• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Емилија Али / Како да направиме избор?

Како да направиме избор?

20.09.2023 Категории: Емилија Али, Лични финансии

Во ерата на информации, многу е полесно да ги дознаете сите новини и поволни финансиски продукти кои можат да ви помогнат да си ја обезбедите иднината. Најголемиот непријател со кој може да се соочите е стравот од инвестирање кој би Ве попречил да си ги остварите потребите и желбите и целите. Идеална инвестиција со апсолутна заштита не постои, ризикот помалку или повеќе е присутен, како и за се во животот, но некои параметри на кои треба да се обрне внимание и со кои се одликува една инвестиција се секако сигурност, добивка и ликвидност, но и должината на времето кое е потребно за оплодување на средствата ,како и трошоците кои постојат при инвестирањето.

Кои се можностите присутни на нашиот пазар и за кои би требало да се информирате пред да се одлучите,т.е. како да најдете најдобра инвестиција за своите пари?

Пензиските фондови кои веќе ги спомнавме, овозможуваат дополнително да си обезбедите средства за пензија кои се уплатени на Ваша лична сметка и кои со текот на годините се оплодуваат. Уплатените средства се регулирани со законска рамка, спаѓаат во релативно сигурна инвестиција.

Висината на средствата сами ја определувате. Процентот на добивката ќе зависи од политиката на друштвото за управување со пензискиот фонд, во смисол во кои хартии од вредност ќе ги инвестира средствата и од економските циклуси по кои ќе се движи економијата на долг рок и во тој смисол не можете да делувате , средствата не ви се ликвидни(достапни) во секое време и достапни ви се десет години пред пензионирање (54 год за мажи, 52 години за жени).Средствата се наследни.

Полисите за животно осигурување се исто така форма на инвестиција присутни на нашиот пазар. Иако во светот и земјите во соседството, постојат многу посовремени полиси кои се комбинација од животно осигурување и истовремено дел од средствата Ви се инвестирани во инвестициски фонд (комбинирани полиси), во моментов понудата е ограничена и се нудат постари модели на полиси. Во иднина тоа е пазар кој неминовно ќе се шири и осигурителните компании ќе излезат со нови понуди. Најниската сума за осигурување е 250 евра годишно. ДМинималното времетраење на полисите е 10 години, максималното е 25 години.Добивката која се претпоставува дека ќе ја добиете (не е загарантирана) е некаде околу 50% за времетраењето на полисата,тоа значи ако договорот Ви е склучен на 10 години, годишната добивката е 5%,на 20 години е 2,5 %, а на 25 години 2 % годишна добивка.

За разлика од полисите, кај сите останати инвестициите времето игра за Вас и Ви оди во прилог, колку е подолго времетраењето на инвестираните средства добивката е поголема. Во првите 3 години, не можете да го прекинете договорот, ниту да ја намалите висината на договорената сума доколку не сте во можност да ја плаќате. Сигурност постои,но секое правно лице или акционерско друштво може да отиде под стечај или ликвидација, ризик секако постои. Во време кога финансиските продукти на пазарот се менуваат и се појавуваат подобри, внимавајте на клаузулите и времетраењето на договорите кои ги склучувате. Доколку договорите подлежат на меѓународни закони ,проверете дали Р.М. има потпишано взаемен договор (ратификација) со посочената земја, во спротивно тие договори подлежат и за нив важат постоечките закони на Р.М.

За инвестирањето во недвижност (недвижност во која не живеете и ја користите, која ќе ви генерира приход) нема што многу да се каже.Освен што е потребен голем почетен капитал, во одредени циклуси нивната цена варира, и во одредени случаи ликвидноста може да биде проблем (доколку ви затребаат средства ненадејно помали од вредноста на недвижноста, не можете да продадете само дел од станот, потребен ви е купувач….итн).

Златото е инвестиција која не е достапна на нашиот пазар,и по закон не можете да купувате да купувате златни шипки во странство.

