• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Павле Зимбаков / Мотивиран вработен е најдобар вработен!

Мотивиран вработен е најдобар вработен!

20.09.2023 Категории: Менаџмент, Павле Зимбаков

Зошто не би зборувале за најголемата болка на секој вработен и како истата да се ублажи или отстрани. Мораме да се согласиме дека сè уште живееме во општество во кое има останато траги од времето на социјализмот кои што траги се рефлектираат и врз односот на нашите менаџери и врз вработените. Да не се лажеме дека вработените се цвеќе за мирисање и само менаџерите не чинат, тоа би било лага. Но, сепак кога бродот тоне, одговорноста ја сноси капетанот па така е и во бизнисот, ако не дај боже бизнисот оди кон полошо тогаш никој не вели дека на менаџерот не му се погодиле вработените, сосема спротивно, менаџерот не знаел да управува со компанијата, со процесите во истата и секако со вработените или во одредени случаи лошата сопственичка постава влијае на иднината на компанијата. Уф, ова последното е страшна работа, кога пробуваат еден со друг да се надмудрат сопствениците на една компанија или ако сакате да бидеме уште построги, кога во партнерскиот бизнис се прикриваат работите. И колку и да сакаме да бидеме скромни сепак на крај ќе се рече дека менаџерот е виновен.

Зошто се случуваат вакви ситуации? Зошто било кој бизнис да пропадне, зарем не е тоа жално?

Да почнеме од почеток. Што е фирмата? Дали е тоа форма на правно лице кое е некаде регистрирано и е опишано во 5, 10, 15 страни или фирмата би требало да се гледа како жива материја во која функционираат луѓе? Ајде повторно да споредиме, кога бродот ќе излезе од бродоградилиште зарем не ни се потребни луѓе за да го придвижат? Ако го остават на пристаниште повеќе од сигурен сум дека нема да се помрдне и дека никогаш нема да му текне дека е брод за да еден ден заплови.

Ако се согласиме дека било која фирма е жива материја, чија егзистенција зависи од луѓе тогаш можеме да почнеме да ја анализираме болката на истите тие луѓе во неа, а со тек на време и да ги идентификуваме болните точки на секоја компанија, точки од кои зависи и егзистенцијата на компанијата.

На прво место вработените, клучниот фактор за егзистенција на компанијата. Во многу случаи сум имал проблем да се објаснам со некои менаџери дека тие како менаџери не вредат ништо без нивните вработени. Зошто? Компанија без вработени кои ја вршат работата, макар и заради тоа што менаџерот добро ги менаџира, е како фабрика со лента за пакување но без машини за производство. Замислете да си купите од продавница добро спакувана празна кутија со колачи. Сигурно ќе бидете многу „среќни“ што вашите колачи ги нема во прекрасно спакуваната кутија! Среќни?

Вработените се сепак најклучната алка во компанијата без разлика за која индустрија станува збор. Еве да размислиме малку да видиме што би била секоја од индустриите без вработени, градешништво, производство, едукација итн.

Кога веќе говориме за вработените и за тоа колку се тие важни треба секако да имаме систем за тоа како да ги третираме. Всушност, што има да ги третираме, тие се тука за да работат! Да точно е но секому му треба услови за работа, а секако и дека секој ќе си ја сработи работата најдобро ако за истото е награден соодветно или доколку сакате, еве ќе речеме дека секој ќе го изоди патот од 30 дена за некаков бенефит. Впрочем и животните во дивината не го изодуваат патот до изворот за вода откако истиот ќе пресуши, инстинктот ги води кон тоа да најдат нов извор за вода.

Ајде да говориме за тоа што е она што вработените ги тера да ја сработат работата најдобро што знаат и зошто имаме компании во кои вработените се незадоволни. Колку всушност е потребно за да вработените бидат задоволни?

Секојдневно слушаме како се вели, абе да бевме на запад дали ќе правеа вака? На запад кога ќе останеш повеќе на работа ти се плаќа дупло секоја наредна минута. На запад не смеат да ти се јават додека си на одмор, на запад секое вонредно викање на работа се плаќа, на запад за секоја добро сработена работа се наградува. Па добро бе толку ли е далеку тој запад? Па зарем на запад се попаметни од нас? Што е проблемот со нас? И на крај ќе прашам, кога веќе знаеме што е болката на вработените зошто не можеме да ја излечиме? Во медицината наједноставните интервенции се кога ја знаете дијагнозата!

