Честопати можеме да го избегнеме расправањето со детето ако со него разговараме пријателски и со наклоност. Уште поважно е да знаеме што навистина сакаме од него. Сакаме ли да ја намести својата соба? Тогаш тоа треба да му го кажеме што е можно понеутрално. На пример: “Сега намести ја својата соба“, наместо “Може ли сега конечно да си ја наместиш собата“? Ако детето протестира, употребете го т.н. метод “расипана грамофонска плоча“. Повторете: “Јас разбирам дека сега баш не ти се средува. Но сега ќе ја средиш собата.“
Немојте да дискутирате за работи за кои вие веќе сте одлучиле, а за таа одлука имате добри причини. Ако сметате дека е нужно да се среди собата или пак сметате дека 20 часот е време кога детето треба да биде во кревет, не мора за таа тема веќе да зборувате. Меѓутоа, немојте да претерате со наредбите. Стилот на воспитување на детето кој се состои само од издавање наредби води директно кон бунтување. Или пак децата се затвораат во себе и ја прекинуваат комуникацијата со родителите.
Децата мораат да научат да донесуваат одлуки за да можат понатаму да се снајдат во животот. Давајте им можност почесто за тоа. Понудете им алтернативи (алтернативите се секогаш само две): Ориз или тестенини? Црвени или зелени чорапи? …Кога ќе одлучат, нека останат на својата одлука.
Развивајте ја фантазијата и употребете ја како помош. Прочитајте басна, бајка или легенда која говори за некој проблем. Понекогаш на детето е доволно да му ја прочитате или раскажете приказната и не е потребно за неа да дискутирате или да ја анализирате. Истата приказна ќе ја кажувате неколку дена по ред или на два-три дена кога ќе забележите дека тоа е потребно. Приказните се преполни со слики, а сликовитото изразување и зборува директно на душата на детето.
Разговарајте многу со детето. Колку детето може подобро да се изразува, толку ќе биде помала неговата потреба да се брани со викање, псовки и слично. Како што ќе напредуваат говорните способности на детето, ќе расте и способноста за ненасилно решавање на проблемите. А приказните и читањето играат голема улога во тоа. Читањето го проширува речникот и прави чувство за говорните нијанси.
Она што ја поттикнува способноста за соживување и разбирање на новото и непознатото и тоа на сосем поинаков начин од телевизијата. Во многу детски емисии и филмови на децата им се прикажува токму спротивното: како не би требало да се однесуваат во случај на конфликт: врискање, цвилење, удирање со врата или со дланките и оружје. Токму затоа треба да побараме алтернатива за да се подобри квалитетот на нашата комуникација со детето за да може детето со другите деца и со возрасните кои ги сретнува во животот да комуницира квалитетно.
Aвтор: Статијата е превземена од веб страната на центарот за развој на човечки потенцијали – Ин Оптимум. За повеќе информации посетете ја нивната веб страница http://www.brzocitanje.com.mk/.
Остави коментар