• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Алма Хот / Како да се биде општествено одговорен

Како да се биде општествено одговорен

12.01.2012 Категории: Алма Хот, Бизнис

Да се биде општествено одговорен значи да се изнајдат различни начини за инвестирање во она што е највредно. Потребно е да се соберат идеи за начините на кои може да се инвестира во нешто што ќе придонесе за подобрување на нечиј живот или, пак, ќе помогне некому кога му е најтешко. За да се оствари тоа, кај секого од нас, потребно е да постојат и да се негуваат вистинските вредности на живеењето и да постои развиена свест за заемно помагање. Целта секогаш треба да биде развивање на меѓучовечкиот однос што подразбира давање од луѓе за луѓе, со други зборови, вреднување на човечноста во себе и човечноста на другиот.

Секако, освен донирањето, компаниите можат да бидат општествено одговорни на тој начин, што ќе придонесат за развивање на одредени уметности или спортови. Ова може да се реализира преку спонзорирање на одредени спортски натпревари, културни манифестации, концерти, организирање настани за промоција и едукација на теми поврзани со: здравството, социјалната заштита, заштитата на лица со инвалидитет, крводарителството, детската заштита, заштитата на животната средина.

Закон за донации и спонзорства во јавните дејности
Во Законот за донации и спонзорства во јавните дејности (Сл. весник, бр. 47/2006) се дефинираат:

Донацијата – доброволна и безусловна помош во пари, добра и услуги што не создава директна корист за давателот ниту обврска за враќање од примателот на донацијата и што може да биде дадена за цели од јавен интерес или поддршка на активностите на примателот.

Спонзорство – според овој Закон, тоа е дефинирано како: доброволна финансиска исплата, давање добра или услуги за конкретен проект и/или активност, што овозможуваат директна корист на давателот, како што се промоција на име, фирма и заштитен знак на давателот на спонзорството.

Под јавна дејност спаѓаат дејностите од областа на: заштита на правата на човекот и граѓанинот, образованието, науката, развој на информатичкото општество и пренос на електронски податоци, културата, спортот, здравството, социјалната заштита, заштитата на лица со инвалидитет, крводарителството, детската заштита, заштитата на животната средина. Поимот јавен интерес подразбира поддржување или промовирање дејности во областа на заштитата на човековите права, промоција на културата, етиката, образованието, науката, развој на информатичкото општество и преносот на електронските податоци, спортот, заштитата на животната средина, социо-хуманитарните дејности, развојот на граѓанското општество, промовирање на крводарителството, промоција на меѓународната соработка и други дејности утврдени со закон.

Според членовите 6, 7 и 8, од Законот за донации и спонзорства во јавните дејности (Сл. весник, бр. 47/2006) се дефинираат:

Давател на донација и спонзорство – може да биде домашно и странско физичко и правно лице. Давател на донација и спонзорство не може да биде физичко и правно лице чиешто дејствување не е во согласност со Уставот, законите на Република Македонија и со меѓународните договори што Република Македонија ги склучила или им пристапила.

Примател на донација – може да биде домашно правно лице, но може да биде и странско правно лице кое има непрофитен карактер за остварување на јавен интерес во друга држава во случаите на елементарни непогоди, природни и хуманитарни катастрофи. Примената донација се користи исклучиво за намената определена во договорот за донација од член 4.

Примател на спонзорство – може да биде домашно правно лице кое врз основа на применото спонзорство ги извршува обврските што произлегуваат од договорот за спонзорство.

Предмет на донација и спонзорство од страна на компаниите можат да бидат:

Финансиски средства
Донирањето или спонзорирањето преку давање на финансиски средства може да се оствари преку:

– Донации од службеници (United Way model). Според овој модел вработените во одредена компанија имаат можност да донираат мал дел од својата плата во доброволни цели. Вработените треба да знаат точно каде одат донираните средства. На овој начин се придонесува во сигурноста на општествената заедница, но и во развивање на филантропијата кај секој вработен посебно;

– Финансирање од фондации – Фондациите работат на принципот на утврдена годишна програма, преку која се реализираат проектни активности чијашто цел е помагање на оние на кои помошта им е најпотребна.

– Програми поврзани со инвестиции (заеми).

– Донации што се добиени од процентот од определена „продажба“ – Овој начин на донирање е интересен за произведувачите или дистрибутерите на прехранбени и непрехранбени производи. Станува збор за продавање производи на кои стои самолеплива етикета дека одреден процент од продажбата на тој производ е наменет за одредени хуманитарни цели. На овој начин компанијата се промовира како општествено одговорна, но во исто време придонесува за подобрување на квалитетот на живеење во општеството.

