Финансирање на нова опрема- од компјутери до телефонски системи до капитална опрема и други инструменти кои ви требаат за водење на бизнисот – е голема работа за многу мали фирми. Лизинг, наместо купување може да биде рентабилна опција, особено ако немате пари на рака, а ви треба опрема.
Впрочем, треба да размислите за лизинг и покрај тоа што имате пари за инвестирање. Со лизингот, можеби ќе заклучите дека можете да располагате подобро со својот готовински тек, затоа што имате предвидливи, редовни месечни рати наместо една голема сума за исплаќање. Освен тоа, лизингот може да ви помогне да избегнете давање пари за кредити, и со тоа ќе можете да ги искористите парите за нешто друго.
Како функционира лизингот
Кога ќе потпишете договор за лизинг, ги назначувате правата за опремата на закуподавачот. Закупецот ја поседува опремата и ви ја дава на располагање во замена за плаќањата што ги извршувате. Има неколку начини за да обезбедите опрема преку лизинг. Меѓу највообичаените се следните:
• Одберете сами опрема и потоа побарајте финансии преку закуподавач. Одберете опрема од добавувач, и потоа подгответе договор за лизинг за таа опрема со фирма за лизинг. Според ова сценарио, обично сè уште ќе добивате услуги и поддршка за опремата од добавувачот, а не од закуподавачот.
• Одберете опрема со тоа што ќе работите со малопродажник или производител кој нуди лизинг преку сопствено претставништво. Штом се договори цена за набавка, вашиот добавувач ќе ја пренесе сумата во цена за лизингот, врз основа на условите кои сте ги побарале.
• Набавете опрема директно преку закуподавач. Ако го одберете овој начин ќе работите со фирма за лизинг за да откриете што ви треба и што можете да си дозволите. Лизингот и опремата според ова сценарио, доаѓа од закупудавачот. Ако одберете да ја набавите опремата преку закуподавачот, можеби повеќе ќе сакате да ја купите прво опремата, а потоа да го загатнете прашањето за лизингот. Фирмата што дава лизинг најчесто не е и фирмата што ќе ви обезбеди технички информации.
Придобивки и негативности од лизинг
Следат некои од прашањата за кои треба да размислите кога барате опрема на лизинг:
• Сопственост – Најочигледната негативност на лизингот е тоа што откога периодот за лизинг ќе заврши, вие не ја поседувате набавената опрема. Секако, ова може да биде и предност, особено со опрема како што е компјутер, каде што вашите технолошки потреби можат брзо да се менуваат.
• Вкупен трошок- Лизингот е скоро секогаш поскап од купувањето, под претпоставка дека не ви треба заем за да ја изведете набавката. На пример, тригодишен заем за компјутерски систем од 50.000 денари ќе ве чини вкупно 72.000 денари.
• Наоѓање средства- Договорите за лизинг се обично полиберални отколку заемите. Од една страна од банката ќе ви побараат извештаи за последните 2-3 години пред да ви одобрат заем, повеќето фирми за лизинг ја бараат кредитната историја за пократок период (6 месеци е вообичаено). Ова може да биде значајна предност за почетен бизнис.
• Готовински прилив- Ова е најголемата придобивка од лизингот. Елиминира големи, еднократни трошоци кои можат да го исцрпат вашиот готовински прилив, ослободувајќи фондови за секојдневни потреби.
• Даноци- Лизингот скоро секогаш дозволува да ги сметате парите за опрема како трошоци, и тие да бидат одземени од оперативните трошоци. Од друга страна, купувањето може да ви овозможи да одземете вредна опрема во годината во која е купена (како дел од трошоците за првата година): на сe што е над таа сума му се намалува вредноста во текот на следните години. Со одбивањето на трошоците за првата година, „вистинската вредност“ на компјутерски систем значително може да се намали.
• Технолошки потреби- технологијата се равива многу брзо. Ако купите компјутерска опрема која не е во моментот највисока технологија, можеби веќе за две до три години таа ќе застари, а нема да има некоја значителна продажна вредност. Со лизингот можете да си дозволите нова опрема уште на почетокот и да останете на врвот на технолошките достигнувања. Од друга страна пак, ако во вашата фирма има пракса на пренасочување на опремата, во оддели каде што постарата опрема ги задоволува потребите, можеби повеќе ќе ви одговара да ја купите.
На кои услови да обрнете внимание во договорот за лизинг
Следат некои од прашањата кои треба да ги разгледате кога преговарате за лизинг, или кога го ревидирате вашиот договор за лизинг:
• Должина на лизинг – Ова најчесто се нарекува „период на лизинг“, кој обично трае помеѓу 12 и 36 месеци. Што е пократок периодот на лизингот, вашите рати ќе бидат повисоки. Триесет и шест месеци е типично време за компјутерски лизинг, иако можеби ќе сакате да разгледате и дваесет и четири месечен лизинг за да бидете во тек со технологијата. Трошокот за дванаесет месечен лизинг е обично нелегално висок, и многу експерти препорачуваат да се разгледува оваа опција само ако се има многу добра причина за тоа.
• Вкупниот трошок – Анализирајте ги вкупните трошоци за целиот период на лизингот. Ова вклучува почетни депозити, месечни плаќања, обезбедување, трошоци за осигурување, услуги/ трошоци за поправки и сл.
• Одредба за прекин на договор – Ова ви дозволува да го прекинете својот договор, иако ќе треба да платите некаква казна за тоа. На овој начин, ако го затворите бизнисот, ако ја промените дејноста или повеќе не ви треба опремата, нема да бидете обврзани за целиот период на лизингот.
• Пренос- Дознајте дали можете да го пренесете лизингот на друго лице, и ако можете, колку тоа ќе ве чини.
• Замена за помодерна опрема – ако технологијата брзо се менува, можеби ќе сакате да размислите за оваа опција. Ова ќе ви овозможи да ја осовремените или замените вашата опрема, за да не „заглавите“ со застарена опрема.
• Сервис и одржување – дознајте дали како дел од лизингот добивате и план за сервис и одржување, и ако добивате, тогаш дознајте за колкав период. Ако имате само една година сервис за поправки на самото место на опремата, можеби ќе сакате да го продолжите времетраењето на лизингот; во спротивно, ќе бидете одговорни за сите поправки по првите дванаесет месеци. Исто така, водете сметка во договорот јасно да стои кога ќе се изведе сервисирањето (идеално, следниот работен ден)
Кога лизингот не е лизинг
Прочитај го текстот со малите букви на секој лизинг договор што го потпишувате. Има и лизинг договори кои се сметаат за набавки – тоа значи дека нема да можете да ги одбиете вашите месечни отплати. Капитална набавка е всушност онаа каде е задоволен еден од следните критериуми:
• Добивате „откуп за багатела“ каде што на крајот од договорот ја купувате опремата за симболична сума.
• Ја најмувате машината за 75% од нејзиниот употреблив век
• Вкупната сума што ја трошите за перодот на лизингот е еднаква на повеќе од 90% од пазарната цена на машината. Имајте предвид дека плаќањата вклучуваат надоместок и данок на продажба, и тие треба да се одземат за да ја утврдите вистинската цена што ја плаќате за опремата.
Преземено од: Јошевски Консалтинг www.jk.com.mk
Остави коментар