• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Aфродита Кермичиева Пановска / Фрли се болен

Фрли се болен

29.12.2010 Категории: Aфродита Кермичиева Пановска, Човечки ресурси

„Фрли се болен“– Како да се соочиме со феноменот на фиктивни заболувања?

„Фрли се болен“ е неформален термин кој го користат вработените, а означува земање на слободен ден на основа на заболување, иако вработениот навистина не е болен. Секоја компанија е жртва на овој феномен, кој е под дејство и влијание на екстерните фактори. На пример, во периодот додека трае светскиот куп забележан е раст на вработени кои земале слободни денови за боледување, додека глобалниот економски пад (вклучувајќи ја и Европа) сигурно придонел до намалување на бројот на вработени кои земале слободни денови. Оваа претпоставка е базирана на фактот дека 11% од испитаниците изјавиле дека опасноста од појавата на „вишок“ ќе ги натера да го намалат бројот на слободни денови кои не се однесуваат на здравствени проблеми.

Оваа појава стекнала голема популарност во последно време како резултат на истражувањето од Аон консалтинг, водечка компанија во областа на менаџментот на ризик и добивка, кое вклучувало 7200 вработени од 10 европски земји (Белгија, Данска, Франција, Германија, Ирска, Холандија, Норвешка, Шпанија, Швајцарија и Обединетото Кралство)

Резултатите од истражувањето биле загрижувачки, но не целосно изненадувачки: 15% од испитаниците, всушност, изјавиле дека последниот пат кога земале боледување не биле воопшто болни. На врвот на оваа табела се наоѓа Шпанија(22%), потоа Обединетото Кралство и Ирска (21%), а веднаш зад нив и Холандија(20%). Данските(4%) и Норвешките(10%) вработени се најмалку склони кон преправање дека се болни, каде мажите (повеќе од жените) се понаклонети кон земање слободни денови од нездравствени причини.

Секоја година вработените во Европа земаат повеќе од 800 милиони слободни денови како боледување. Иако сите тие денови не можат да се поврзат со фиктивното заболување, сепак ако се земе предвид дневното работно време (8 часа), овој феномен ги чини работодавачите милијарда часови изгубено работно време.
Земајќи ја предвид работната сила во истражуваните земји, како и просечниот процент на лажни боледувања (15%), помножен со просечната плата за боледување која се обезбедува од работодавачите, крајната сума за работодавачите изнесува 40 милијарди евра.

Ова може да биде само почетокот на проблемот, всушност, вклучувајќи ја и природата на темата што се истражува, голема е веројатноста испитаниците да не го искажале своето искрено мислење во однос на овој феномен за време на истражувањето. Понатаму, грубо пресметаната горенаведена сума претставува процена која не ги вклучува индиректните трошоци. Како причини за преправање дека се болни, испитаниците ги навеле: потребата да се грижи за некој болен од семејството, примање на работници во нивниот дом, жалење на починат роднина или тагување поради прекинатата романтична врска.

Без оглед на причината поради која вработениот се преправа дека е болен, проблемот е важен и претставува прашање кое работодавачите треба да го научат и да се борат против. Рецептот не е лесен и е дискутабилен, различен е за различни ситуации и организации, но сепак многу е веројатно дека можат да се изложат општите и заедничките принципи.

Една од главните причини, најверојатно, и најглавната причина за овој вид на злоупотреба се поврзува со околностите дека во случај на ненадејна и неочекувана потреба, ова е најлесниот начин кој им е достапен на вработените за тие да земат слободен ден. Всушност, работодавачите донесуваат посебни строги процедури со кои се овластуваат слободните денови на вработените и многу често сите тие процедури бараат дефиниран период на известување. Ова е оправдано со потребата на работодавачот да оценува и одлучува првенствено според потребите на бизнисот, па потоа да се одобруваат отсуствата на персоналот.

Ова се чини дека е јасно забележливо: работодавачите навистина не можат да го ризикуваат тоа што на даден ден секојдневната работна активност може да биде загрозена, поради отсуствата на вработените. Во нивниот процес на одлучување, секако, работодавачите предвид ги имаат крајните рокови, итните и важните работи кои треба да се разрешат, различни обврски спрема потрошувачите и така натаму. За да се скрати долгата приказна, преку процесот на овластувања, работодавачите основно сакаат да бидат сигурни дека отсуството на еден или повеќе вработени нема да влијае врз нивната деловна активност.