Секаков вид добра и услуги, вклучувајќи и материјални добра
Донирањето или спонзорирањето на секаков вид добра и услуги, вклучувајќи и материјални добра, од сопствено производство или набавени, може да се оствари преку:

– Донирање освежување или храна за настан што има хуманитарни цели. При организирање на некој добротворен настан, одредена компанија што произведува пијалаци или храна може да донира свои производи за тој настан. Производите ќе бидат дегустирани од страна на посетителите на настанот, тие ќе се запознаат со производот, но од друга страна, компанијата што донирала, ќе биде запомнета како општествено одговорна компанија.

– Ослободување простор за реализација на некој настан.

– Донирање на прехранбени и непрехранбени производи за сиромашни семејства, семејства погодени од природна катастрофа и слично.

Донирање завештанија и други преносни права
Може да се наследува, односно да се прима подарок врз основа на договор за подарок недвижен имот (деловни згради, деловни простории, станбени згради и станови, земјиште и слично). Исто така, можат да се донираат предмети и материјални добра: готови пари, парични побарувања, хартии од вредност и друг подвижен имот.

Даночни поттикнувања на донацијата и спонзорството
Еден од начините за стимулација на донирањето и спонзорирањето, во Законот за донации и спонзорства во јавните дејности (Сл. весник на РМ, бр. 47/2006) претставуваат даночните поттикнувања и тоа кај:

1. Персоналниот данок на доход
Според даночните поттикнувања кај персоналниот данок, на физичко лице кое донира финансиски средства му следува намалување на персоналниот данок за годината во која донирал. Кај овој данок, даночното поттикнување е во вид на директно намалување на данокот, па така за износот на дадената донација се намалува данокот што треба да се плати. Физичкото лице наместо да го плати данокот во полн износ, дел од него може да го донира. Но, во плаќањето на данокот, се вградени две ограничувања:

– намалувањето на данокот треба да биде во висина на дадената донацијата, но намалувањето на данокот не смее да не биде поголемо од 20% од годишниот износ на персоналниот данок што треба да го плати физичкото лице;

– намалувањето на персоналниот данок не може да биде поголемо од 24.000 денари.

2. Данокот на добивка
На даночниот обврзник на данокот на добивка износот на дадената донација во тековната година му се признава како расход во даночниот биланс во вкупна висина до 5% од вкупниот приход. На даночниот обврзник на данокот на добивка износот на даденото спонзорство во тековната година му се признава како расход во даночниот биланс во вкупна висина до 3% од вкупниот приход. Во „Практичниот водич во спроведувањето на законот за донации и спонзорства“ издаден од ЦИРа, 2007 година, даден е следниов пример: „Ако вкупниот приход на фирмата во една календарска година изнесува 1 милион денари, максималниот износ што може да го оствари фирмата како намалување на даночната основа е 50.000 денари ако даде донација или 30.000 ако даде спонзорство:

– доколку даде донација од 25.000 денари, намалувањето на даночната основа ќе биде само за 25.000 денари;

– доколку даде донација 80.000 денари, намалувањето на даночната основа ќе биде само за 50.000 денари (бидејќи 5% од 1 милион е 50.000 денари).

За да се оствари ова, потребно е да се има: донаторски договор, потврда за донацијата, решение за потврдување на јавниот интерес. Ова даночно поттикнување се искажува во даночниот биланс по поднесувањето на годишната сметка за изминатата календарска година“.

3. Данокот на додадена вредност
Ова даночно поттикнување се остварува со обезбедување средства од буџетот на Република Македонија за плаќање ДДВ. Значи, станува збор за т.н. индиректни даночни ослободувања. „Обезбедувањето средства од буџетот на Република Македонија се извршува на ист начин како кај прометот извршен за реализирање на странските донации…“ (член 15, став 1 од Законот за донации и спонзорства во јавните дејности).

За обезбедување средства од Буџетот на РМ за плаќање на ДДВ, потребно е да се достави поднесок до Министерството за финансии. Претходно, потребно е да се извади потврда за регистрација на проектот што служи како уверување за испорачателот дека треба да очекува плаќање на ДДВ од Буџетот на РМ, за потоа да се достави барањето до Министерството за финансии (според „Практичен водич во спроведувањето на законот за донации и спонзорства, ЦИРа, 2007“).

4. Даноците на имот
Ослободување од данок на имот се однесува за имотот што подлежи на данок на имот, што е изграден од донација или, пак, е примен како наследство и подарок. Донацијата во предмети и материјални добра е ослободена од данок на имот во наредните 5 години по годината во која е дадена донацијата.

5. Данокот на наследство и подарок
Може да се наследува, односно да се прима подарок врз основа на договор за подарок недвижен имот (деловни згради, деловни простории, станбени згради и станови, земјиште и слично). Ова даночно ослободување се однесува и за наследување, односно примање подарок кога се наследува, односно прима: готови пари, парични побарувања, хартии од вредност и друг подвижен имот.

Преземено од: Таргет – специјализирано списание за трговија со стока за широка потрошувачка www.target.com.mk

Категории: Алма Хот, Бизнис Тагови: закон, општество, право, спонзор

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·