Ниеден квалитет на меѓучовечки односи во организацијата, денес кога се соочуваме со најголемите предизвици, не е поважен од довербата која е изградена помеѓу лидерот и членовите на неговиот тим.
Моќта е исто како и силата, неограничена и колку повеќе луѓе ја имаат во организацијата, таа е сè помоќна. Зошто? Затоа што луѓето не губат време и енергија на чување на својата моќ, туку на употреба на енергијата за поголема продуктивност. Затоа што поединците кои чувствуваат се поголема моќ имаат се поголема самодоверба, а тоа се одразува на нивните деловни успеси во преговарањето и во продажбата. Моќта, секако треба, да се дава за истата да се зајакне. Тоа е законот на продуктивноста.
Кога ги зајакнувате другите, ризикувате малку, но истовремено добивате многу низ изградбата на довербата и создавање и зголемување на моќта на вашиот тим. Точно, вие ја делите својата моќ за да ја зголемите. Услов за тоа е довербата на лидерот во вработените. Создадете атмосфера на доверба и дајте им на своите вработени капацитет за делување, тогаш и тие ќе инвестираат своја сила во вашата визија. Со себичното чување на авторитетот губите авторитет во очите на вработените и моќ на постигнување на заедничките резултати со драматично смалување на вашата штета.
Лидерот мора да ги истакне вредностите на својата организација
Вредностите што ги носите со себе се основа за управување со вашите одлуки и однесувањето. Тие влијаат на сите односи во кои влегувате, на вашата кариера, на подигање на семејството и милиони други одлуки со кои се среќавате дневно. Вредностите во некоја рака се морален компас со чија помош ги препловувате световите во својот живот. За лидерот е необично важно јасно да ги истакне вредностите што неговата организација или секторот треба да ги презентираат.
Фокус прашања:
• Дали ја надгледувате и двапати ја проверувате секоја акција на вашите луѓе на кои им допуштате да го почувствуваат вашиот микроменаџмент на дело?
• Дали сте направиле листа на вредности во вашиот тим и организација и сте продискутирале со своите луѓе?
• Дали ги преземате грешките на вашиот тим на својот грб и ги охрабрувате да се обидат одново?
По што ќе бидете познати и ќе останете запаметени? По чесноста, вредната работа, иновативноста, врвната емпатија за клиентите, развојот на секој поединец? Кога ќе се здружат вредноста на искажаните зборови и вредностите покажани на дело вие демонстрирате интегритет и вашата организација може да смета на долгорочен успех. Кога вредноста и акцијата не се совпаѓаат или се наоѓаат во конфликт, просто кога зборувате едно а кога правите друго, тогаш демонстрирате хипокризија и вашата организација не може да смета на долго траење. Интегритетот е најзначајна состојка на сите успешни луѓе и организации.
Изградба на довербата
Звучи како лесна задача: сè што треба да направите е да изградите доверба меѓу луѓето со кои управувате. Но, сите лидери знаат дека тоа ни малку не е лесна задача. Овие пет совети можат да ви помогнат успешно да ја извршите:
1. Направете го она што сте рекле дека ќе го направите. Основа за изградба на кредибилитетот меѓу луѓето е држење до ветувањето кое сте го дале.
2. Понудете секогаш малку повеќе од она што се очекува. Префрлањето на очекувањата додава нова вредност на односите и гради доверба.
3. Бидете доследни. Ако сте доследни луѓето можат да ги предвидат акциите кои ќе ги преземат и тоа создава чувство на сигурност и доверба.
4. Зголемете ја одговорноста на вработените. Еден од најбрзите начини да се изгради довербата меѓу луѓето е да им ја зголемите одговорноста. Луѓето знаат дека преземате ризик верувајќи во нивните способности и тешко дека нема да ве разочараат. Кога ќе успеат тоа ја зголемува нивната доверба во вас и вашата во нивната способност и лојалност.
5. Прифатете ги нивните грешки со добри намери. Луѓето се учат на грешките и лидерите кои немаат капацитети да ги прифатат туѓите грешки ги намалуват шансите на нивните тимови да учат и да напредуваат. На крај, преземете ги грешките на тимот на свој грб како вистински лидер, затоа што тоа е една од најмоќните активности за изградба на довербата на вашите луѓе.
Превземено од: Неделен магазин Капитал www.kapital.com.mk
Остави коментар