• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Преземено од / Неделен магазин Капитал / Зошто менаџерите дејствуваат

Зошто менаџерите дејствуваат

20.09.2023 Категории: Менаџмент, Неделен магазин Капитал

Повеќето врвни раководители се умни и далековиди. Зошто тогаш не реагираат доволно брзо за да одговорат на промените?

Во недостиг на подобра идеја, компаниите најчесто се потпираат врз она што успевало во минатото. Она што претходно помогнало нивната организација да стане профитабилна сигурно повторно ќе успее, зар не? Погрешно, порачува Доналд Сал, професор на Харвардската бизнис школа. Формулите засновани врз претходните успеси честопати застаруваат, од низа причини кои всушност се изненадувачки предвидливи.

Активна инерција
“За да успее во бизнисот, секој менаџер мора да носи одлуки и да презема акции што можат да и помогнат, но и да и наштетат на организацијата”, вели Сал во книгата “Заживување на најспособните: Зошто добрите компании стануваат лоши и како големите менаџери ги преобразуваат”. Врз основа на неговите обемни глобални истражувања во низа индустрии – од компјутерите до банкарството – Сал во книгата ги идентификува проблемите со кои се сретнуваат менаџерите при создавањето на стратегија за иднината.

За повеќето компании, големите промени во секторот се ретки. Најголемиот број на организации се сретнуваат со бавни, постепени промени, што умните менаџерите лесно можат да ги предвидат. Па зошто тогаш не успеваат брзо да реагираат? Според Сал, повеќето врвни менаџери се далековиди и методични, активни и посветени на работата, интелигентни и вешти. Но, нивната неефикасност во соочувањето со промените во секторот не се должи само на често наведуваните пречки од типот на недоволните ресурси. “Менаџерите стануваат жртви на сопствениот успех. Оваа состојба ја нарекувам активна инерција, а се однесува на тенденцијата на менаџерите да одговараат на фундаменталните промени со активности кои биле успешни во минатото”, вели Сал.

На пример, кога “Фајерстон” почна да стагнира по пронаоѓањето на радијалните гуми, менаџерите на компанијата реагираа преку зголемување на истите активности што успевале и дотогаш. “Фајерстон” ја прошири постојната технологија, произведуваше повеќе гуми со истата опрема, а во постоечките фабрики – од кои некои беа вишок – се работеше со полна пареа. Но, тоа не и помогна на компанијата да ја отстрани заканата од радијалната технологија, туку само ги продлабочи проблемите. Компаниите не треба да внимаваат само на промените во технологијата. Промената може да дојде и во облик на измени во регулативата, навиките на потрошувачите, како и вкупната конкурентска динамика.

Ризици и стапици
Менаџерите треба да внимаваат на следниве ризични фактори за активна инерција. Ако вашата организација има четири или повеќе од нив, постои голем простор за загриженост:

• Компанијата може да се пофали со супериорни резултати. Тогаш менаџерите се навикнуваат на статус квото и мислат дека ја откриле формулата за успех, па не треба да бараат алтернативи.

• Генералниот директор се појавува на насловните страници на магазините и на телевизиите. Тоа може да доведе до самозадоволство и претенциозност.

• Аналитичарите ја оценуваат вашата компанија како извонредна. Примерот на “Диџитал еквипмент”, “Кодак” и “Венг лабораторис” е поучен.

• Подигнувате споменици на сопствениот успех. Одолејте му на предизвикот да изградите нова административна зграда, како знак за вашата победа.

• Генералниот директор напишал книга. Формулата за успех станува јавна и подоцна е потешко да се промени.

• Вашите врвни раководители се слични. Компанијата нема да биде отворена за промени ако сите менаџери исто мислат и имаат исти погледи за бизнисот.

• Вашите конкуренти работат во истиот град. Во некои случаи, не само една компанија туку цела заедница на фирми се држи до иста формула за успех: Акрон со автомобилските гуми, Детроит со автомобилската индустрија, Шефилд со челикот, Швајцарија со часовниците.

Преземено од: Неделен магазин Капитал

Категории: Менаџмент, Неделен магазин Капитал

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·