Зошто жените ретко се наоѓаат на врвот на хиерархијата?
Во современиот свет, жените се најмоќниот придвижувач на глобалниот економски раст. Во последните неколку децении сè повеќе се вработуваат жените за разлика од мажите чиј процент е опаднат. Зголемувањето на вработувањето жени е резултат на промената на карактеристиките и видот на работата. Се намалува бројот на побарувања за работници во индустријата (кои се традиционално мажи), а се зголемува бројот на работни места во секторот на услуги. Тоа ја смалува потребата за физички работници и донекаде ја изедначува положбата на половите на пазарот на труд. Меѓутоа, жените не напразно влегле во сферата на бизнисот, тие всушност од секогаш работеле, само што тие работи биле врзани со куќата и грижата за децата, односно не биле платени, а со самото тоа и не се јавувале во службените статистики.
Наспроти тоа што жените денес во развиениот свет ја сочинуваат речиси половина од работната сила (ако ги земеме во обѕир и домашните обврски, во тој случај и повеќе од половина), а постигнуваат и значително подобри резултати во образованието од мажите, на високите хиерархиски позиции се наоѓаат вкупно 8% жени. Заедно со сево ова е и податокот дека на истите работни позиции и со истиот степен на одговорност жените зарaботуваат 1/3 помалку од своите машки колеги. Иако постојат некои светски исклучоци (компании како IBM и General Electric) тоа и понатаму се само исклучоци кои го потврдуваат правилото
Феноменот на „стаклен таван“
Овој термин за прв пат се појавил во весникот Wall Street Journal пред околку 20 години со цел да ги опише пречките кои ги спречуваат жените да го достигнат самиот врв на хиерархиското стебло. Стручњаците сметаат дека постојат три главни причини за постоење на овој феномен.
1. Машко екипирање и исклучување на жената од неформалната мрежа во внатрешноста на компанијата, а сите се сложуваат дека вмрежувањето е еден од главните предуслови за напредување.
2. Предрасуди за неспособноста на жената за лидерство, заради што мажите кои го сочинуваат мнозинството во управните одбори, не сакаат да постават жени на повисоки и поодговорни позиции.
3. Недостаток на примери. Имено, постојат многу жени на високи позиции кои на останатите би им дале пример како треба да работат. Постои уште една важна причина за постоење на феноменот „стаклен таван“ а тоа е семејството. Поголемиот број од жените, во некој момент, ја прекинуваат својата кариера како би се посветиле на раѓање и растење на своите деца. После тоа многу е тешко да се вратите на кариерата од таа точка каде што сте застанале, поради постојаната и сè поголемата конкуренција. Заедно со тоа е и непишаното правило дека жените после породилното отсуство се помалку платени отколку порано. Затоа, тие обично го напуштаат работното место во старите компании и основааат свој “мал бизнис“. А има ли начин да се скрши „стаклениот таван“?
Иако овој проблем е препознаен пред цели 20 години, и постојат многубројни истражувања кои укажуваат на тоа дека за голем дел од светскиот економски раст се одговорни токму жените – работите сепак многу бавно се менуваат!
Дури се уште е распространета појавата родителите повеќе да се радуваат на раѓањето на машко дете отколку на девојче!? Една од причините е таа што родителите веруваат дека синовите подобро ќе се грижат за нив бидејќи ќе имаат поголеми финансиски средства. Иако за оваа претпоставка треба добро да се размисли. Девојчињата имаат подобри оценки во школо, во развиените земји повеќе жени отколку мажи завршуваат факултет, а тоа значи дека за извршување на нови работи (за кои треба повеќе мозок од мускули) жените ќе бидат поспособни од мажите. Некои статистики укажуваат на тоа дека жените знаат подобро да ги вложат парите, односно имаат поголем повраток на средствата од мажите.
Наспроти сето тоа, жените и понатаму се најмалку искористениот светски ресурс. По мислење на одреден број економски стручњаци, вработувањето на што поголем број жени ќе донесе решавање на многубројни бизнис проблеми. Но, тука се јавува стравот дека со вработувањето на жените, ќе се намали стапката на наталитетот. Прашањето, колку овој страв е оправдан, ако земеме во обѕир дека земјите во кои поголемиот број од жените работат (Шведска, САД), имаат повисока стапка на наталитет отколку земји во кои жените најчесто остануваат дома (Јапонија, Италија). Исто така се мисли дека вработувањето на жената, негативно ќе се одрази врз воспитувањето на децата, но истражувањето спроведено неодамна во САД и овде, го покажува спротивното. Таму порастот на вработените жени се одразил на помалку занимавање со домаќинските работи, жените имаат помалку слободно време и помалку спијат, но посветуваат исто внимание на децата како и невработените жени.
Во иднина, подобро образованите жени ќе заземат повисоки функции во компаниите. Тоа не е само прашање на еманципирање и еднаквост меѓу половите туку е за општо добро на бизнисите. Научно е докажано дека жените се подобри во извршување на повеќе работи истовремено, во изградувањето на тимовите и комуникацијата. А познато е и дека во решавањето на проблемите поуспешни се мешовитите тимови, за разлика од тимовите сочинети од припадници на ист пол.
Кога станува збор за дополнително вложување на работа, мажите ги мотивираат парите, бонусите и повластиците, а на жените им е важно во какво опкружување работат, добар однос со надредените и постигнување на добри резултати.
И покрај сето тоа, потенцијалот на жените не е искористен во доволна мера. Во неразвиените земји се уште е голем бројот на невработени, а во развиените недоволно се искористени нивниот потенцијал и вештини, а сето тоа го кочи и економскиот раст. Минатогодишната студија на светскиот економски форум, покажува јасна врска помеѓу еднаквоста и БДП– по глава на жител. Бидејќи тој јаз помеѓу половите нема да исчезне сам по себе, компаниите би морале сами да се замислат и да пронајдат начини подобро да го искористат потенцијалот кои го имаат во вработените жени. Веројатно тоа би било флексибилно работно време, помош после трудничкото отсуство или нешто слично. Занемарливо малку труд, со обѕир на тоа дека тоа ќе доведе до зголемување на приходите.
Значи вложувањето во образованието на девојчињата и жените повеќекратно би се исплатело, (особено кога неразвиените земји се во прашање), не само на работен туку и на социјален план: образованите жени израснуваат образовани деца. А подобрите резултати во бизнисот, исто така би можело да се постигнат со зголемување на бројот на жените во извршната власт. Жените се склони кон трошење на буџетските пари за подобрување на здравјето, образованието, инфраструктурата и положбата на сиромашните, а далеку помалку се склони да го фрлаат парите на автомобили реклами исл.
Преземено од: Вработување NEWS
Остави коментар