Интелигенцијата за која се зборува често, иако неоправдано, придава многу повеќе важност на нашата бистрина и интелектуална способност. Таа интелигенција (IQ) се нарекува когнитивна, техничка, работна, ладна… Додека оваа интелигенција се стекнува со раѓање и во текот на животот останува непроменета, емоционалната интелигенција во еден дел ја наследуваме со гените, но поголемиот дел се учи.
Учењето на емоционалната интелигенција започнува од раното детство, во родителскиот дом, преку влијание на разни одгледувачко-образовни установи, како и пошироки социјални заедници. Психолозите се согласуваат дека за успех во животот неопходна е когнитивна интелигенција, како и некои други особини на личноста кои ја прават емоционалната интелигенција.
Споредувајќи ги достигнувањата на луѓе со ист коефициент на когнитивна интелигенција, се покажало дека се значајно поуспешни оние поединци кои имаат развиена емоционална интелигенција. Емоционалната интелигенција не е спротивна туку само различна, комплементарна способност во однос на когнитивната интелигенција. Често сме сведоци на исклучително паметни, интелигентни луѓе кои немаат некој особен успех во животот. Личности со многу висок коефициент на интелигенција може лошо да управуваат со својот живот и да донесуваат погрешни одлуки.
Особини на луѓе со висок степен на емоционалната интелигенција
Лица со висок коефициент на емоционална интелигенција особено јасно и без страв зборуваат за своите чувства, не дозволувајќи да ги преплават негативни емоции (тага, лутина, страв, срам, вина, беспомошност, зависност од други луѓе) и да владеат со нив, заинтересирани се за чувствата на другите, ја разбираат и невербалната комуникација, неуспехот не им претставува препрека да продолжат понатаму и да почнат одново, не се мотивирани од материјални работи , односно работат првенствено заради сопствен успех, а не поради пари. Емотивно интелигентните луѓе нема да биде лесно да се збунат. Тие ретко се жалат за нивните одлуки или дејства, и е многу добро се справуваат со стресот. Тие ги прифаќаат предизвиците и умеат да се справат со нив и под притисок, имаат голема доверба и знаат да ја признаат нивната вредност. Обично се поздрави и повеќе задоволни со животот.
Особини на луѓе со низок степен на емоционалната интелигенција
Лица со низок коефициент на емоционална интелигенција обично не превземаат одговорност за сопствените чувства, туку вината ја префрлаат на други (“Ти си виновен затоа што сум тажна”, “Ти си причина за мојата неволја”), ретко се во состојба да кажат зошто се чувствуваат онака како што се чувствуваат , склони се кон критикување и наредување. Таквите личности не зборуваат за сопствените чувства, склони се кон поттиснување на емоциите, што по одредено време може да резултира со бес, бурна реакција за ситници, избегнуваат емоционална блискост, не водат сметка за чувствата на другите луѓе, несигурни се, тешко признаваат грешки, ретко се извинуваат, склони се кон деструктивни мисли кои доведуваат до развој на негативна и незгодна емоционална состојба, не прифаќаат одговорност за сопствените постапки. Тие личности се склони кон тоа да се прикажуваат како вечни жртви, претерано се песимисти или оптимисти, склони се кон откажување на првата препрека, ригидни се и крути.
Како да се зголеми емоционална интелигенција?
1 – Научете како да ги препознаете чувствата. Секогаш појаснете си ги сопствените чувства. Често запрашувајте се “како се чувствувам?”, а ако чувствувате мноштво различни емоции обидете се да ги разграничите. Но, никогаш не претерувајте и никогаш не ги минимализирајте своите чувства.
2 – Превземете одговорност за своите чувства. Никогаш не барајте вина во другите за она што го чувствувате и постојано да се прикажувате себеси како жртва. Препознајте ги сопствените емоции и обидете се да сфатите реално зошто навистина тоа го чувствувате.
3 – Предвидете ги вашите чувства. Научете ги вашите начини на реагирање во одредени ситуации и избегнувајте да правите работи што се инспирирани од негативни чувства.
4 – Прашувајте ги другите како се чувствуваат. Вие не можете да знаете како некој се чувствува ако не го прашате, освен ако имате исклучително развиена емпатија. Во секој случај морате најпрво да ги разберете емоциите на соговорникот за да би можеле да сочувствувате со нив. Слушајте го соговорникот внимателно и без предрасуди.
5 – Бидете помалку чувствителни. Ако некој каже нешто со кое не се согласувате, немојте веднаш да го нападнете затоа што тие реакции само покажуваат како не можете да се справите со критика. Наместо тоа заблагодарете се на искреноста и извлечете ја позитивната порака.
6 – При решавање на проблемите, размислувајте длабински и согледајте го проблемот од сите аспекти. Кога ќе се случи нешто лошо и мислите дека целиот свет ви се урнал, размислете за тоа колку вашиот проблем е навистина сериозен. Колкава важност ке има за 10 години? Десет месеци? Десет недели? Десет минути?
Мерење на емоционалната интелигенција
За разлика од IQ и EQ е тешко да се измери. Сепак, истражувачите се развија неколку начини на мерење,а најпознат е оној на израелскиот психолог Reuven Bar-On.
Тој ги дефинира следните критериуми:
Интраперсонална скала – покажува како човекот се гледа себеси дека и колку е тој способен да идентификува различни емоции во исто време. Оваа категорија исто така ја мери самодовербата, независноста и самосвесноста на личноста. Интраперсонална скала – Се однесува на односите на личноста кон други луѓе во однос на две најважни работи:
1. Емпатија – способност на личноста да ги препознае и доживее туѓите емоции
2. Друштвена одговорност – свест за делување на личноста во насока на отстварување општо добро.
Интерперсонални односи – Ја мерат способноста на личноста да создаде и да задржи обострано задоволство во односите со другите, со голема доза на интимност и искреност, разбирање на туѓите проблеми, потоа толеранција, флексибилност.
Скала која се однесува на стресното доживување и реагирање – Покажува колку е некоја личност способна за снаоѓање во стресни ситуации и контролирање на импулсивни реакции.
Скала на расположение – Емоционално интелигентните луге се посреќни и со пооптимистицки поглед кон зивотот, бидејќи добро се справуваат со негативните чувства.
Важна улога во секојдневниот живот
Емоционалната интелигенција, односно, поинаку кажано, социјалната интелигенција, има огромна улога во животот на секој човек. Таа придонесува до задоволство во животот, дава можност за лесно и успешно соработување со другите луѓе и создавање на богати и квалитетни социјални мрежи. Емоционалната интелигенција овозможува изразување на потребите на другите луѓе, а ни овозможува и на нас самите полесно да се носиме со конфликтните ситуации без преголем стрес и нарушување на хомеостазата на организмот.
Емпатијата, како еден вид емоционална интелигенција која подразбира способност за препознавање на туѓите емоции, допринесува кон успех на работа, но и во животот општо. За жал кај нас луѓето се уште немаат навика да одат на психолог или психијатар за да работат на сопствениот раст и развој кој секако подразбира и работа на емоционална интелегенција.
Со развивање на одредени комуникациски вештини, учење на соочување со проблемите, фрустрациите и стресот, развивање на самоиницијатива, учење на носење со емоциите кои произлегуваат од проблематични ситуации секако дека би допринеле за развој на квалитетен живот од кој би биле целосно задоволни.
Aвтор: Нела Јолеска е менаџер за развој во Стипико и основач на Facebook групата Извор. За повеќе информации посетете ја страната на групата.
Остави коментар