• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Тања Николова Маневска / Како се станува добар менаџер?

Како се станува добар менаџер?

20.09.2023 Категории: Бизнис, Менаџмент, Тања Николова Маневска

Приказна за почеток

Во еден од своите афоризми Карел Чапек вели: „Следете ме и јас ќе ве извадам од понеделник во вторник“. Додека постојат овци ќе постојат и предводници, „овчари“. Но, таквиот однос на менаџерите спрема своето „стадо“ сè повеќе му припаѓа на минатото. Модерните предводници сé почесто се диригенти на својот синфониски оркестар, отколку овчари на своето стадо.

Денес успешни менаџери се луѓе кои имаат изразена индивидуалност и препознатливост. Тоа се харизматични луѓе кои потполно се окупирани со визијата и мисијата на својот работен тим. Откако ќе ги запознаеме, не ги забораваме и секогаш ги доживуваме како „идеални“ водачи, бидејќи се работи за луѓе со цврсти начела, стабилни и доследни во борбата за остварување на поставените цели. Тие се способни многу јасно, едноставно и атрактивно да комуницираат со своите „подредени“, па едноставно ги фасцинираат, освојуваат и придобиваат членовите на својот тим. Но, во повеќето деловни ситуации, „правиот“ менаџер и не е толку харизматичен и не го красат толку доблести, но тој сепак е добар менаџер, бидејќи едноставно е „прв помеѓу еднаквите“.

Што е тоа менаџер?

На ова кратко и јасно прашање многу е тешко да се даде краток и концизен одговор, а притоа да не се осакати сложеноста на поимот – менаџер. Затоа во продолжение следат неколку кратки приказни и објаснувања кои накратко ќе дадат одговор на поставеното прашање.

Во една пригода спасителот на Chrysler Корпорацијата и еден од најинвентивните менаџери на минатиот век, Lee Iacocca, требало да избере менаџер за развоен проект тежок 40 милиони американски долари. Помеѓу останатите, се јавил и еден млад и амбициозен менаџер и рекол самоуверено: „Јас сум најдобар кандидат за лидер на тој проект. Никој не работи повеќе од мене. Повеќе од десет години не сум отишол на годишен одмор, работниот ден ми трае дванаесет часа, а и не се сеќавам на некоја сабота во животот која не сум ја поминал на работа“.

На ова Iacocca му одговорил: „Само што ми ги дадовте трите главни причини, зошто не смеам да Ви го доверам овој проект. Толку многу лошо ја организирате својата работа, па работниот ден ви трае предолго, не се одмарате за викенди, а згора на сé не сте во состојба да си ги средите вашите обврски и да појдете на годишен одмор или некое патување“.

Од оваа приказна следи дека добриот менаџер секогаш размислува на поинаков начин, не е еден од најработливите, но со сигурност е еден од оние кои „размислуваат интензивно, а работат кратко“.
Значи добриот и инвентивен менаџер е како генерал. Од нив, од нивната способност, знаење, одлучност или вештина зависи успехот на многу битки кои нивните деловни или политички „војски“ мораат да ги водат.

Царот Хадријан кој владеал со Рим цели 20 години во периодот од 117 до 138 година, светот првенствено го памети по неговите големи градителски остварувања. Англичаните го паметат по „Хадријановиот ѕид“ долг 120 км со кој ја поделил Британија од Шкотска, на тој начин штитејќи ги Англичаните од нападите на варварите од север, Грците го паметат по најголемиот изграден антички храм посветен на Зевс од кој и денес се сочувани неколку столбови. Меѓутоа неговиот начин на владеење, кој му овозможил остварување на неговите лични визии всушност останал непознат.
Хадријан во тие далечни времиња успеал да оствари сè она што наумил, бидејќи бил успешен менаџер. Управувал со Рим патувајќи наоколу, следејќи сé „од прва рака“ Денес таа метода се нарекува – management by walking around (водење со постојано присуство насекаде).

Хардијан често излегувал од палатата и внимателно следел сé што се случува во „првите редови“. Еднаш рекол: „Водачот мора да биде способен да ги препознае и да се соживее со чувствата, искуствата и стравовите на своите следбеници“. Овој пристап му овозможил да ги разбере и да ја почитува силата на луѓето.
Денешните оддели за развој на човечкиот потенцијал можат слободно да го земат за свој заштитник. Хардијан им пружил на своите војници и работници хумани работни услови, многу подобри од оние кои тие самите ги очекувале. Тој го афирмирал познатото етичко начело „шефот подучува со сопствен пример“.
Иако цар, ги делел истите животни услови со своите трупи. Одбивал да носи кабаница кога врнело дожд и со полна опрема учествувал во долгите воени маршеви.

Хумана и многу необична била неговата одлука да изгради бања покрај секој римски рудник за да рударите после напорната и валкана работа можат да се искапат и средат. Но, како и повеќето од нас што знаат: „Да се биде добар, не значи да се биде и прифатен“, па така и цар Хардијан бил многу популарен помеѓу војниците и работниците, но главно неразбран и несфатен од граѓаните и службениците на Царството.

Како се станува добар менаџер?

Една од најстарите дилеми на менаџерските теории е прашањето – како се станува добар менаџер: со раѓање или со создавање?
Некои луѓе се едноставно родени лидери, но без правилна и темелна едукација, тешко дека ќе постигнат некоја поголема кариера.

Позади квалитетен менаџер, покрај природниот талент, денес стои и квалитетното образование. Добриот менаџер има свој личен стил, начин на работа и постојано се усовршува. Современите услови за работа од менаџерите бараат многу знаење и вештини, како и голема мотивација за доживотно учење, така да вродената способност за лидерство престанува да биде пресудно важна. Сè може да се научи и стекне. Што се однесува до знаењата кои се стекнуваат со учење, вежби и искуство, за успешна работа на менаџерите важни се следните видови на знаења:

– Техничко знаење – поврзано со познавањата на технологијата на работа, како нешто да се направи, со каква метода и технологија
– Знаење за човечкото однесување – менаџерот мора да ги познава сите можности за мотивирање на вработените, развивање на натпреварувачки дух, како и психологијата на луѓето. Ова му е потребно за да може да воспостави контакт и да комуницира на соодветен начин, да ги спречи конфликтите или успешно да ги реши и да оствари позитивна работна атмосфера помеѓу луѓето кои меѓусебно се различни, но работат на исти задачи.

– Концептуално знаење – способност на менаџерот да ја види целата слика и притоа да ги уочи важните елементи и да го разбере нивниот меѓусебен однос, можноста за предвидување на идните случувања, планирање на ресурсите и донесување на одлуки.

Покрај наведеното, добриот менаџер мора да биде способен да работи и на синергијата, односно соработката која е темел на тимската работа. Значи менаџерот мора да има способност за поврзување на луѓето во својата компанија, односно способност за поврзување на нивните знаења и вештини, способност за поврзување на пооделните работни задачи, способност за поврзување на претходно стекнатите знаења и искуства во нови деловни ситуации и проблеми и способност за комплетирање на целосна деловна идеја.

Aвтор: М-р Татјана Николова Маневска е овластен соработник на Синергија Плус – Прва Агенција за финансиска писменост во Македонија. За повеќе информации за како помудро со личните финансии посетете го веб порталот на http://www.sinergijaplus.com/

Категории: Бизнис, Менаџмент, Тања Николова Маневска

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·