• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Жарко Конески / Колаборативно работење

Колаборативно работење

20.09.2023 Категории: Деловна комуникација, Жарко Конески

Соработката на работното место (колаборативното работење) значи да се работи попаметно и да се постигнат поголеми ефекти. Тоа е особено важно за надворешната комуникација со партнерите, добавувачите и клиентите. Овој текст нема намера да даде целосен список на сите опции и технички достигнувања во моментов, туку да предложи неколку можности за подобра соработка и комуникација во канцеларија и надвор од неа.

Алатки за внатрешна соработка
Телеконференција е начин да се зборува со повеќе соработници во исто време користејќи телефон. Конференцискиот повик се закажува и организира од работното биро и може да се поврзат најмногу 8 говорници во исто време. Ова е поефтина варијанта од видео конференција.

Видео конференцијата им овозможува на корисниците комуникација во реално време со две или повеќе лица на различни локации преку видео врска. Ова е можно само ако сите учесници имаат пристап до видео конференциска опрема и простории. Се работи за виртуелен состанок преку кој соговорниците се гледаат и слушаат.

Вики (wiki) е вид интернет страница која му овозможува на било кој корисник да креира, уредува и организира веб страници. Тука се чува ревизијата на секоја страница и корисниците, ако сакаат, може да ги прегледуваат и да се вратат на било која претходна верзија на содржината. Се користат кога повеќе луѓе треба да придонесат во подготовка на содржината, и тоа може да бидат проекти, водичи, извештаи или други работни документи. Постои можност за ограничување на пристапот и правата за уредување на точно утврдена група на корисници.

Блог е тип на веб страница која содржи повеќе објави (постови), по датум и секогаш во обратен хронолошки редослед. Блогот вообичаено дава лични согледувања, приказни, размислувања и нови информации. Најчесто има еден автор, но може да има и повеќе соработници кои даваат содржина, а често овозможува на читателите да додаваат сопствени коментари на крајот на секоја објава.

Дискусиски форум е место каде се поставуваат теми за дискусија и други членови на заедницата се поттикнати да даваат коментари или одговори. Пораките се наведени по хронолошки ред или поврзани со прашањето-одговорот (ако корисник постави прашање, сите одговори се наведени под него).

Шеарпоинт (SharePoint) е алатка за соработка базирана на интернет пребарувач на која се сместени споделени документи и портал со специјализирани алатки како дискусиски форум, вики и блогови. На ова место соработниците може да ги чуваат сите заеднички документи и да ги уредуваат и менуваат по потреба.

Алатки за соработка со надворешни контакти
Интернет страница е вообичаено средство за презентација, информирање и комуникација со надворешниот свет и е незаобиколна во позиционирањето и претставувањето на она што го работите.

Систем за управување со контакти (Content Management System – CMS) е место за подобра координација со сите контакти по сектори и/или канцеларии. Сите податоци во системот се стандардизирани а комуникациските функции со контактите од базата се едноставни и лесни за користење.

Анкети и регистрација во онлајн опкружување за двонасочна комуникација со надворешни соработници и корисници. Анкетите лесно се подготвуваат, дистрибуираат до одбрани или отворени групи на корисници, обработка, известување и анализа на резултатите.

Мудл (Moodle) е систем за управување со учење и курсеви со користење отворен изворен код, исто така познат и како средина за виртуелно учење. Тоа е алатка за креирање на динамички интернет страници за сите кои треба да се стекнат со некакви знаења или информации.

Заедница на практичари од иста област (Community of Practice) е група на луѓе кои имаат заедничка цел за споделување информации и знаење за одредена област или тема поврзана со нивната работа.

Електронски билтен е периодика со информации за одредена дејност, индустрија, организација или проект и се споделува со поширока читателска публика по електронски пат.

Социјалните медиуми се почесто се употребува за зајакнување на врските со партнерите, соработниците, клиентите и корисниците и нуди можност за двострана комуникација и дијалог за широк круг теми и прашања поврзани со дејноста и индустријата која ја покривате.

Која алатка да ја употребите во дадена ситуација?

Ако не сте сигурни, варијантите дадени подолу може да ви помогнат во одлуката.

• Прашањето бара поголема дискусија, а сите засегнати страни се на иста физичка локација? Организирајте состанок.

• Сите соговорници не се на иста локација, а прашањето е едноставно и лесно може да се реши? Користете ја можноста инстант пораки (instant messaging).

• Сите колеги не се на иста локација, прашањето не е едноставно, но треба брзо да се разреши? Користете аудио и/или веб конференција. Во спротивно, може да развиете дискусиски форум.

• Треба да поставите конкретно прашање за кое ви треба одговор? Користете електронска пошта и/или телефон.

• Потребите за комуникација се посложени и/или бараат вклучување на повеќе од 5 соговорници, на пример? Одберете интерен шеарпоинт (SharePoint) или некоја друга интернет услуга. Друга опција е користење на вики интернет страница.

• Сакате да споделите информации во реално време, и истата е материјал кој може да се усвојува самостојно? Тогаш користете алатка за е-учење (на пример Moodle).

• Потребно е учесниците да се гледаат меѓу себе, а се на различни локации? Може да користат видео конференција или видео пренос преку интернет (video streaming).

• Информациите треба да се споделуваат во реално време и може да се широко достапни за поголема публика? Користете блог или објави на интранет страница.

• Немате интернет страница или блог, а треба да ја споделите информацијата пошироко? Тогаш користете електронска пошта.

Aвтор: Жарко Конески е раководител на конференцискиот центар при Британскиот Совет во Македонија. За повеќе информации посетете ја веб страната http://www.britishcouncil.org/macedonia.htm

Категории: Деловна комуникација, Жарко Конески

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·