Наместо тоа, кратко образложете ги своите постојни обврски и понудете алтернативен начин или термин на работниот ангажман. Кажете го тоа на начин така што нема да звучи дека се понижувате или сакате да ги избегнете обврските
Многумина се нашле во ситуација да мора да преземат врз себе преголема количина задачи, а биле присилени да му угодат на надредениот, инаку во спротивно, ризикуваат разни неслужбени санкции. Но, ако секогаш без приговор ги исполнувате барањата на своите челници, ќе се создаде автоматизам на прелевање на задачите кај вас. Потоа, тука е и прашањето на вашето здравје.
Преговори
Ако не смогнете сила да кажете “не”, стресот ќе ви расте до невидени граници. Како да ги одбиете додатните задачи, без да ви забележат шефовите и без да го ризикувате работното место? Најдобра тактика е да избегнувате судир со шефовите.
Грубото одбивање би ги срушило мостовите помеѓу вас и раководството и би ги навело повлијателните менаџери да ве земат на пик. Наместо тоа, кусо образложете ги своите постојни обврски и понудете алтернативен начин или термин на работниот ангажман. Кажете го тоа на начин така што нема да звучи дека се понижувате или сакате да ги избегнете обврските. Со тек на време, одбивањето ќе ви оди полесно. Само запомнете дека тоа треба да го правите промислено, така што налогодавецот ќе има впечаток дека сериозно сте го разгледале неговото барање.
Тактики како да кажете “не”
• Доколу причина за одбивањето е пренатрупаност на вашиот работен распоред, понудете размена на задачи и преземање на нова работа наместо некоја што во моментот ја правите. Има добри изгледи дека шефот ќе проба новата работа да ја префрли на друг.
• Доколку шефот упорно инсистира токму вие да ја преземете новата задача, направете список на сите ваши останати обврски и замолете го прецизно да назначи од која од нив ве ослободува за да ви создаде простор за новата.
• Доколку е проблемот само во временскиот теснец, пробајте да го наговорите шефот да ви го продолжи рокот за извршување на новата задача. Бидејќи менаџерите обично се нетрпеливи кога се работи за распоредување на задачите, најверојатно ќе побара некој друг да ја заврши новата работа.
• Не наведувајте приватни обврски како пречка за извршување на работните задачи. Работодавецот не сака да знае со што сè се занимавате надвор од работно време.
• Доколку имате дополнителни капацитети за работа, но конкретната задача ви е неподнослива, понудете соработка на некое друго подрачје. Така си создавате одлично алиби, затоа што очигледно е дека не сакате да побегнете од работата, туку да вложите труд на поинаков начин.
• Чувајте го одбивањето за оние работи за кои навистина немате сила или време. Ако верувате во она што го зборувате, ќе зрачите со одлучност и веродостојност која полесно од глумата ќе го поколеба шефот.
Преземено од: Неделен магазин Капитал
Остави коментар