• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Алма Хот / Регенератори за коса

Регенератори за коса

20.03.2012 Категории: Алма Хот, Здравје

Употребата на регенератори за коса е вториот, но не помалку битен чекор кон здрава и сјајна коса. Регенераторот ја храни и ја негува косата и ѝ ја дава потребната хидратација, притоа правејќи ја да изгледа сјајна и здрава. Без разлика на типот на косата и без разлика дали таа е здрава или оштетена, дали ја има природната боја или, пак, е бојадисана, сепак, пожелно е да се користи регенератор.

Потенцијал на пазарот
Побарувачката на производи за нега на косата, во согласност со развивањето на технологијата е во пораст. Регенераторите за коса се важна компонента за нега и заштита на косата. Денес, сè повеќе се нагласува убавината што треба да биде негувана, а негата се постигнува со различни козметички производи што постојано се присутни на пазарот, но и во медиумите. Поради тоа имаме ситуација во која жените и мажите, следејќи ги трендовите, се во постојана потрага по оној производ што ќе им донесе одлични резултати. Најчесто, жените се окупирани со идејата за убава, сјајна и здрава коса. Поради ова, тие посегнуваат по регенераторот за коса, чиишто состојки ја негуваат косата и ги овозможуваат бараните карактеристики за убава и здрава коса.

Што е, всушност, регенератор за коса?
Терминот означува дека средството што се користи ги има потребните состојки што по одреден период на користење ќе ја обноват или ќе ја преродат косата. Во зависност од типот на косата, потребно е да се избере различен вид регенератор што ќе обезбеди обновување и заштита токму на таа коса.

Регенераторот за коса ја менува текстурата и надворешниот изглед на косата. Тие се користат за да ѝ ја дадат на косата потребната дополнителна нега и храна, особено по нанесувањето и триењето на косата со шампонот. Денес, по долгогодишниот напредок на технологијата и многубројните иновации, многу од произведувачите на шампони го вклучуваат и регенераторот за коса во шампоните, со што се олеснува процесот и се намалува времето за миење на косата. Сепак, за поголем ефект и позначајни резултати пожелно е да се користи регенераторот за коса по нанесувањето на шампонот.

Примарната функцијата на регенераторите за коса е отстранување на вишокот на себум (масна материја што ја лачат лојните жлезди. Тие ја штитат кожата и косата, но вишокот на себум ја прави косата мрсна и создава лош мирис). Регенераторите за коса се збогатени со витамини, протеини и екстракти од овошје, што придонесуваат за зголемување на сјајноста, густината и хранливоста на косата.

По нанесувањето на шампонот и негово втривање, косата станува чиста и уредна. Кога сета нечистотија ќе се отстрани, изгледот на косата е многу подобар. Но, со користењето на регенераторот за коса се враќаат сите потребни состојки што можат да се изгубат во текот на миењето. Со развивањето на технологијата за производство на регенераторите за коса, некои од нив содржат состојки што ја прават косата погуста и побујна, но во исто време и лесна за чешлање и средување.

Историја на регенераторите за коса
Со векови природните масла се користат со цел да ја обноват косата. Овие природни производи сè уште се користат, вклучувајќи разни видови на есенцијални масла. Денешните регенератори за коса се претпоставува дека датираат од почетокот на дваесеттиот век. Во 1900 година, познатиот произведувач на парфеми „Ед Пино“ го презентирал својот производ наречен брилијантин. Производот бил презентиран во Париз. Неговиот производ бил наменет за омекнување на машката коса, вклучувајќи ги брадата и мустаќите. По пронаоѓањето на овој производ и со текот на развивањето на технологијата за производство на регенератори за коса, произведувачите настојуваат во регенераторите да вклучат и други состојки, како што се силиконите, масните алкохоли и состојки на кватернарни амониум соединенија. Со овие соединенија се добиваат одредени придобивки, како што е отстранување на чувството на мрсна и тешка коса.

Според друга верзија, хемичарот Ханс Шварцкопф, кој имал своја продавница уште од 1898 година, продавал шампон во прав што можел да се раствора во вода како алтернатива за грубите сапуни и скапите масла што се користеле во тоа време, за во 1928 година да го произведе и првиот регенератор за коса.

