• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Марина Анчевска / Динамична Бизнис Јога

Динамична Бизнис Јога

20.09.2023 Категории: Јога, Марина Анчевска

Вашиот пат кон здравјето, задоволството и успехот во работата и приватниот живот

Можноста да го доживуваме светот околу нас зависи од нашето здравје. Многу од нас не се свесни за своето тело се додека не почне да боли, да е гладно или повеќе да не го собира во алиштата! И за многуте од нас последно на што би се сетиле би била јогата.

Но, јогата е таа преку која што можете да го подобрите физичкото и менталното здравје. Јогата ќе ви овозможи да ја зголемите вашата креативна продуктивност на работно место и вашето време да го користите ефикасно. Со јогата креирате повеќе простор помеѓу вашите растрчани и дефокусирани мисли, така што засекогаш ќе креирате рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот.

Личниот развој и работата на себе, се најдрагоцени алатки за успех во животот. Јогата придонесува многу во успешното остварување на личните и професионални цели.

Бенефитот од секоја јога позиција и свесноста за дишењето, на животот му даваат перспектива. Јогата помага при фокусирањето на мислите што е важно во секоја ситуација, било да е состанок, презентација, спортски натпревар или воопшто во секоја ситуација од секојдневниот живот.

Ние знаеме дека кога мислите се стресни тогаш и стомакот е нервозен. Кога стомакот е нервозен и целиот циркуларен систем исто така ќе биде под стрес. Затоа Јогата и релаксацијата се од големо значење за здраво функционирање на целиот организам.

Јогата може да ви користи за подобрување на сите здравствени потреби, како и за намалување на стресот, зголемување на креативниот потенцијал, подобро спиење и физичка флексибилност. Бенефитот од целосно абдоминално дишење е од огромно значење за функционирањето на целиот организам, ментално и физички. Со правилно дишење ја зголемувате вашата концентрација, интуитивноста и станувате вешти и креативни во проблематични ситуации.

Кога вежбате јога, телото е во релаксирана состојба т.е. ја намалува активноста на симпатичниот нервен систем, а ја зголемува на парасимпатичниот. Зголемување на парасимпатичните функции го намалува срцевиот ритам и активноста на нервниот систем, ги релаксира мускулите и телото природно се регенерира, а со тоа се зголемува чувството на сензибилност и свесност.

Телото во релаксирана состојба ќе покаже и балансиран крвен притисок, како и нормално излачување на стресните хормони, адреналин и кортизол.

Доколку подолго време сте изложени на стрес, сипатичниот нервен систем е постојано активиран. Што значи дека: дишењето е забрзано, градно и кратко, намален е процесот на варење на храната, срцето забрзано отчукува, крвта посилно циркулира и крвниот притисок е висок, мускулите се затегнуваат, зголемено е излачувањето на адреналинот и телото ви е постојано во состојба на опасност и стрес. Тоа води кон намалена концентрација, дефокусираност, несоница, ментална нестабилност, депресија, пренагласена емотивност, зголемување на телесната тежина, намален имунитет и многубројни физички заболувања кои настануваат поради долготрајна изложеност на стрес.

Само еден мал збир на истражувања за бенефициите од Јогата:

Физички бенефитМентален бенефитФизиолошки бенефитОднесување
Ја намалува физичката реакција на стресЈа зголемува концентрацијатаГо зголемува капацитетот на белите дробовиЈа зголемува самодовербата
Ја подобрува физичката кондицијаЈа зголемува меморијатаГо балансира крвниот притисокЈа намалува депресијата
Ја зголемува флексибилноста на телотоГи зголемува перформасите и креативниот потенцијалГо балансира дигестивниот системЈа зголемува емоционалната интелегенција
Ја зголемува релаксираноста на мускулитеЈа зголемува интуицијата и свесностаГо детоксифицира организмотЈа зголемува отвореноста кон нови предизвици
Ја намалува тежинатаПомага при креирање на цели и остварување на иститеЈа зголемува циркулацијатаЈа намалува напнатоста и нестабилноста
Ја зголемува мускулната масаЈа зголемува кардиоваскуларната ефикасностГо намалува чувството на винаГо зголемува имунитетот

Направено е истражување кај група студенти од кои еден дел вежбале 4 пати неделно (10 мин. техники за дишење, 15 мин. загревање на телото и 50 мин. физички јога позиции), а еден дел биле само набљудувани. После 8 недели кај студентите кои што вежбале јога, утврдени се следните подобрувања:

– Цврстината на мускулите е зголемена за 31%
– Издржливоста е зголемена за 57%
– Флексибилноста е зголемена за 188%!
– Капацитетот на дишење бил зголемен за 7%, што е навистина многу за само 8 недели јога
– Значително им биле зголемени концентрацијата и меморијата
– Покажувале одлични резултати во решавање на различни тестови

Извор на информацијата: University of California Venice 2002
Ref Structural Yoga therapy by Mukunda Stiles

Јогата ви помага подобро да го чувствувате вашето тело и да се фокусирате во сегашниот момент. Планирањето на иднината започнува во сегашно време. Фокусирајки се во сегашниот момент вашата можност да се справите со промените е поголема.
Јогата ви овозможува успешно креирање на иднината и остварување на саканите цели.

Јогата може да биде вашата алатка која што ќе донесе позитивна промена во вашиот живот. Што чекате?

Јогата со децении е секојдневна навика на секој успешен бизнисмен, спортист, политичар и на секој човек кој што свесно се грижи за своето ментално и физичко здравје. Потребни ви се само 30 минути од вашето работно време за да инвестирате во вашето здравје и во здравјето и продуктивноста на вашите вработени. Бизнис Јогата ја креира и зголемува позитивната работна атмосфера, што всушност претставува ваша повратна инвестиција. Бизнис Јогата не инсистира ниту една филозофија или духовна религија. Бизнис Јогата се фокусира само на здравјето на телото, правилното дишење и релаксирање на умот.

Има неколку главни причини за инвестирање во Бизнис Јогата:

1. Вашите вработени се продуктивни и задоволни
2. Се намалува работниот стрес
3. Се подобрува меѓусебната комуникација како и взаемното прилагодување во работната атмосфера
4. Го подобрува балансот помеѓу работата и приватниот живот
5. Ја зголемува креативноста и мотивираноста на вработените
6. Ја зголемува концетрацијата и ефективноста на работењето
7. Го зголемува потенцијалот на вработените
8. Вие инвестирате во здравјето на вашите вработени и вашата компанија

Како изгледа еден 30 минутен Бизнис Јога час на вашето работно место:
1. Вежби за истегнување зависно од можностите на вашето тело и работните задачи кои што ги извршувате.
2. Техники за дишење со цел да се намали стресот.
3. Техники за зголемување на концентрацијата.
4. Техники за релаксација.

Предупредени сте дека – ако не сакате вие и вашите вработени да бидете среќни, здрави и со зголемено работно задоволство – не ангажирајте Бизнис Јога!

Aвтор: Марина Анчевска е основач и сопственик на Ксантика – Агенција за комуникации. Таа е интернационален сертифициран Јога учител и тренер за Бизнис Јога и ја води оваа индивидуална и уникатна програма. За повеќе информации посетете ја веб страната http://www.ksantika.com/

Категории: Јога, Марина Анчевска

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·