Индивидуалното инвестирање во хартии од вредност се можност за која е потребно висок почетен капитал, време, знаење, добивање на релевантни информации,читање на финасиски извештаи на компаниите каде сакате да вложувате,да го дисперзирате ризикот,трошоци при секоја трансакција на берза. По закон како физичко лице не можете да купувате хартии од вредност на странски берзи.

Од пред неколку години на нашиот финансиски пазар,откако се создадоа услови и се донесе законот за инвестициски фондови во 2000 год., се формираа Друштва за управување со инвестициски фондови кои добија дозвола да формираат отворени инвестициски фондови.

Што се инвестициски фондови?

Отворените инвестициски фондови (ОИФ) (посебна форма на имот), претставуваат институции за колективно инвестирање т.е професионално управувани форми на инвестирање, кои се основаат со цел здружување на парични средства од домашни и/или странски физички и/или правни лица, кои потоа се вложуваат на светските и домашниот пазар на капитал во најразлични хартии од вредност: акции, обврзници, записи, депозити,злато и сл. Со собраните средства во фондот управува Друштво за управување со инвестициски фондови(ДУФ). Професионалниот тим прави стратегија, анализа на компаниите, со што заштедувате време, читање финансиски извештаи, ги елиминирате сите фактори кои се пречка кај индивидуалното инвестирање. Имотот на инвестицискиот фонд е во сопственост на неговите членови пропорционално во однос на нивното учество во фондот и истиот е одвоен одДУФ. Во Р. Македонија работењето на Инвестициските фондови и Друштвата за управување со инвестициски фондови е регулирано со Законот за инвестициски фондови (Службен весник на РМ бр. 9/2000 и 29/2007.

Минималната дефинирана сума за уплата е 1000 денари по закон, сума која го урива митот дека за да бидеш инвеститор треба да се има голем почетен капитал. Сметката на фондот се наоѓа во т.н. Депозитарна банка која има за задача да ги изврши налозите дадени од ДУФ за уплата на средствата,но истовремено исто како и КХВ , да врши строга контрола во работењето на фондот, со што максимално се штити секој инвеститор. Дури и банката да има проблем со своите штедачи, средствата на сметката на фондот не можат да се искористат за исплата на штедачите. Средствата од фондот се вложуваат во светски и домашни стабилни компании (некаде помегу 50-200) со што се дисперзира ризикот (позната ни е поговорката сите јајца не се носат во иста кошничка). На тој начин, во зависност од средствата кои сте ги уплатиле, станувате акционер во купените компании, преку купените удели од фондот.
Инвестициски фондови во светот постојат повеќе од 100 год. Тие се најсериозни играчи на светските берзи.70-80 % од трансакциите ги прават токму тие. За време од 100 год.колку што постојат берзите, со сите подеми и падови, просечен годишен раст на берзите изнесува 12-15%, што само укажува на фактот дека на среден и долг рок хартии од вредност носат најголем принос.
Доколку ви се потребни средства, преку барање за откуп на уделите (сите удели или дел), заедно со добивката, ДУФ најдоцна во рок од 7 дена ги исплаќа на трансакциска сметка која сте ја доставиле, со што средствата се ликвидни.

Сите овие карактеристики ја доближуваат и дефинираат оваа инвестиција најблиску до идеална според параметрите сигурност, ликвидност и добивка. Секако дека пред да се одлучите да го направите првиот чекор, треба да се информирате и да направите план за остварување на Вашите финансиски цели како што се дополнителна пензија, фонд за школување на децата, купување стан,куќа,автомобил,патување од соништата…

Aвтор: Емилија Али е овластен соработник на Синергија Плус – Прва Агенција за финансиска писменост во Македонија. За повеќе информации за како помудро со личните финансии посетете го веб порталот на http://www.sinergijaplus.com/

Категории: Емилија Али, Лични финансии

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·