Билбордот како маркетинг алатка први го примениле Американците и на почетокот тоа било обична дрвена табла со рекламна порака. Подоцна е направен со осветлување со што и ноќе се овозможува достапност на рекламната порака.
Се претпоставува дека поимот билборд (billboard) потекнува од два збора и тоа BILL – сметка и BOARD – табла или заедно табла која се плаќа односно табла за изнајмување.
Како маркетинг средство билбордот е достапен секаде и во секој час, а рекламната порака останува на екранот со полно работно време и тоа 365 дена во годината, по сонце и дожд, снег и ветар. Тој треба да биде импозантен, впечатлив, видлив и запамтен од најголемиот број минувачи. Дизајниран е така да го привлече вниманието на потенцијалните потрошувачи и корисници на услугите. Затоа што повеќе луѓе сакаат брзи информации, рекламирањето преку билборд е ефективна алатка бидејќи тој нуди едноставно и концизно решение, и исто така е ефикасна инвестиција.
Билбордот од страна на компаниите повеќе се користи во последните неколку години. Постои еден многу важен податок а тоа е дека денес во Америка има 53% повеќе автомобили во споредба со бројот на автомобили пред 30 години, што значи дека денес 93% од Американците обрнуваат внимание на билбордите за да добијат информација за некој производ или бизнис.
Еден значителен факт што рекламирањето на билборд го прави многу ефикасен за разлика од другите опции за рекламирање (реклама во весник, преку флаери, на телевизија и сл.) претставува цената. На пример рекламирањето на билборд ќе чини 80% помалку отколку да се избере телевизиска реклама. Секој сопственик на бизнис, за да заработи пари треба да вложи во него. Се поставува прашањето зошто сопствениците да не трошат пари на нешто што може да работи 24 часа на ден, 7 дена во неделата?
Изборот на билборд кој се наоѓа на место каде што не е прегледен и нема голема фрекфетност на минувачи нема да даде многу добар поврат на инвестицијата. Локацијата треба да биде првиот избор и затоа се одлучува да се закупат билборди на големи сообраќајници бидејќи доколку не постојат очи да гледаат во рекламната порака нема ни да има ефект, а инвестицијата ке биди неисплатлива.
Новото динамично време ни диктира сè повеќе да сме изложени на реклами на билборди. Рекламирањето на билбордот претставува убедлива стратегија затоа што како никој друг медиум не вознемирува. Напротив ненаметливо, а сепак провокативно со својот специфичен слоган на рекламниот постер изработен од колоритни бои ги анимира идните потрошувачи и корисници на услугите на компаниите кои се рекламираат.
Слоганот треба да е краток и лесен за читање затоа што потенцијалните клиенти имаат само еден краток момент да го посветат своето внимание и драгоцено време за рекламата на компанијата.
Друга важна работа што треба да се запамети е тоа што на рекламниот постер на билбордот покрај брилијантната порака за клиентите треба да има и некоја информација за контакт како адреса на фирмата, телефонски број, веб сајт и сл. Доколку ги нема овие информации може да дојде до губење на профитот наместо до реализација.
Промовирањето на производ, услуга или идеја преку рекламирање на билборди, но знаејќи како да се користат правилно, ќе ги направи работите полесни за компаниите и без сомневање има многу високи шанси за постигнување на нивните деловни цели.
Значително мнозинство од Американците веруваат дека придобивките од билбордите ги надминуваат сите трошоци поврзани со нив.
Извештајот на сеопфатната анализа на професорот по маркетинг д-р Чарлс Р. Тејлор открива:
• 85% од Американците сметаат дека билбордите се корисни за патниците (информираат за цените и достапноста на производите и услугите како што се гас, храна и сместување);
• 83% сметаат дека билбордите се информативни;
• 82% мислат дека преку билбордите може да им се помогне на бизнисите да привлечат клиенти и да се отворат нови работни места;
• 79% се противат да се забрани поставување и користење на билбордите.
Рекламирањето на билборд се употребува од секој бизнис кој што води сметка за својот имиџ!!!
Aвтор: Роберт Проданоски е апсолвент на “Економски факултет” во Прилеп. Раководи со билборди поставени на сопствен плац. За контакт можете да му пишете на неговата адреса r.prodanoski (at) gmail.com
Остави коментар