Дали сте од оној вид лидери кој не отстапува од некое свое правило или начин на работа, иако фактите, а најмногу пазарната реалност, ве принудуваат на промена на ставот?
Дали тврдо ја браните својата позиција само затоа што вашите соработници би ве сметале за недоследен? Черчил своевремено рекол дека мудар човек е оној кој го менува своето мислење под притисок на реалните промени, затоа што вистинскиот квалитет е способност за промена, а не за тврдоглаво истрајување на ставовите од минатото. Тоа, секако, не значи отстапување од своите принципи, но значи менување на стилот на управување.
На кој начин лидерот може да ги менува и да ги комбинира стиловите на управување во однос на ситуацијата и како истиот стил може истовремено да биде добро и лошо решение, во зависност од ситуациите во кои се применува?
Една од најпознатите поделби на лидерските стилови се вика “четири рамки”, а внатре во тие рамки лидерите ги манифестираат следните типови на однесување:
• структурален
• човечки ресурси
• политички
• симболички
Структурална рамка
Фокус прашања:
• Дали почесто ги користите техниките за усогласување на приоритетот со вашите соработници или стрикната контрола на работата според приоритетите кои сте ги зацртале?
• Дали сте присутни и достапни за своите соработници низ стандардна процедура на отворени врати?
• Дали квартално испраќате лидерски и-мејл до своите вработени во кое комуницирате за стратешките планови, проектните цели, остварените резултати и останатите елементи на визијата?
Структуралните лидери се фокусираат на конструкција, стратегија, работна средина, имплементација, експериментирање и адаптација. Причината зошто овој стил во некои ситуации не остварува голем број од главните цели е тоа што лидерот троши време на извршување на помалку важни работи. Неуспешните луѓе најмногу се ангажираат околу најмалите работи. Немојте да дозволите детализирањето да ве оддалечи од главната цел. Успехот е прогресивно остварување на однапред одредена цел. Структуралната рамка се залага за добро организирано и прогресивно напредување кон целта и затоа лидерите се тие кои го применуваат стилот кој е многу важен за успехот на организацијата.
Рамка на човечки ресурси
Лидерите кои го користат стилот на човечки ресурси веруваат во луѓето и често го искажуваат тоа верување. Тие се присутни и достапни, пренесуваат авторитет на соработниците, го зголемуваат учеството на успех во тимот и ги поддржуваат соработниците, делат информации и го спуштаат процесот на одлучување надолу низ организацијата.
Политичка рамка
Лидерите во политички рамки јасно ставаат до знаење што сакаат и што ќе добијат. Тие лесно пристапуваат на дистрибуцијата на моќта и интересот, градат врски кај шефовите на врвот, користат вистинско убедување, потоа преговарање, а ако е неопходно и принуда. Манипулацијата е влијание на другите заради лична корист. Мотивацијата е развој на другите заради заемна корист. Лидерите остваруваат корист во двата случаи, но кога работите со луѓе, не заборавете дека постои и синергичен ефект на мултипликација на моќ и резултати. Затоа, мотивацијата на луѓето, а не манипулацијата со нив, на крајот најмногу ќе му се исплати на лидерот. Користете политичка поддршка најчесто за заштита и изградба на својот тим.
Симболичка рамка
Симболички, лидерот ја гледа организацијата како театар за одигрување улога и оставање впечаток. Овие лидери користат симболи за да привлечат внимание, тие комуницираат со визија. Најважното начело на мотивацијата гласи: луѓето го прават тоа што го гледаат. Дајте им слика, визија, цел и тие вредно ќе работат за вас. Затоа, правилното користење на симболички рамки е многу важно за ефективното лидерство.
Преземено од: Неделен магазин Капитал
Остави коментар