И покрај тоа што email маркетингот стана многу популарна алатка за промовирање на продукти и услуги, некои компании сеуште се воздржуваат да го користат бидејќи не се информирани за придобивките кои тој може да им ги донесе.
Ниска цена
Email маркетингот е еден од најефективните форми на рекламирање. Email маркетинг е трошок за проширување на буџетот за маркетинг кој секој може да си го дозволи. За разлика од директната пошта, кај него скоро и да нема продукција, печатање или поштенски трошоци. На интернет се достапни голем број сервиси и решенија кои се лесни за користење. Тие овозможуваат да се избегнат трошоци за креативност и дизајн. Email маркетингот е дваесет пати поевтин спореден со трошоците за директната пошта.
Ефективност
Email маркетингот ви овозможува поактивно да комуницирате со вашите сегашни и идни купувачи, наместо пасивно да чекате да се вратат и повторно да го посетат вашиот веб сајт.
Глобална достапност
Друга предност во однос на другите медиуми е што не е ограничена на одреден регион односно за само неколку минути можете да стигнете до кое било лице на кое било место во светот.
Брза реакција
Еmail маркетингот предизвикува брза реакција кај читателите. Откако ќе ја прочитаат пораката, на читателите не им е потребно многу време за да превземат следен чекор. Повикот за акција може да биде многу јасен: “Кликнете овде доколку сакате да имате предност за оваа понуда”, или “за да научите повеќе за овој сервис…”, или “за да го посетите овој настан…”. Доволни се само неколку кликови за да потврди нарачката, додека другите медиуми нудат испраќање писмо, телефонски повик или одење во продавница. Одговорот на одредена кампања го добивате во рок од 48 часа од времето кога пораката првично е испратена.
Мерливост
За разлика од другите маркетинг средства, резултатите од email кампањи се лесно мерливи. Резултатите се изразуваат како “број на отворања”, што кажува колкумина ја виделе вашата понуда или електронски весник, или “стапка на кликови”, што кажува колкумина кликнале на линковите во вашата порака или кој кликнал на овие линкови.
Едноставност
Постојат веб-базирани продукти за email маркетинг за мали и средни бизниси. Најголемиот дел од нив поседуваат професионални обрасци (темплејти), сегментациони листи и можности за таргетирање. Сами можете да ги користите овие сервиси и да креирате и испраќате електронски весници, промоции и соопштенија дневно или неделно. Пораката истовремено се испраќа до илјадници читатели.
Дополнително може да имаат и механизам за следење и известување, како и опција за автоматско испраќање во претходно утврден термин. Така, ќе бидете слободни да се сконцентрирате единствено на содржината на вашиот весник, додека остатокот од работата ќе биде завршена од некој друг.
Долг животен век
Email маркетингот има подолг животен век отколку социјалните медиуми како што се Twitter или Facebook бидејќи на овој начин пораките стигнуваат директно во електронско сандаче на примателот. Испратените пораки се отвораат само неколку часа откако ќе се испратат, кога корисниците ќе го проверат своето сандаче.
Публика
Со Email маркетинг можете интернет корисниците да ги насочите кон вашата веб страница. На тој начин се зголемува сообраќајот на вашиот веб сајтот и се промовираат неговите содржини. Така постојано ќе се зголемува кругот на вашите посетители.
Одржувањето постојана комуникација со вашите сегашни и потенцијални купувачи ќе Ви помогне да стекнете доверба кај вашата публика. За разлика од другите медиуми, email маркетингот дозволува да се насочите кон одредена група која е најадекватна да стане ваш корисник.
Потенцијални купувачи
Посетителите се интересираат за вашите продукти или услуги, но може да не се спремни да ги купат веднаш. Кога ќе се одлучат за купување, полесно ќе се сетат на Вас. Може да си отворат нова email адреса за да ги архивираат вашите пораки за во иднина.
Вкрстена продажба
Преку email маркетинг можете да ги информирате вашите купувачи за други продукти или услуги за кои би можеле да бидат заинтересирани. Секој маркетинг микс треба да вклучи и email маркетинг кампања.
Aвтор: Дејан Спасески
Остави коментар