• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Благоја Грубор / Современата организација помеѓу хиерархискиот и тимскиот начин на менаџирање

Современата организација помеѓу хиерархискиот и тимскиот начин на менаџирање

07.06.2011 Категории: Благоја Грубор, Тимска Работа

Начинот на менаџирањето на работата во организациите во развиениот свет во текот на последните неколку децении постојано се менуваше. Традиционалниот, хиерархискиот, начин се напушташе и се прифаќаше начинот кој се базираше на тимската работа. Промените во начинот на менаџирањето на работата во последните две децении од минатиот век во голема мерка се однесуваа на воведувањето на тимската работа. Но, воведувањето на тимската работа беше усмерено кон ниското и средното организациско ниво. Врвниот менаџмент ја посакуваше тимската работа на овие организациски нивоа, бидејќи на тој начин се зголемуваше продуктивноста на организацијата.

Во овој период тимската работа ретко се применуваше во организациските хиерархиски врвови. Топ менаџментот сè уште цврсто се држеше за хиерархискиот начин во менаџирањето на работата и за функционалната поделба на задачите. Тој продолжуваше со традиционалните раководни должности како: наредување, влијание, убедување, одобрување, организирање и делење награди за добра изведба. Новиот начин, тимскиот, кој содржеше: слушање, соработување, добивање поддршка за одлуките, практикување консензуален процес на одлучување и водење партиципативни состаноци, сè уште му беше туѓ и неприфатлив.

Карактеристиките на традиционалниот начин
Во традиционалниот начин менаџерот е технички експерт. Во комуницирањето со подредените тој користи директивен, категоричен стил. Сите информации ги процесира и им ги соопштува на вработените. Односите помеѓу менаџерите и вработените се базирани на „ние“ и „тие“ разлики. Ги развива групните цели и го дефинира начинот како работата да биде извршена.

Во хиерархиските организации одлучувањето е во исклучива надлежност на менаџерите. Тие имаат улога на единствени одлучувачи, делегирачи, презентери и тренери. Вработените работат одвоено еден од друг. Заедно се само за да се информираат еден со друг или за да решат проблем кој се однесува на целата група. Работата на групата е раководена и надгледувана од менаџерот.

Што не може да се реализира на традиционалниот начин?
Секако дека тимскиот начин има повеќе предности во однос на традиционалниот, но две од нив треба посебно да се нагласат, затоа што се суштински. Имено, практикувајќи традиционален начин организациите не можат да реализираат две придобивки, кои се карактеристични за тимската работа. Прво, поради пренагласената специјализација и стеснетиот опсег на индивидуалните активности, компетенциите на вработените не се искористуваат целосно. И, како второ, поради непрактикувањето на тимската работа не е можно користење на придобивките на синергијата. Зошто е ова битно? Затоа што на овој начин организациите ги губат оние ефекти, кои не можат да бидат постигнати со индивидуални напори.

Традиционалниот начин има ограничувања
Традиционалниот начин индивидуалните активности ги дефинираше доста ограничено. Пренагласената специјализација и стеснетиот опсег на индивидуалните активности многу го отежнуваа решавањето на проблемите кои вклучуваат неколку задачи, или проблеми од неколку оддели или сектори. Неретка беше појавата проблеми да „паѓаат“ помеѓу стеснетите опсези на индивидуални активности, а таму немаше кој да ги решава проблемите. Немаше, затоа што никој не се чувствуваше надлежен, никој не се чувствуваше како „сопственик“ на проблемот. Во такви ситуации вработените застапуваа еден став, кој го искажуваа со изјавата: „Тоа не е моја работа.“ Ваквите ситуации значително ја намалуваа ефективноста на организациите.

Карактеристики на тимскиот начин
Во тимскиот начин вработените преземаат повеќе одговорност на тој начин што навлегуваат во областа која порано беше резервирана за менаџерите. Со тоа се менува улогата на менаџерите, но исто така се менува и улогата на вработените.
Вработените партиципираат во поставување и интерпретирање на групните цели и во дефинирањето како да биде извршена работата. Ваквиот начин бара „партнерски“ односи помеѓу менаџерите и вработените. За да ова биде возможно тимската работа мора да биде структуирана во организациите. Овие услови ја овозможуваат појавата на синергијата во тимската работа, која овозможува креативен и продуктивен излез.

Aвтор: М-р Благој Грубор е магистер по менаџмент на човечки ресурси. Во фокусот на неговиот интерес е тимската работа. Вработен како консултант во Детра Центар, Скопје. Реализира обуки во областа на тимската работа, интегрира оперативни тимови и фасилитира тимски состаноци на работни тимови. За да ги видите можностите за учење на тимската работа посетете го веб порталот на http://www.detra.edu.mk

Категории: Благоја Грубор, Тимска Работа Тагови: Вработени, менаџмент, организација, Тимска работа

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·