Сакате да затворите повеќе продажби?
Слушајте повнимателно!
Дали некогаш сте посетиле обука за стекнување на вештини во слушањето?
Лекции “како да слушате” не биле никогаш понудени како дел од било која формална едукација. Ме зачудува фактот дека вештините кои ни се потребни за личен успех во повеќето случаи никогаш не биле кажани на училиште.
Лекција за слушање бр.1. Двете најголеми пречки во слушањето се:
1. Вие секогаш имате изградено мислење (што ќе кажете) пред да започнете да слушате.
2. Честопати го “предомислувате“ соговорникот дури и пред да го ислушате или пред да ја ислушате целата приказна.
Лекција за слушање бр.2. Две важни правила за ефективно слушање мораат да бидат набљудувани по овој редослед или вие нема да бидете ефективен слушател.
1. Најпрвин, слушајте со намера да разберете.
2. Второ, слушајте со намера да одговорите.
Лекција за слушање бр.3. Размислувајте за начинот на коj слушате токму сега.
– Дали правите нешто друго додека некој ви зборува?
– Дали вашите мисли се фокусирани на нешто друго додека некој ви зборува?
– Дали се преправате дека слушате за да дојдете до моментот на вашите коментари?
– Дали правите кратка пауза додека го соопштите вашиот одговор, бидејќи вие веќе го знаете вашиот одговор?
Лекција за слушање бр.4. На некои моменти вие престанувате да слушате. Зошто тоа настанува?
– Откако ќе го формулирате вашиот одговор.
– Откако вие ќе бидете “исклучени“ од човекот кој ви зборува.
– Кога ќе одлучите да прекинете некого за да кажете нешто.
– Кога личноста која ви зборува ви кажува нешто што не сакате да го слушнете.
Совети за слушање
Еве 14,5 совети кои е пожелно да ги разберете и усвоите. Тие ќе ги максимизираат вашите вештини за слушање, ќе ја зголемат вашата продуктивност, ќе ги редуцираат грешките, ќе доведат до среќа на купувачите, и ќе ви помогнат да остварите повеќе продажби:
1. Не прекинувајте. ( Но…,Но…,Но…)
2. Прашувајте прашања. Потоа бидете тивки. Концентрирајте се на одговорите на другите луѓе, а не на своите мисли.
3. Предрасудите ќе го порекнат тоа што сте го слушнале. Слушајте без предрасуди.
4. Користете го контактот со очи и останати слушачки звуци како (да, така, сега разбирам и сл.) да и покажете на личноста која ви зборува дека ја слушате.
5. Не брзајте со одговор додека не ја ислушате ЦЕЛАТА ситуација.
6. Слушајте со намера – слушајте детали и заклучоци.
7. Активното слушање вклучува интерпретирање. Интерпретирајте тивко или пишувајте забелешки.
8. Исто така, слушајте го тоа и што не е кажано – слушајте “меѓу редови“. Применетото е често поважно од кажаното. Погодок: Интонацијата на зборувањето најчесто ќе го рефлектира применетото значење.
9. Размислувај помеѓу реченици и за време на паузата во зборувањето.
10. Протолкувајте го кажаното (и не кажаното) пред да ја “уклучите“ вашата уста.
11. Прашувајте прашања за да се уверите дека сте разбрале се што било кажано или замислено.
12. Прашувајте прашања за да се уверите дека соговорникот ви кажал се што сакал да ви каже.
13. Покажете дека слушате преземајќи акции.
14. Доколку размислувате за време на зборувањето, размислувате за можни солуции. Не го “разубавувајте“ проблемот.
14,5. Избегнувајте ги сите прекинувања. Стишете го мобилниот, затворете ја вратата. Избистрите ги мислите и двајцата седнете или двајцата стоите на блиско растојание.
Лекција за слушање бр. 4,5:
– Некојпат луѓето се плашат да слушнат што треба да се каже, па тие се блокираат. Не се плашете да слушате.
– Некогаш другата личност ја земате здраво за готово (жена, родител, деца).
– Некогаш сте ментално преокупирани со други работи.
– Некогаш сте само непристојни.
– Некогаш личноста не ви е “во ред“ и вие не ја слушате.
– Некогаш имате други работи во умот.
– Некогаш ја познавате особата која ви зборува и веќе ја имате проценето.
– Некогаш не ја почитувате личноста која ви зборува и го блокирате процесот на слушање.
– Некојпат мислите дека веќе знаете што ќе биде кажано.
– Некогаш си мислите дека сè знаете…или пак тоа се случува цело време?
Има многу тајни за да се биде добар слушател, но една која ги поврзува сите нив е: ЗАМОЛЧИ!
Зачудувачки е колку можеш да научиш доколку молчиш. Луѓето мислат дека си попаметен доколку слушаш. Учиш повеќе со молчење отколку со зборување.
Ефективното слушање доведува до продажба – многу продажби. Слушањето е фактички најважниот аспект од продажниот процес и сè уште е најслабиот дел од професионалните продажни вештини.
Aвтор: Теодор Алексов e предавач во тренинг центарот Triple S Learning. Специјализиран е во областите на Герила Маркетинг™, Услуга кон клиентите и Комуникациски вештини. За повеќе информации за тренинзите на Triple S Learning посетете ја нивната веб страна www.tsl.mk.
Остави коментар