• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Преземено од / Неделен магазин Капитал / Гугл и Епл биле неинтересни компании?

Гугл и Епл биле неинтересни компании?

20.09.2023 Категории: Бизнис, Неделен магазин Капитал

Најголеми бизнис-грешки во историјата

Во својата секојдневна работа, менаџерите како и сопствениците на компаниите мора постојано да донесуваат одлуки и да ја проценуваат бизнис-ситуацијата, меѓутоа проблем настанува кога бизнисмен со големо искуство не може да ја согледа одличната можност која останатите ја забележуваат.

Оној кој работи може и да згреши. Тоа е сосема нормално, меѓутоа и на најискусните можат да им се случат катастрофални грешки во размислувањето. Една од најчестите е неспособноста да се препознае вистинската бизнис – можност, која ќе ја обликува иднината на постојниот пазар или, пак, ќе отвори нов пазар, а тука ќе ви прикажеме некои од најголемите превиди и лоши одлуки во историјата.

АјБиЕм (IBM) е прв на нашиот список и тоа поради неспособноста да препознае нова и пропулзивна компанија, наречена Мајкрософт која можеше да ја приклучи кон себе за само 80.000 долари. Наместо тоа, му дадоа на Бил Гејтс процент од продажбата, и уште долго сметаа дека персоналните компјутери немаат иднина и дека вечно ќе останат на врвот со mainframe компјутерите. Бил Гејтс направи брилијантен деловен потег, а АјБиЕм претрпе големи удари од страна на другите производители на хардвер. Откако АјБиЕм порача Бил Гејст да го креира оперативниот состав за својот нов компјутер, Гејтс на преговорите ја повика компанијата Дигитал рисрч. На состанокот наместо сопственикот на Дигитал рисрч, Гери Килдал, дошла сопругата Дороти Мекјуан која заклучила дека договорот со АјБиЕм не е фер и ги одбила. Гејтс продолжил да бара, така што на крај се појавил со програмата наречена DOS, а останатото е историја. Килдал бил одличен информатички експерт. Но, неговата сопруга не била брилијантен менаџер.

Скржавиот бизнисмен Перо

Рос Перо, тексашки нафтен магнат и човек кој два пати се кандидираше за претседател на САД, човек кој е образован и важи за интелигентна личност, својата катастрофална грешка ја направил во 1979 година. Му понудил 15 милиони долари на Бил Гејтс за Мајкрософт, но Гејтс барал 60 милиони. Перо ладнокрвно ја одбил таа понуда за Мајкрософт, а денес оваа компанија вреди 265 милијарди долари. Во далечната 1876 година, Вестерн унион телеграф компани можеше да купи патент за телефон за 100.000 долари. Во тоа време тоа беа многу пари, но парите во нивното донесување на одлуки немаа најважна улога, туку важно беше мислењето на нивниот тогашен претседател кој напишал дека дошле до заклучок дека патентот нема комерцијална вредност и прашувал што би можело да добие компанијата од оваа скапа играчка. Стив Џобс, икона на информатичката индустрија се сеќава на еден свој обид да убеди челници на фабрика за компјутери да го поддржат: ”Така отидовме во Атари и рековме: Гледајте имаме фантастичен производ, во него се вградени дури и некои ваши делови, што мислите за тоа да не финансирате? Ќе ви го дадеме овој производ затоа што едноставно сакаме да работиме за вас. Дајте ни само плати и ќе дојдеме да работиме за вас. Во Атари кусо ни одговорија- Не. Потоа отидовме кај големите Хјулит пакард кои ни рекоа дека не сме им потребни поради тоа што се уште одиме на факултет.” Така Џобс заедно со својот пријател Стив Вознијак го основа Епл. ХП барајќи факултетска диплома се однесуваше многу арогантно,а Атари е веќе дел од информатичката историја. Ексајт (Excite) важеше едно време за еден многу пропулзивен веб-портал. На неговиот директор Џорџ Бел му е понудено во 1999 година да го купи Гугл за 1 милион долари. Бел сметал дека ваквите млади гении немаат блескава иднина, па затоа одбил да даде, всушност ситни пари, за новата компанија. Гугл денес вреди повеќе од 160 милијарди долари. Дали знаете каде се наоѓа Бел денеска? Не знаеме ниту ние.

Битлси?! Кои се тие Битлси?

Битлси со својата музика во 60 години на минатиот век влијаеа речиси на сите стилови музика и тоа трае се до ден денес. И додека гласовите на овие изведувачи предизвикуваа хистерија од обожаватели, еден човек остана потполно рамнодушен. Дик Роу од Дека Рекордс, според своето скромно мислење, сметал дека гитарската музика не е во подем па затоа ја одби соработката со Битлси во 1962 година. Фантастичната четворка стана ултра популарна, а одлуката на Роу се смета за една од најглупавите во историјата.

Инвестициската куќа Леман брадерс имала големи удели во градежништвото, недвижностите и хипотеките од втора класа. Кога во текот на 2006 година стана јасно дека нешто не е во ред со пазарот и дека на повидок е голема криза со хипотеките кои нема да можат да бидат отплатени, финансиските гуруа Леман одлучија да играат на погрешната карта, проценувајќи дека криза нема да има и вложија големи средства во компромитирачки бизниси, наместо да се извлечат од таквите сомнителни бизниси. Потребни беа две години и Леман Брадерс доживеаја банкрот, најголемиот во историјата на САД. Ништо попаметни не биле и нивните колеги од Енрон. Наместо да ги преиспитаат своите деловни одлуки и да донесат нова бизнис – стратегија, тие одлучиле малку да ги преправат деловните книги. Не стануваше збор за книговодствените книги, туку за криминалните работи, лажења и прикривања. Во настојувањето повеќе да им се допаднат на акционерите, топ-менаџерите на Енрон ставија се на коцка, па така и се загубија.

Преземено од: Неделен магазин Капитал www.kapital.com.mk

Категории: Бизнис, Неделен магазин Капитал

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·