• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Драган Шутевски / Интересна дефиниција за Маркетинг Успех

Интересна дефиниција за Маркетинг Успех

20.09.2023 Категории: Драган Шутевски, Маркетинг

Би сакал овој напис да дадам еден коментар на една навистина интересна дефиниција до која што дојдов преку третата панел дискусија на The League of Extraordinary Minds. Дефиницијата е од страна на Sergio Zyman, основач на Zyman Group и поранешен шеф на маркетинг одделот на Coca Cola. Кога станува збор за маркетинг Coca Cola ни е навистина познат случај. Тој како единствена дефиниција за маркетинг успех ја издвојува следнава:

Маркетинг успех претставува да продавате повеќе на повеќе луѓе, почесто, за повеќе пари и поефикасно.

Во една кратка реченица кажано сè за тоа кога Вашите маркетинг активности можете да класифицирате како успешни. Да ги разгледаме одвоено.

1. Зголемување на продажба
Нормално, дека првата цел на спроведување на маркетинг активности е да ја зголемите продажбата на Вашиот бизнис. Инаку зошто би спроведувале едни такви активности.

На пример, имате продажба од 1.000 парчиња месечно кои ги продавате по 500,00 денари и тоа е приход од 500.000,00 денари месечно. Доколку започнете некоја маркетинг активност би требало да дојдете до 10% зголемување за да продавате 1.100 парчиња кои по 500,00 денари ќе ви донесат приход од 550.000,00 денари. Тоа се 50.000 денари поголем приход.

2. Зголемување на бројот на купувачи
Всушност Вие со маркетингот привлекувате внимание на потенцијални купувачи од кои дел ќе станат вистински купувачи. Маркетингот како што е прикажано во горниот пример довел нови купувачи кои купуваат дополнителни 100 парчиња производи од Вашиот бизнис.

3. Зголемување на фреквенцијата на купување
Освен на претходните зголемувања целта на маркетингот е да ја зголемите зачестеноста на купување од страна на купувачите. Ова значи купувачите да се враќаат, и не само тоа, туку да се враќаат почесто да купуваат. Со исполнување на оваа цел ќе успеете само да ја зголемите продажбата. Да кажеме од горниот пример дека продажбата се зголемува за уште 10% (1210 парчиња), при што ќе имаме приход од 605.000,00 денари. Тоа се 105.000 денари повеќе од пред маркетинг активноста.

4. Зголемување на цена
Една многу важна цел на маркетингот е да успеете да изградите бренд кој продава висококвалитетни производи и услуги па Вашите производи и услуги да бидат поскапи од нормалните.

Да го земеме претходниот пример и да успееме да продаваме исто со повисока цена од да речеме 550 денари за парче. Така ќе имаме приход од 665.000,00 денари што е за 165.000,00 денари повеќе од пред маркетинг активноста.

5. Зголемување на ефикасност
Овде се мисли на зголемување на ефикасноста и ефективноста на маркетинг активностите. Во превод тоа е да се спроведат вистински маркетинг активности, на вистински начин со што ќе се постигнат најдобри резултати. Вообичаено еден просечен мал бизнис спроведува неколку маркетинг активности одеднаш. На пример, има радио реклама, дели брошури и има сопствена веб страна. Тука прашањето е дали овие маркетинг активности се оние вистинските и дали, доколку се вистинските се спроведуваат на вистински начин.

• Дали радио рекламата е соодветна за нашиот бизнис?
• Дали брошурата е соодветна на нашиот бизнис?
• Дали веб страната е соодветна за нашиот бизнис?
• Доколку радиото е соодветно за нашиот бизнис дали сме ја избрале вистинската радио станица?
• Доколку брошурата е соодветна за нашиот бизнис дали ја делиме на вистинските луѓе – таргетирани потенцијални клиенти?
• Доколку веб страната е соодветна за нашиот бизнис дали правиме доволно за да имаме повеќе таргетирани посетители?

Одговорите на овие прашања ќе дадат одредени насоки за да увидиме дали нашите маркетинг активности се ефективни и ефикасни. Сè она што ќе содржи одговор во вид на НЕ или пак МОЖЕБИ ќе треба да се поправи или замени со друга маркетинг активност.

Зошто ова последното. Секоја маркетинг активност има своја цена на чинење. Така да ако продолжиме со нашиот пример каде остваривме повеќе приход од 165.000,00 денари и доколку имаме профитна маржа од 20% тоа значи дека имаме добивка од 33.000,00 денари.

Дали маркетинг активностите од овој пример доколку чинат 35.000,00 денари ќе бидат ефикасни? Секако дека одговорот ќе биде не во целост. Целосна филозофија во маркетингот е да со најмалку вложени пари ги максимизирате резултатите на претходните 4 цели на една маркетинг активност.

Затоа разгледајте ја секоја ваша маркетинг активност преку еден ваков аспект со поставување на следниве прашања:

• Дали таа маркетинг активност ми ја зголеми продажбата во одреден временски период?
• Дали таа маркетинг активност го зголеми бројот на купувачите во одреден временски период?
• Дали таа маркетинг активност ми ја зголеми фреквенцијата на купување во одреден временски период?
• Дали таа маркетинг активност ќе ми дозволи да ја зголемам цената?
• Дали таа маркетинг активност е ефикасна?

Aвтор: М-р Драган Шутевски е основач и уредникот на блог порталот Претприемач. За повеќе информации посетете го порталот Pretpriemac.com.

Категории: Драган Шутевски, Маркетинг

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·