Вашиот пат кон здравјето, задоволството и успехот во работата и приватниот живот
Можноста да го доживуваме светот околу нас зависи од нашето здравје. Многу од нас не се свесни за своето тело се додека не почне да боли, да е гладно или повеќе да не го собира во алиштата! И за многуте од нас последно на што би се сетиле би била јогата.
Но, јогата е таа преку која што можете да го подобрите физичкото и менталното здравје. Јогата ќе ви овозможи да ја зголемите вашата креативна продуктивност на работно место и вашето време да го користите ефикасно. Со јогата креирате повеќе простор помеѓу вашите растрчани и дефокусирани мисли, така што засекогаш ќе креирате рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот.
Личниот развој и работата на себе, се најдрагоцени алатки за успех во животот. Јогата придонесува многу во успешното остварување на личните и професионални цели.
Бенефитот од секоја јога позиција и свесноста за дишењето, на животот му даваат перспектива. Јогата помага при фокусирањето на мислите што е важно во секоја ситуација, било да е состанок, презентација, спортски натпревар или воопшто во секоја ситуација од секојдневниот живот.
Ние знаеме дека кога мислите се стресни тогаш и стомакот е нервозен. Кога стомакот е нервозен и целиот циркуларен систем исто така ќе биде под стрес. Затоа Јогата и релаксацијата се од големо значење за здраво функционирање на целиот организам.
Јогата може да ви користи за подобрување на сите здравствени потреби, како и за намалување на стресот, зголемување на креативниот потенцијал, подобро спиење и физичка флексибилност. Бенефитот од целосно абдоминално дишење е од огромно значење за функционирањето на целиот организам, ментално и физички. Со правилно дишење ја зголемувате вашата концентрација, интуитивноста и станувате вешти и креативни во проблематични ситуации.
Кога вежбате јога, телото е во релаксирана состојба т.е. ја намалува активноста на симпатичниот нервен систем, а ја зголемува на парасимпатичниот. Зголемување на парасимпатичните функции го намалува срцевиот ритам и активноста на нервниот систем, ги релаксира мускулите и телото природно се регенерира, а со тоа се зголемува чувството на сензибилност и свесност.
Телото во релаксирана состојба ќе покаже и балансиран крвен притисок, како и нормално излачување на стресните хормони, адреналин и кортизол.
Доколку подолго време сте изложени на стрес, сипатичниот нервен систем е постојано активиран. Што значи дека: дишењето е забрзано, градно и кратко, намален е процесот на варење на храната, срцето забрзано отчукува, крвта посилно циркулира и крвниот притисок е висок, мускулите се затегнуваат, зголемено е излачувањето на адреналинот и телото ви е постојано во состојба на опасност и стрес. Тоа води кон намалена концентрација, дефокусираност, несоница, ментална нестабилност, депресија, пренагласена емотивност, зголемување на телесната тежина, намален имунитет и многубројни физички заболувања кои настануваат поради долготрајна изложеност на стрес.
Само еден мал збир на истражувања за бенефициите од Јогата:
Физички бенефит | Ментален бенефит | Физиолошки бенефит | Однесување |
Ја намалува физичката реакција на стрес | Ја зголемува концентрацијата | Го зголемува капацитетот на белите дробови | Ја зголемува самодовербата |
Ја подобрува физичката кондиција | Ја зголемува меморијата | Го балансира крвниот притисок | Ја намалува депресијата |
Ја зголемува флексибилноста на телото | Ги зголемува перформасите и креативниот потенцијал | Го балансира дигестивниот систем | Ја зголемува емоционалната интелегенција |
Ја зголемува релаксираноста на мускулите | Ја зголемува интуицијата и свесноста | Го детоксифицира организмот | Ја зголемува отвореноста кон нови предизвици |
Ја намалува тежината | Помага при креирање на цели и остварување на истите | Ја зголемува циркулацијата | Ја намалува напнатоста и нестабилноста |
Ја зголемува мускулната маса | Ја зголемува кардиоваскуларната ефикасност | Го намалува чувството на вина | Го зголемува имунитетот |
Направено е истражување кај група студенти од кои еден дел вежбале 4 пати неделно (10 мин. техники за дишење, 15 мин. загревање на телото и 50 мин. физички јога позиции), а еден дел биле само набљудувани. После 8 недели кај студентите кои што вежбале јога, утврдени се следните подобрувања:
– Цврстината на мускулите е зголемена за 31%
– Издржливоста е зголемена за 57%
– Флексибилноста е зголемена за 188%!
– Капацитетот на дишење бил зголемен за 7%, што е навистина многу за само 8 недели јога
– Значително им биле зголемени концентрацијата и меморијата
– Покажувале одлични резултати во решавање на различни тестови
Извор на информацијата: University of California Venice 2002
Ref Structural Yoga therapy by Mukunda Stiles
Јогата ви помага подобро да го чувствувате вашето тело и да се фокусирате во сегашниот момент. Планирањето на иднината започнува во сегашно време. Фокусирајки се во сегашниот момент вашата можност да се справите со промените е поголема.
Јогата ви овозможува успешно креирање на иднината и остварување на саканите цели.
Јогата може да биде вашата алатка која што ќе донесе позитивна промена во вашиот живот. Што чекате?
Јогата со децении е секојдневна навика на секој успешен бизнисмен, спортист, политичар и на секој човек кој што свесно се грижи за своето ментално и физичко здравје. Потребни ви се само 30 минути од вашето работно време за да инвестирате во вашето здравје и во здравјето и продуктивноста на вашите вработени. Бизнис Јогата ја креира и зголемува позитивната работна атмосфера, што всушност претставува ваша повратна инвестиција. Бизнис Јогата не инсистира ниту една филозофија или духовна религија. Бизнис Јогата се фокусира само на здравјето на телото, правилното дишење и релаксирање на умот.
Има неколку главни причини за инвестирање во Бизнис Јогата:
1. Вашите вработени се продуктивни и задоволни
2. Се намалува работниот стрес
3. Се подобрува меѓусебната комуникација како и взаемното прилагодување во работната атмосфера
4. Го подобрува балансот помеѓу работата и приватниот живот
5. Ја зголемува креативноста и мотивираноста на вработените
6. Ја зголемува концетрацијата и ефективноста на работењето
7. Го зголемува потенцијалот на вработените
8. Вие инвестирате во здравјето на вашите вработени и вашата компанија
Како изгледа еден 30 минутен Бизнис Јога час на вашето работно место:
1. Вежби за истегнување зависно од можностите на вашето тело и работните задачи кои што ги извршувате.
2. Техники за дишење со цел да се намали стресот.
3. Техники за зголемување на концентрацијата.
4. Техники за релаксација.
Предупредени сте дека – ако не сакате вие и вашите вработени да бидете среќни, здрави и со зголемено работно задоволство – не ангажирајте Бизнис Јога!
Aвтор: Марина Анчевска е основач и сопственик на Ксантика – Агенција за комуникации. Таа е интернационален сертифициран Јога учител и тренер за Бизнис Јога и ја води оваа индивидуална и уникатна програма. За повеќе информации посетете ја веб страната http://www.ksantika.com/
Остави коментар