• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Виктор Куновски / Вредности и културен капитал

Вредности и културен капитал

14.08.2017 Категории: Виктор Куновски, Разно

Колку вредат вредностите и културниот капитал на вашата компанија?

Во доба на зголемен локален и глобален натпревар, способноста на организацијата (читај компанијата или државата) да изгради корпоративна култура која ќе ги привлекува и задржува најталентираните луѓе, рапидно се појавува како најважен критериум за финансиски успех.

Како што чекориме во првата деценија од 21 век, станува јасно како бел ден, дека старите стилови на водење на организации и нации, па и целата планета се неоддржливи и едноставно колабираат.

Четири клучни работи ги преокупираат бизнис, регионалните и националните лидери:

– Како да ги привлечеме и задржиме најталентираните луѓе?
– Како да го зголемиме профитот и материјалната вредност?
– Како да ја подигнеме креативноста и продуктивноста?
– Како да осигураме дека етичноста ќе ја доминира нашата организациска култура?

Одговорот на сите овие прашања е: градејки го културниот капитал.

За почеток и одговор на прашањето што е културен капитал, мора да дефинираме што се вредности.

Вредностите се она што ни е најважно на индивидуално и колективно ниво. Истите се знак на она што најмногу не мотивира или демотивира.

Организациска култура е збирот на вредностите на сите членови на организацијата-системот.

Според овие две дефиниции, секој систем – организација, корпорација, политичка група или нација има своја одредена култура. Организациската култура го создава најголемиот капитал во една заедница или компанија. Ова е таканаречениот културен капитал.

Вредностите во културата може да бидат позитивни: доверба, чесност, интегритет, профит, или пак, лимитирачки: бирократија, обвинување, непотизам, корупција, алчност…

Осврнувајки се на улогата на вредностите и културата во компаниите Том Питерс авторот на бизнис бестселерот Во потрага по одличното (In Search of Excellence) укажува дека најдобрите компании создаваат култура која ги содржи вредностите и однесувањата на нивните најголеми лидери. Истите споделени вредности можат да бидат видени како опстојуваат со декади.

Влијанието на вредностите во една организација е огромно. Организациите кои не обрнуваат внимание на мерењето и менаџирањето на својот културен капитал, губат незамислива енергија и пари.

Квалитетот на вредностите во организациска култура може да ја воздигне компанија до неверојатни височини.

Џим Колинс и Џери Порас, авторите на бестселерот Изградено за да трае (Built to Last) велат: Долгорочно успешните компании имаат култура водена од визија и вредности која им дава насока на сите вработени.

Како резултат на тоа, компаниите кои имаат квалитетна култура, не само што ги задржуваат најталентираните луѓе, туку и ги престигнуваат своите конкуренти на пазарот на градење на акционерска вредност.

Обратните ефекти на здрава компаниска култура се покажани од, мерењата направени од Ричард Барет, основачот на Барет Вредносниот Центар, креаторот на алатките за трансформација на културниот капитал (СТТ) и автор на книгата Ослободување на корпоративната душа, (Liberating the Corporate soul). Тие покажуваат дека лошата култура и лимитирачките вредности често се причина за лошите перформанси во една организација, нација или тим, кои во најлош случај завршува со финансиски колапс и непостоење на компанијата.

Лимитирачките вредности ја претставуваат непродуктивната и нерасположлива енергија во една организација. Истата се нарекува културна ентропија и е сооднос на целокупниот број на лимитирачки наспроти позитивни вредности во една организација.

Доколку лимитирачките вредности во една култура достигнуваат над 10% од вкупниот број на вредности во истата тогаш некои аспекти побаруваат културно или структурно прилагодување. Доколку процентот е помеѓу 20%-29% организацијата има сериозни проблеми кои побаруваат културна или структурна трансформација. Бројката од 30%-39% укажува на критични проблеми кои побаруваат итни културни или структурни трансформациски промени и развој на лидерскиот капацитет. И на крај, ако оваа бројка надминува 40%, во организацијата постои сериозен ризик од финансиски колапс или сериозно намалени перформанси кои побаруваат промена во лидерската структура.

Барет Центарот и нивните соработници низ целиот свет работат со над 1000 компании и организации ширум светот на мерење и менаџирање на организацискиот културен капитал. Нашите мерења и истражувања, покажуваат дека доколку во една фирма/компанија има 25% на лимитирачки вредности тоа едноставно значи дека од секоја месечна плата која се исплаќа, една четвртина се неповратно исчезнати пари од самиот почеток. Замислете колку би заштедиле компаниите доколку оваа бројка се намали!!!

Во неодамна направеното мерење на културниот капитал на граѓаните на Скопскиот регион кој опфаќа четвртина од целокупната Македонска популација и е на еден начин Македонија во мало издание, се измерени 48% на лимитирачки вредности.

Цената на овие лимитирачки вредности во нашата култура е застрашувачка. Во превод кажано 48 денари од секои 100 буџетски, кои одат на плати за нашите јавни службеници се исчезнати од самиот почеток. Инаку за оние кои сакат прецизно да пресметаат колку зијанува Македонската држава поради сопсвената култура една дополнителна информација. Една четвртина или 700 000 000 Евра годишно од државниот буџет се користат за плати на јавната администрација. 48% од истиве се неповратно изгубени од самиот почеток.

За тоа колкава е цената што ја плаќаат Македонските компании поради нивните внатрекомпаниски култури може само да се шпекулира се до моментот додека истите не направат мерења на сопствените вредности и компаниски култури.

На крај, со вас ги споделуваме новите бизниси принципи од кои зависи подемот или падот на вашата организација:

Принцип 1: Културниот капитал е Вашата најголема предност.

Принцип 2: Организациското трансформирање започнува со лична трансформација на лидерите

Принцип 3: Мерењето на културниот капитал е важно. Ако можете да го измерите, ќе можете да го менаџирате.

Aвтор: Виктор Куновски е сопственик на консултантската куќа Коуч Ера и автор на книгата Values or Death. За повеќе детали околу управувањето со организациската култура и лидерските вредности, симнете ја неговата најнова книга на следниов линк www.skyisthelimit.org.

Категории: Виктор Куновски, Разно Тагови: Вредности, капитал, култура, Културна ентропија, Организациска култура

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·