Еве го моето размислување, доколку ме прашате кој вработен е најдобар вработен, јас би одговорил дека оној вработен кој е мотивиран е најдобар вработен. Е како да ги мотивираме вработените? Еве го проблемот кој кај нас најмногу ги демотивира вработените, а воено и менаџерите.

Др. Исак Адижес, еден од петте најдобри гуруа за менаџмент во една прилика вели: Описот на вработените треба да личи на квадрат во кој што квадрат јасно и гласно се опишани сите обврски, права и награди на секој вработен. Секој вработен треба да има обврски, треба да има права и да биде соодветно награден. Квадратот е симбол на поставување јасна дистинкција за тоа до каде секој вработен може да оди во превземање на одговорност, а секако и до каде неговиот менаџер може да оди во доделување на обврски и на крај на ден секако колку истиот тој вработен во границите може и треба да биде награден. Доколку е така тогаш е многу едноставно. Но, што се случува кај нас? Ние сакаме ова да биде кристално јасно и да биде така како што треба да биде, но доколку може да не го затвараме квадратот. Незатворениот квадрат ни овозможува да на вработениот му „натовариме“ уште некоја обврска дополнително. Супер! Па и не е така лошо. Значи сме го процениле дека е способен да извршува повеќе од она што во моментов го прави.

Па добро, зарем неколку реда погоре не рековме дека вработениот треба да има обврски, права и награди? Па зошто тогаш му товариме само обврски или случајно заборавивме да му кажеме кои права ги има на основа на таа нова обврска, а и како ќе биде награден за извршување на новата работна задача. Да, да, сигурен сум дека случајно, сосема случајно заборавивме да му кажеме дека има и права и награда за новата работна задача.

Што друго? Еве ќе споделам уште едно од моите искуства од последната средба со Др. Исак Адижес кога дискутиравме на оваа тема. Го прашав: Др. Адижес, па до каде ќе оди наградувањето на вработените, ако нон стоп ги наградуваме тогаш ќе се доведеме во ситуација да си ги дадеме сите пари на вработените и да не остане за нас како менаџери или за сопствениците. Одговорот беше, под еден: Системи на наградување има милион, не мора секогаш со пари да ги наградувате вработените. Добро ова го знаев и претходно.

Вториот одговор беше, оставете им на вработените да се самонаградуваат и да се самоказнуваат. Вклучете ги во, условно кажано, сопствеништвото на компанијата и договорете колку треба да порасне компанијата во наредниот период. Колку што јас разбрав од овој разговор, вработените треба да бидат дел од проекцијата за порастот на компанијата (ова и го бараат нашите менаџери и сопственици, значи знаат како), потоа вработените да бидат дел од извршувањето на проекцијата за да компанијата порасне колку што е проектирано дека треба да порасне (и ова го знаат менаџерите и сопствениците, значи стварно се едуцирани и знаат како) и на крај дека вработените треба сами да се наградат и казнат т.е. дека ако порасне компанијата треба да пораснат нивните награди (плати, бонуси, кариерни издигнувања, наградни патувања, итн.) или доколку не се случи проектираниот пораст, тогаш треба да сносат одговорност која е договорена со менаџментот (намалување на плати, намалување на бонуси, стагнирање на работна позиција или што и да е). Само да ве израдувам, сè е како што треба кај нас, освен моментот дека ако се реализира порастот ќарот останува на сопствениците и никако на сите останати кои влијаеле на истиот тој пораст. Е мои сопственици, менаџери и што ли да сте, убаво е кога ќе си го смените службеното издрнкано возило, на кое што не се знае кој сè му се има качено во ново возило, кое е за едно осум класи подобро од претходното. Убаво е кога ќе си купите неколку станчиња за издавање под кирија, убаво е кога ќе си отидете на одмор со фамилијата во среде сезона на All Inclusive аранжманче и изгледа уште поубаво ви е кога ќе се вратите од одморчето да ги видите „гревовите“ како се мачат за платата која веќе четврта година ја земаат без да им се зголеми за едно евро. Навистина мислам дека фирмата „ВИ“ расте затоа што вие сте многу способни!

На крај само би додал дека ова вака не треба да биде и време е да се менуваат работите. Не, не, не! Да не се разбереме погрешно, не е тоа дека треба да ги смениме работите во корист на вработените, туку треба да се сменат работите за да почнеме нормално да функционираме и да секој си го добие она што си го сработил! Оној што сработил добива, оној што не сработил губи! Има мерливост на секоја активност така да може јасно и гласно да се измери кој колку сработил!

Aвтор: Павле Зимбаков

Категории: Менаџмент, Павле Зимбаков

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·