• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Преземено од / Неделен магазин Капитал / Како управуваат германските менаџери

Како управуваат германските менаџери

20.09.2023 Категории: Менаџмент, Неделен магазин Капитал

Квалитетот мора да е најдобар

Германија е една од економски најзначајните и најсилни земји во Европа и важен трговски партнер за многу земји во светот, меѓу кои и Македонија. Статистиката покажува дека Германија е втор трговски партнер на Македонија, со која годишно имаме трговија од околу една милијарда долари. Оттука, добро е да се знаат некои особености за начинот на кој се однесуваат и управуваат германските менаџери.

Вообичени стереотипи кои ги опишуваат Германците се дека тие се без смисла за хумор, агресивни се, се држат на дистанца, тврдоглави се и опсесивни кога станува збор за деталите. Кога станува збор за социјалниот живот, тие се конзервативци и конформисти. Германскиот менаџмент, како и многу други работи во Германија, влечат корени од средновековниот еснаф и трговската традиција, а денес за другите земји претставуваат квалитет и ефикасност.

Специфичноста на германскиот менаџмент се гледа во фокусираноста на две цели: квалитет на производот и квалитет на услугата. Овие менаџери сакаат нивната фирма да биде најдобра во смисла на општиот успех, а тоа го потврдува нивната изразена ориентација кон производот. Исто така, менаџментот го цени трудот и вложува труд во квалитетот на услугата, па честото прилагодување на потребите и желбите на корисниците ги прави задоволни и верните клиенти и иднината.

Овој принцип доволно зборува и за начинот на кој компанијата постигнува конкурентност на пазарот и тој може да се согледа низ изразот “Leistungswettbewerb”, кој се однесува на натпреварот на пазарот на квалитетни крајни производи, односно квалитетна услуга. Конкуренцијата е многу силна, но не е и деструктивна кон другите учесници на пазарот. Иако има многу компании кои се натпреваруваат во исти области, кај многумина од нив е изразено барањето за пазарен удел, а не целосна доминација на пазарот. Голем број компании, исто така, се натпреваруваат во одредени или специфични пазарни сегменти, а градењето позиција на пазарот преку ценовна борба не е вообичаено и се случува само во неопходни пазарноповикливи ситуации.

Техничари
Германските менаџери сe уште се генерираат од технички сектори, иако таа практика се менува во последно време. Во најголем број ситуации, менаџерите долго се задржуваат во компанијата и полека напредуваат низ компаниската хиерархија. Често се меѓу најплатените во Европа, но платите им се пониски во однос на нивните колеги во Америка.

Како главна карактеристика на германските менаџери се смета брзото реагирање во дадени ситуации, со многу висококвалитетно извршена работа, посебен вид посветеност и следење на целокупната работна ситуација. Следење и познавање на тоа што се случува во производната линија или како се одвиваат процесите во другите сектори е одлика дури и на сениор-менаџерите, иако вообичаено тоа не е нивна задача. Тие многу добро ја познаваат својата работна средина и затоа добро ги разбираат процесите вон неа. За разлика од англосаксонските менаџери, кои главно ги интересира финансискиот извештај и точните бројки, германските повеќе се посветени на самите процеси на производство. Последица на овој пристап кон работата е близок однос меѓу менаџерите и вработените, каде што и едните и другите веруваат дека заедно работат на создавање добар производ.

Во Германија постои соработка меѓу индустријата и државата, па затоа се преземаат координирани потези за решавање на важни прашања. Затоа, врз германскиот менаџмент големо влијание имаат државните стандарди, политиката и владината регулатива, а последица на тоа се изоставените и важни норми за производство. Овие норми (Deutsche Industrie Normen – DIN) се производ на соработка и консултација меѓу сите релевантни членови во индустријата за тоа како би функционирал целиот систем и би бил ефикасен.

Организација и комуникација
Германските менаџери посветуваат посебно внимание на планирањето, консултациите и ги земаат предвид сите бизнис-аспекти. Заради тоа, за нив се многу важни деталите, фактите и статистиката. Германците не сакаат неизвесност, ниту ризик кој не може да се квантифицира. Фокусот на деталите им обезбедува целосен увид во сите точки и е еден вид сигурност дека при одлучувањето се земени предвид сите информации. Тоа е типично и за професионалниот и приватниот живот на оваа земја и затоа добрата организација за Германците претставува избегнување или контрола на ризикот. Обично, ова се постигнува низ анализи кои се базираат на реални докази, а не на интуиција и чувство. На пишаните документи се гледа како на најбезбедни и најобјективни медиуми за анализа и извршување на работата.

Комуникациските стилови во работењето се директни, често кратки и секогаш со јасно дефинирана поента. Одредена формалност во комуникацијата е секогаш присутна, па кога станува збор за деловен разговор нема многу место за емоција и непотребни комуникативни содржини. Германците многу ја ценат својата приватност, прават јасна разлика меѓу приватниот и професионалниот живот, и често ги држат професионалните односи на дистанца. Меѓутоа, по период на подобро запознавање, бариерите меѓу вработените се отстрануваат и се развиваат пристојни односи. Недоразбирањата се решаваат со непосредна комуникација во формални, како и во неформални ситуации, но доколку недоразбирањето е на ниво на компанијата, посредува економската комора или индустриските асоцијации.

Бизнис-преговори
Многу битен фактор во бизнис-средбите и преговорите е точноста. Германските бизнисмени работат напорно, често се под стрес и многу прецизно го планираат своето време. Од деловните партнери и посетители се очекува да бидат точни, да не доцнат, но и да не доаѓаат порано, затоа што тоа има конотација на непочитување на туѓото време. Германците планираат однапред и состаноците со нив треба да се планираат две до три недели порано од договорениот датум за средба. Состаноците обично се одржуваат претпладне меѓу 11 и 13 часот, а во попладневен термин меѓу 15 и 17 часот. За договор на важни состаноци треба да се избегнуваат последните работни денови во неделата, како и месеците во кои годишните одмори се многу чести (јули, август, декември). Состаноците се формални, функционални и се држат до договорената агенда, вклучувајќи го почетокот, како и крајот на состанокот. На предвидените теми се преминува брзо и конкретно. Во текот на состанокот и по него, германските менаџери го анализираат сето изнесено на систематски и сериозен начин и затоа често се очекува сите пишани документи или предлози да бидат изложени со висок степен на разумност и рационалност, а понекогаш и со научен поглед.

Одлуките се носат полека и методски и затоа ваквиот процес не треба да се забрзува или да се врши притисок врз другата страна. За време на носењето на одлуката, единствено логичките заклучоци базирани на емпириски докази ќе се сметаат за релевантни. Шармот и продажните техники не играат голема улога кај Германците, туку само фактите кои презентираат добра можност со минимален ризик. Кога еднаш ќе се донесат одлуките, многу ретко се менуваат.

Преземено од: Неделен магазин Капитал 

Категории: Менаџмент, Неделен магазин Капитал

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·