• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Ана Чучкова / Бајач или психолог

Бајач или психолог

19.10.2010 Категории: Ана Чучкова, Психологија

Што е тоа што луѓето кога имаат одредени потешкотии почесто избираат да одат на бајач, отколку на психолог?

Што е тоа што го нуди психологот, а што бајачот?
Кога доживувањата што се исклучиво интимни и коишто се единственото нешто што ни припаѓа само нам, ги обединува зборот душевна болка, која може да има облик на страв, гнев, лутина, тага, односно сите негативни емоции, кога се наоѓаме во ситуација на тунел чиј излез е многу далеку скриен зад некоја кривина и кога неизвесноста станува неподнослива, природно е луѓето да побараат помош. Во тој момент се осветлува еден сегмент, а тоа е дека веќе оние најблиските како мама, тато, брат, сестра, најдобар другар или другарка не се вистинските луѓе кои можат да ни помогнат. Тогаш клучните прашања што се надоврзуваат на оваа ситуација се каде и кому?

Постојат две можности за избор: Бајач или Психолог!

Прво би сакала да истакнам дека не сум сигурна дали називот бајач е најсреќно одбран. Оние кои се занимаваат со оваа професија и оние кои посетиле барем еден таков човек сигурно многу добро прават разлика. Некои луѓе нив ги викаат гатач, некои велат, „човекот што гледа“. Начинот на кој се кажува тоа „гледа„ и изразот на лицето што го имаат луѓето кога го кажуваат тоа, е нешто што само може да се доживее. Не постојат зборови и начин на кој може да се напише за тоа, и тоа да се доживее. Емоциите кои најчесто се присутни кога се кажува тоа бев кај „Тој и Тој човек што гледа“ се движат од срамежливост до стравопочитување. На тој човек се гледа како на Семоќен, човек кој има магично стапче и ги решава сите проблеми. Во него се верува дека може да излечи и неизлечиви болести, да го врати саканиот, да објасни зошто во животот не ни одат работите така како што сакаме, која е причината што едноставно не ги достигнуваме посакуваните цели, односно се верува дека тој човек може да го забрза движењето кон излезот од тунелот.

Линијата на помал отпор и можноста за пократкиот пат се она што ги мотивира да се обратат кај бајачот. Избирајќи го бајачот одбираат да не зборуваат за себе си и за она што ги измачува, избираат да ја отфрлат личната одговорност и да ја префрлат на другите. Поедноставно им е да поверуваат во црна магија направена од другите, како причина за сите потешкотии и проблеми со кои се соочуваат. Исто така поедноставно и полесно им е да поверуваат во постоењето на човек со натприродна сила кој има способност да ги открие причините и да ги излечи последиците, отколку да размислат за тоа дека решенијата на нивните проблеми се наоѓаат во нив самите.

Изборот на бајач го помага и религијата. Секоја религија се темели на постоење на Семоќен Бог, кој ја детерминира судбината на секој човек. Бог има свои помошници и пророци, а бајачот самиот себе така се претставува и такви се доживувањата за него, дека тој е испратен од Бога да им помага на луѓето. Со ова се истакнува дека постоењето на Бајачите е нешто што директно навлегува во погрешно разбирање на теологијата и психологијата.

Кога човек ќе се обрати кај психолог тогаш тој е подготвен свесно или несвесно дел од одговорноста за сопствениот живот да ја согледа и да ја прифати. Но, кога човек не е подготвен за такво нешто се упатува во работилницата на бајачот каде се сервираат кратки описи за одговорните за проблемите. Тие кратки описи најчесто звучат: „Блиска особа со долга (кратка) коса, ти и веруваш неа, но не би требало“. И ете уште еден проблем наместо решение за првиот. Доколку пак се случи човекот упорно да го негира постоењето на таква особа во неговиот живот од спротивната страна имате одговор „Јас ти кажав, а ти ако сакаш верувај ми, ако не, не мораш“. Кратко и јасно, односно авторитативно и директно.

Тоа е она што психологот сигурно не го прави. Дури и да согледа дека одредена личност има негативно влијание врз клиентот, тој никогаш не посочува и не му го кажува тоа директно, остава клиентот сам да го увиди тоа. Клиентот избира што ќе каже, а што нема да каже, тој самиот избира кога ќе започне да зборува. Психологот само внимателно слуша и се препушта клиентот да го води процесот. Во таа соба личноста може да ги изнесе своите најинтимни доживувања, тајни, грешки што ги направила, слободно да се исплачи без никој да ја осуди, тука се случуваат „Аха доживувањата“ кои носат олеснување, а постепено водат кон мали промени до големи животни одлуки. Во оваа работилница патот низ страшниот тунел не се минува сам. Тоа е атмосфера исполнета со љубов и топлина. Во работилницата на психологот владее почитувањето на личноста во целост и разбирањето.

Придобивките од овој начин на работа се гледаат малку подоцна, но имаат ли луѓето трпение?

Aвтор: М-р Ана Чучкова е главен уредник на првиот весник за психологија и психотерапија Психолог. Спроведува и организира групи за личен раст и развој. За да видите што ќе добиете со психотерапија и учество во групи видете повеќе информации или јавете се: http://www.psiholog.com.mk/?page=sorabotka

Категории: Ана Чучкова, Психологија Тагови: клиент, професија, религија

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·