Видови регенератори
„Leave-in“ регенератори – овие регенератори не се плакнат, а најчесто се произведуваат во облик на спреј или крем. Соодветни се за тенка и слаба коса.

Интензивни регенератори – овие регенератори се познати по своето дејство на длабинско хранење на косата. Дејствуваат како блага маска и ја освежуваат на косата. Го враќаат сјајот, мекоста и цврстината на косата, што претходно била оштетена поради честа употреба на препарати за бојадисување на косата или употреба на фен. Дејствуваат и на коса што претходно била изложена на различни надворешни влијанија како што се: сонце, дожд, морска сол или хлорирана вода.

Вообичаен регенератор – најчесто се користи за нормална коса што не е многу оштетена и на која ѝ е потребно само да ги зачува сјајот и цврстината.

Реконструктивни регенератори – овој вид регенератори се најинтензивни во однос на дејството на косата, затоа што имаат одредени состојки што ги обновуваат влакната. Наменет е за коса што била хемиски третирана, на пример, при ондулација. Регенераторите за длабинско третирање на косата содржат формули од различни состојки меѓу кои најзначајни се протеините, што овозможуваат зајакнување на веќе ослабената, оштетена или исушена коса.

Поради различните видови регенератори што имаат свои специфични состојки и дејства, потребно е внимателно да се избира регенераторот и изборот да биде соодветен на косата и состојбата во која се наоѓа таа. Така, за сува и тенка коса може да се препорача и да се купи регенератор што има способност да обезбеди хидратација на косата. За мрсна коса може да се препорача регенератор што не содржи масло, додека за оштетена коса регенератор што во себе содржи протеини.

Најчести состојки и нивната функција
Постојат разни видови состојки што се користат за производство на регенераторот за коса, што имаат различна функција и различно дејствуваат на косата. Токму затоа состојките се избираат внимателно со цел да се обезбедат најдобрите можни резултати.

Acidifier – соединение што ги отстранува мастите. Ѝ помага на косата да стане помазна и со помалку првут со што сјајноста на косата ќе дојде до израз. Лимонската киселина е најчесто употребувана за да се постигнат овие резултати.

Антистатични состојки – помагаат да се намали електрицитетот на косата, правејќи ја полесна за одржување.

Есенцијални масни киселини – се наоѓаат во природните масла и можат да ѝ помогнат на сувата и оштетена коса да стане помека и поеластична. Кога се мие косата, голем дел од природниот себум се отстранува, така што овие масла помагаат за негова регенерација.

Мириси – најчесто тие се синтетички.

Состојки за постигнување сјајност на косата – овие состојки се козметички. Најчесто се употребуваат диметикон или циклометикон (многу светли масла добиени од силикон). Тие остануваат на површината и кога се користат во помали количества рефлектираат светлина. Исто така, тие се најдобри состојки за контролирање на витканата коса.
Хидролизирани протеини – ѝ ја даваат на косата потребната цврстина што ѝ е потребна во ситуации кога често се користи фен или кога косата често се навиткува.

Масла – маслата како што се масен алкохол, пантенол и диметикон помагаат во отстранување на заплетканоста на косата.

Хидратантен крем – помага за подобра хидратација на косата.

Полимери – се врзуваат за клетките на косата, давајќи им дополнителна сила.

Конзерванси – тие се потребни за некои од состојките, особено на оние природните, што многу често можат да деградираат при изложеност на воздух.

Sequestrant – му помага на регенераторот за коса да дејствува и во тврда вода.

Топлински заштитници – ја штитат косата од прекумерна топлина, како што е сушењето на косата со фен или од постојано пеглање.

Регенераторите за коса го олеснуваат одржувањето на косата и прават таа да изгледа поздрава, посјајна, негувана. Според типот на косата се избира и видот на регенераторот. Со помош на состојките на регенераторот сувата и оштетена коса ќе биде заменета со густа и мазна.

Преземено од: Таргет – специјализирано списание за трговија со стока за широка потрошувачка www.target.com.mk

Категории: Алма Хот, Здравје Тагови: Заштита, Коса, Нега

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·