• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Преземено од / Вработување NEWS / Добриот тим најдобро функционира

Добриот тим најдобро функционира

20.09.2023 Категории: Вработување NEWS, Тимска Работа

Во денешниот деловен свет се става голем акцент на потребата за тимската работа и за соработката меѓу вработените – квалитетниот тим стана идеал кон кој што тежнеат сите организации. Но, дали тоа навистина е така, или работата, без оглед на сè поголемото претпочитање на тимската работа, главно се сведува на самостојно вршење на работата? Дали тимската работа е секогаш најдоброто решение или пак е губење време?

Одговорот е помеѓу овие две крајности – тимот функционира најдобро кога, покрај добрата соработка меѓу членовите, секој го врши својот дел од работата самостојно. До пред неколку децении деловните цели главно се постигнуваа преку самостојна работа, а улогата на тимот беше првенствено информативна, додека, пак, денес целта на тимот е постигнување на што е можно поголема ефикасност во работењето.

Во тимот настануваат креативни идеи, проблемите се разгледуваат од неколку перспективи, соработката и кохезијата на групата ги зголемуваат потребата за остварување на заедничките цели и чувството на припадност на организацијата, а со тоа и задоволството од работата. Но, треба да се нагласи дека тоа е опис на идеалниот тим, а таквите во практиката се ретки, пишува Ивана Делач Хорватинчиќ во Business.hr.

Често се случува дел од членовите на тимот да вложува голем труд во остварувањето на заедничките цели, додека еден или повеќе членови го користат само нужниот минимум од своите способности, волја и енергија за работа. Таквата дифузија на одговорноста влијае негативно врз комуникацијата во тимот, работниот ентузијазам брзо паѓа, и наместо него се јавува фрустрација. Бидејќи успехот се припишува на тимот, а не на неговите поединечни членови, помалку мотивираните членови тоа може да го искористат за да вложат минимален труд за резултатот што ќе го постигнат благодарејќи на активните, мотивирани членови.

Како да се реши овој проблем?
Прво, успешноста на тимот во најголема мера зависи од водачот. Ако водачот на тимот има високи очекувања од членовите, ја поддржува нивната работа, им поставува јасни цели, ги мотивира и навремено им дава конструктивни повратни информации, тимот ќе биде поуспешен. Таквиот водач ќе знае да ги препознае јаките и слабите страни на поединечните членови и во согласност со тоа им доделуваат задачи, и полесно го модерираат заедничкото носење одлуки.

За да го постигне тоа, водителот треба да има развиено комуникациски вештини, а успешноста на тимот зависи и од меѓусебната комуникација на членовите. Информациите треба да се даваат редовно и да бидат достапни за сите, изразувањето мислења треба да биде поткрепено со аргументи, а евентуалните конфликти треба да бидат конструктивни и нивната крајна цел треба да биде решавањето на проблемот. Задачите, пак, треба да бидат погодни за тимска работа и разновидни, а членовите на тимот треба да ги доживуваат како значајни и за тимот, и за организацијата во целост. Членовите на тимот би требало да бидат слични според некои карактеристики, и различни според други.

Во практиката често се покажува полезно доколку членовите на тимот се слични според когнитивните способности и склоноста за тимска работа, а различни според своите вештини и професионални знаења. На тој начин секој член може да ја понуди својата единствена перспектива во решавањето на задачата, како сложувалка во која секој дел е подеднакво важен за целата слика. Меѓутоа, притоа треба да се внимава комбинацијата на знаењата и вештините на членовите да биде во согласност со целите на тимот.

Од сето ова произлегува следниов заклучок – најдобро функционираат оние тимови во кои задачите се распоредуваат во согласност со знаењата, способностите и интересите на членовите. Добриот тим, всушност, е составен од поединци што во заедничките задачи учествуваат рамномерно, секој во својот дел од сложувалката, а задачите, што се соодветни на нивните специфични знаења, ги решаваат самостојно. Добриот тим значи насочување на самостојните постигнувања кон заедничките цели, а квалитетот произлегува од стручноста и квалитетот на работењето на членовите на тимот.

Преземено од: Вработување NEWS

Категории: Вработување NEWS, Тимска Работа

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·