се натпреваруваат во примамливите понуди и агресивните стратегии за привлекување. Во меѓувреме, борбата за локален талент е еден од најголемите ризици поврзани со факторот место. Според “Монстер”-интернет портал за барање на работа, повеќе од 800 илјади слободни места во Кина, не можеле да се потполнат поради неквалификуваноста на кандидатите, а сето тоа во земја со 800 милиони, работо-активни граѓани, и 3 милиони дипломци, секоја година.
Проблемот е во тоа што тренингот и образованието на “пониските” менаџери во Земјите во развој, заостануваат зад растот на економијата, во поглед на квалитетите и квантитетите, па овој јаз меѓу понудата и побарувачката може да застане на патот на економскиот успех, на кого растот му е од пресудна важност.
Преземено од: Неделен магазин Капитал
Остави коментар