Од гледна точка на работодавачите дефинитивно е разбирливо, но сепак не смеат да се игнорираат и погледите на вработените. Во приватните животи на вработените, понекогаш може да се случи нешто неочекувано кое заслужува внимание, грижа и можност за акција, со тоа што тие ќе се чувствуваат поддржани од страна на нивниот претпоставен.

Од друга страна , очигледно е дека сфаќањето и разбирањето треба да биде заемно, со цел да се постигне заемна доверба, искреност и почит, кои се клучот за разрешување на проблемот.
Вработените треба безбедно да одат на работа со знаење дека во исклучителни околности тие ќе можат да се потпрат на политиката која им дозволува да земат слободни денови поради лични причини, кои дури можат да се овластат и преку телефон.
Работодавачите, во исто време треба да се потпрат на фактот дека ако вработените телефонираат дека се болни, тоа е поради тоа што тие навистина имаат некој здравствен проблем.

Очигледно е дека сè уште останува потребата да се дефинира она што секоја организација го смета за „исклучителна околност“, а листата на примери кои се содржани во полисата ќе помогне за подобро да се дефинираат очекувањата на работодавачот при употреба на полисата, сè со цел да се избегне злоупотреба и различни спорови.

Ова исто така може да звучи како нешто што носи промени или продолжување на психолошкиот договор, каде што морално (а не легално) се запишани меѓусебните обврски на работодавачот и вработените. Тоа претставува значаен елемент на доверба и искреност кои треба да се вклучени и „подвлечени“на некој начин.
Воведувањето на пофлексибилни процедури им овозможува на вработените да прашаат за слободни денови од дома, што би можело да биде едно од решенијата, кое навистина може да помогне, но не мора и со сигурност да биде така.

Најпосле, да се навратиме на истражувањето на Еон, каде што мора да се каже дека 56% од испитаниците изјавиле дека нема да одат на боледување, доколку имаат можност за пофлексибилна шема на работни часови или пак „социјални денови“. Не се занемарливи и 15% од испитаниците, кои исто така велат дека поинтересната работа дефинитивно ќе ги задржи да не земаат денови за болест и ќе ги привлече директно во нивните канцеларии. Непотребно е да се каже дека околу 25% од учесниците на панел дискусијата велат дека ќе бидат многу поохрабрени да одат на работа доколку добијат парична стимулација во прилог на нивната основна плата.

Според овие сознанија, јасно произлегува дека со цел правилно да се разреши проблемот, мора да се преземаат мерки кои ќе бидат различни и ќе се движат во пошироки рамки, како на пример, флексибилни работни политики, збогатена работа, работен дизајн и наградни политики, или со други зборови, спроведување на стратегија за човекови ресурси која се базира на пакет пристапи. Истражувањата на Аон покажуваат дека најдобрите начини да се спречат вработените да се преправаат како болни се:
– Воведување на корисни или социјални денови кои ќе може да се користат за немедицински причини (31%)
– Флексибилни работни политики воведување/ продолжување (27%)
– Значајни парични стимулации (25%)
– Обезбедување медицинска грижа на лице место (19%)
– Поинтересна работа (15%)

Овие откритија се за да се зајакне идејата дека, за да се спречи овој проблем, рецептот не се состои од една единствена состојка, туку напротив потребно е да се преземе ефективна контрола врз феноменот, различни МЧР практики треба да се смислат и да се стават на едно место. Уште еднаш пакет пристапот е единствениот пристап кој е ефикасен да се постигне посакуваниот резултат.
Но, бидете свесни дека иако на листата на состојки за рецептот во голема мера може да биде иста, сепак количината на секоја состојка може да се менува од организација до организација, знаејќи дека индивидуалните потреби се неизбежен предуслов.

Aвтор: Автор: Афродита Кермичиева Пановска е основач и сопственик на тренинг центарот ЦС Глобал. За повеќе информации посетете го веб порталот http://www.csglobal.com.mk/.

Категории: Aфродита Кермичиева Пановска, Човечки ресурси Тагови: ден, потреба, проблем, слободен

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·