• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Благоја Грубор / Патот на тимот до ефективност и ефикасност

Патот на тимот до ефективност и ефикасност

16.12.2011 Категории: Благоја Грубор, Тимска Работа

Ефективен и ефикасен тим?

Да, но, како тој се создава?

Дали тимот веднаш по формирањето може да тргне „со полна брзина“ во решавање на тимската задача? Секако дека тимот, како и многу други работи во животот и природата, не е во состојба веднаш по формирањето да го даде својот максимум. Нормално е тимот да има почеток во тимската работа, потоа да има развој, и дури потоа да ја достигне фазата во која неговата работа ќе може да дава полн ефект. Значи, на тимот му е потребен некој развоен пат, кој тој треба да го помине, за да се развие во ефективен и ефикасен тим.

Зошто тимот веднаш по формирањето не може да тргне „со полна брзина“ во решавање на тимската задача? Тимот се состои од луѓе кои меѓу себе се различни во многу нешта, и кои, нaјчесто, претходно не се познавале. Така, на пример, тимските членови може да се разликуваат меѓу себе во потеклото, искуството и животните стилови. Исто така тие може да се разликуваат и во образованието, возраста, работното искуство и работниот стаж во организацијата. Важни се и разликите во чувствата и идеите околу работата и работното место. Сите овие индивидуални разлики резултираат во разлики во перцепирањето на задачата на тимот.

Што со овие разлики? Разликите помеѓу тимските членови се голема опасност за кохезијата на тимот, која во почетокот на тимската работа не е изградена. Низ процесот на градење на тимска култура сето тоа треба да се усогласи, односно да се акцентираат и развиваат добрите работи, а да се променат или држат под контрола непожелните работи. Затоа на тимските членови ќе им треба време да се запознаат и да се навикнат да работат заедно. Тоа никогаш не е лесен процес, и не успева секогаш.

За да тимот стане ефективен и ефикасен, тој мора да помине одреден пат на развој, тимски развој, по кој, низ неколку фази, ќе дојде до фазата кога ќе го опоравда своето постоење, односно кога ќе ја постигне целта заради која е формиран.

Тимски развој
Замислете си тим со задача да развие нова услуга за клиентите. Во почетокот на тимската работа тимските членови ќе се однесуваат резервирано. На групните интеракции тие ќе им пристапуваат претпазливо, особено ако не се познаваат еден со друг пред да станат членови на тимот. После кратка фаза на запознавање, тие најверојатно ќе доживеат конфликт. На површина ќе излезат нивните разлики во мислења. Како резултат на овие разлики членовите нема да се согласуваат околу значајни работи во извршувањето на тимската задача.

Тогаш тимските членови ќе работат на задачата сè додека не постигнат консензус или компромис. Одлуките постигнати низ компромиси и консензуси ја обезбедуваат насоката на тимскиот развој, според која тимските членови и понатаму ќе соработуваат за да ги извршат нивните задачи. Соработката на оваква основа им овозможува на тимските членови да се надоградуваат и со тоа тимот навлегува во продуктивната фаза, во која што задачата се комплетира и новата услуга е развиена.

Откако работата на тимот е завршена, тој може да се распушти. Во иднина некои од тимските членови може да бидат вклучени во други тимови. Во работата на тие тимови тие ќе го вградат искуството од работата во овој тим.

Целта на овој пример е да, во кратки црти, илустрира како процесите во тимската работа и интеракциите меѓу тимските членови се менуваат со текот на времето. Се мисли на процесите на развој на тимот.

Не е спорно дека секој тим на свој начин е уникатен, но, во својот развој најголем дел од тимовите следат еден шаблон на тимскиот развој, кој е сличен на погоре опишаниот пример. Разбирањето на процесот на развој на тимот е важно за правилно сфаќање на промените кои се случуваат во тимската работа.

Во контекст на примерот треба да се спомене дека некои тимови се релативно постојани и не се распуштаат затоа што нивната работа е тековна.

Во процесот на тимски развој е обично се разликуваат следните пет фази:

1. Формирање
Фаза кога членовите на тукушто формираниот тим се запознаваат еден со друг. Фаза кога тие истражуваат што ќе се работи, како ќе се работи и како тие ќе бидат прифатени од другите тимски членови. Исто така, тие ги проценуваат и меѓусебните улоги или влијанија во тимот.

2. Превирање
Фаза кога тимските членови отворено зборуваат за своите идеи и мислења и за своите несогласувања со другите членови. Тогаш тие ја разгледуваат суштината на меѓусебните разлики. Во оваа фаза членовите, може да се рече, се мачат околу намерите и целите на тимот. Исто така, во оваа фаза, тимските членови се натпреваруваат меѓусебе за водство и влијание во тимот.

3. Нормирање
Фаза кога тимската работа е стабилизирана, кога нормите за заедничкото работење се дефинирани и кога во тимот почнува да се чувствува кохезијата. Фаза кога тимските членови успеале да ги избегнат сите замки на претходната фаза и се на вистинскиот пат кон целосно извршување на тимската задача.

4. Извршување
Фаза кога тимот станува ефективна и ефикасна работна единица и кога тој произведува резултати. Оваа фаза е најважна во тимското постоење и работење, затоа што во неа тимот го реализира најголемиот број на тимските активности со кои ги постигнува тимските цели. Но, за да тимот дојде во оваа посакувана и целна фаза на своето постоење и работење, тој мора да помине низ претходните фази. Должината на оваа фаза најмногу зависи од големината и комплексноста на тимската задача.

5. Разделување
Фаза кога тимот сфаќа дека неговото време како целина е завршено. Тимот се распушта и членовите се разделуваат. Кога тимот ќе дојде до оваа фаза и како таа ќе изгледа, зависи од повеќе фактори, но, како најважни се сметаат успешноста во минењето низ фазата превирање и типот на тимот.

Поголемиот дел од тимовите минуваат низ сите погоре споменати фази на тимскиот развој и при тоа го запазуваат редоследот на фазите. Но, тоа не е случај со сите тимови. Некои тимови се движат побрзо низ фазите, а некои поспоро. Разлики постојат и во задржувањето во фазите, односно времетраењето на секоја фаза може да биде различно за различни тимови. Некои тимови во некоја фаза се задржуваат подолго време, а во некоја пократко време.

Посебно интересно во однос на тимското движење низ развојните фази е тоа што движењето низ фазите не е секогаш нанапред. Некои тимови може да се вратат наназад, особено од втората во првата фаза или од третата во втората фаза. Некои може да се „заглават“ во некоја фаза и да останат таму. Кај некои тимови петата фаза може да дојде предвреме, поради неуспешна работа.

Важно е да се напомене дека не треба да се сфати дека фазите во тимскиот развој се јасно разграничени. Напротив, тие се прелеваат една во друга и не е лесно да се разграничат. И на познавачите им се случува да бидат во дилема за моменталната фаза во која во моментот се наоѓа тимот.

Сепак, искуството покажало дека петофазниот процес на тимскиот развој е доволно чест за да може да биде прифатен како меродавен за најголемиот број тимови.

Следна поврзана статија: Формирање на тимот

Категории: Благоја Грубор, Тимска Работа Тагови: задача, пат, развој, резултат

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·