• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Благоја Грубор / Градење на тимски дух во тимската работа

Градење на тимски дух во тимската работа

15.10.2010 Категории: Благоја Грубор, Тимска Работа

Постоењето на тимски дух во тимската работа подразбира постоење на взаемна почит и взаемна доверба и појава на тимска синергија помеѓу тимските членови. Ова се елементите врз кои се темели тимската работа. Тие имаат суштинско значење за тимската работа, и затоа тие треба да почнат да се градат веднаш, во почетокот на тимската работа, и да се негуваат во текот на целата тимската работа.

Од ова произлегува дека тимскиот дух во тимската работа се гради со практикување на заемно почитување, со градење взаемна доверба и со постигнување на тимска синергија.

Практикување взаемна почит

Може да се рече, покрај другото, дека почитта кон некого е признание за неговата компетентност, која другите ја немаат. Тимската работа постои токму поради тоа што никој не може да биде компетентен за сѐ.

Во тимскиот член почитта кон сотимецот, другиот тимски член, се раѓа на тој начин што тој станува свесен за постоењето на сотимецот и за својата способност да комуницира со него. Значи, почитта се појавува и расте со појавата и растењето на свесноста за сотимецот и комуникацијата со него. Со првиот контакт, а како резултат на претходниот процес, се овозможува појавување на почитта.

Во почетокот на работата на еден тим, посебно ако тимот е нов или има нови членови, терба да се овозможи едно релаксирано меѓусебно запознавање на тимските членови. Ова е потребно за да членовите станат свесни за меѓусебната различност и за компетентноста на останататите членови. Истотака, преку запознавањето, членовите ќе ја отпочнат меѓусебната комуникација. На тој начин, свесноста еден за друг и способноста за меѓусебно контактирање ќе овозможат заемното почитување да постои и да се практикува во тимската работа.
Појавата на почит помеѓу тимските членови е предуслов за градењето на довербата, затоа што изразувањето почит подразбира комуникација, а комуникацијата и почитта водат кон градење доверба.

Градење взаемна доверба

Довербата може да се смета за клучен елемент за успешно тимско извршување. Но, довербата не е секогаш присутна во тимската работа. Недостатокот на доверба редовно се појавува во почетокот на тимската работа. Тогаш членовите се бранат себеси и информациите што ги имаат се додека не се почувствуваат безбедни. Мнозинството од тимските членови веруваат дека личното мислење, ако го изразат, ќе им донесе одредена казна, ако не веднаш, тогаш наскоро.

Кога членовите, во почетокот на тимската работа, почнуваат да стануваат свесни за своите шеми на однесување и за шемите на однесување на другите, се појавува довербата. Взаемната доверба се гради со охрабрување на изразувањето и ценењето на меѓусебните разлики и со овозможување на остварување на меѓусебен искрен контакт. На овој начин се овозможува чувството на елементарна безбедност да надвладее.

Кога взаемна доверба е изградена, нивото на меѓусебната отвореност станува мерило за постигнатата заемна доверба. Ова се манифестира на тој начин што тимскиот член го искажува своето лично искуство во некоја област, иако е свесен дека признавањето на таквото искуство може да го направи ранлив.

Постигнување тимска синергија

Синергија е термин кој се употребува за да се именува односот помеѓу членовите на еден тим, кога целината е поголема од збирот од нејзините делови. Синергијата ја доживуваат тимските членови како форма на поддршка или моќ, кон која тие придонесуваат, но и од која, истовремено, црпат сила.

За да се постигне тимска синергија потребно е тимските членови да работат врз задачата во исто време и во ист простор, односно, заедно. При тоа треба да дојде до израз различното гледање на одделни аспекти на задачата. Овие работни услови ја поттикнуваат креативната енергија и здруженото дејство и овозможуваат да се постигне синергија. Синергијата овозможува тимската ефективност да биде поголема од простиот збир на поединечните ефективности.

Синергија во тимската работа може да се постигне само ако помеѓу тимските членови се практикува взаемна почит и има изградено взаемна доверба.

Тимскиот дух се доживува во работата на успешни тимови.

Aвтор: М-р Благој Грубор е магистер по менаџмент на човечки ресурси. Во фокусот на неговиот интерес е тимската работа. Вработен како консултант во Детра Центар, Скопје. Реализира обуки во областа на тимската работа, интегрира оперативни тимови и фасилитира тимски состаноци на работни тимови. За да ги видите можностите за учење на тимската работа посетете го веб порталот на http://www.detra.edu.mk

Категории: Благоја Грубор, Тимска Работа Тагови: доверба, почит, синергија, успех

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·