• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Преземено од / Неделен магазин Капитал / Менаџментот во Латинска Америка

Менаџментот во Латинска Америка

20.09.2023 Категории: Менаџмент, Неделен магазин Капитал

Колективизмот како бизнис-модел
Латинска Америка, поим кој го опфаќа просторот на Централна и Јужна Америка, претставува значаен економски фактор на светската сцена. Регионот е означен како важен во политичко-економските односи со ЕУ и многу важен трговски партнер на САД. На ова предоминантно шпанско говорно подрачје постојат големи сличности во начинот на кој и се пристапува на работата и работните обврски, иако постојат и културолошки разлики меѓу различните земји кои влијаат врз создавањето на специфични работни модели и врз деловното однесување.

Работните модели во Латинска Америка често се дефинираат како мешавина на традиција, религија и сеприсутната глобализација. Во голем број држави од овој регион постојат сериозни социјални проблеми и големо општествено раслојување, како и распространет колективизам со различни последици врз општеството во целина.

Патернализмот е исклучително застапена појава, а работодавците и менаџерите имаат лична обврска да водат сметка за своите вработени и нивните потреби, па дури и за нивните семејства. Тоа не треба да сe зачудува ако се знае дека латиноамериканските фирми главно се организирани по принципот на семејство, така што со нив и се управува на тој начин. Вработените во компанијата во голем степен зависат од луѓето кои припаѓаат на управувачките структури, независно на средниот или највисокиот менаџмент и тежнеат кон нив. За ваквите работни средини е карактеристично избегнување на конфликти меѓу колегите и надредените, а однесувањата кои не се конзистентни со таквите модели се сметаат за нападни и навредливи и најчесто имаат негативен исход. Овие аспекти создаваат исклучително изразена вертикална хиерархија во работното опкружување, што повторно создава недостиг од комуникација од ниските кон високите структури. Со тоа се оневозможува создавање на хоризонтални односи во компанијата, а токму тие се клучни за промовирање на тимската работа и создавање на креативен судир на идеи, кои се задолжителен елемент на модерниот и успешниот менаџмент.

Статусот и неговото значење
Во Латинска Америка статусот е многу важна категорија. Тој укажува на друштвената дистинкција меѓу оние кои се на повисока и пониска положба. Во тој контекст, титулата и работната позиција имаат голема важност, а во голем број земји сè уште постои дискриминација врз основа на социјалната припадност и социјалните одредници. Иако многу работни организации се обидуваат да воведат принципи врз база на егалитарниот дух меѓу своите членови, по пат на разни надзорни одбори и комитети, тоа воопшто не е лесна задача.

Политика на вработување
Наведените корпоративни рамки ја дефинираат политиката на регрутирање или вработување нови работници. Но, во некои земји од овој регион, на вработувањето и промовирањето, покрај неизбежните општествени контакти, големо влијание имаат и физичкиот изглед, возраста, полот, родното место…

Чест случај е компаниите да регрутираат работници за одредена позиција од своите редови, односно од моментално вработените, како и меѓу членовите на нивните семејства. Овој модел создава доверба, лојалност, како и доза одговорност која ја држи и ја поврзува организацијата. Вработените во овие земји начелно ја прифаќаат идејата за поголема инволвираност во процесот на одлучување, иако обично не аплицираат за тоа, сепак, преферираат менаџери кои го преземаат целосниот процес на одлучување и одговорноста, како и оние кои преземаат улога на медијатор меѓу учесниците во конфликтот.

Латинска Америка е особено врзана за шпанското културно наследство и од тој факт произлегуваат многу особености за соработката која се одвива во овие земји. Во сите овие земји односот кон времето е помалку строг во споредба, на пример, со Северна Америка, така што работните доцнења од 30 минути се сосема нормални. Затоа, во ситуациите кога е важно да не дојде до недоразбирање да се посегне по јасна дефиниција на времето, која подразбира два изрази. Првиот е ”la hora inglesa” и означува англиска перцепција за време и точност, додека другиот извор ”la hora espanol” го подразбира несериозниот пристап за назначување на времето за состанок во “латински стил”.

Тамошните луѓе во текот на комуникацијата може да бидат многу непосредни и да манифестираат блискост, што може да вклучува и физички контакти, па не треба да нè зачуди ако латиноамерикански бизнисмен во текот на разговорот неговиот соговорник го фати за лактот или под рака, на тој начин манифестирајќи ја довербата која ја има во него.

За работните луѓе од овој регион е карактеристично тоа што уживаат во друштвениот неформален разговор, па нормално е на разговорот за работа да му претходи несериозен разговор. Многу се заинтересирани да ја запознаат личноста и карактерот на оној со кој разговараат, бидејќи акцентот повеќе го ставаат врз некој како личност, наместо како претставник на компанијата.

Преговарање за работа
Преговарањето со соработниците од Латинска Америка може да биде исклучително тешко, а многу е важно во текот на состанокот да фаќате забелешки за подоцна да избегнете евентуални конфликти. Работните состаноци секогаш треба да ги организирате со оние кои одлучуваат. Во спротивно, работните предлози мора да поминат низ бројни хиерариски нивоа додека не дојдат до одговорните луѓе, па за нивно одобрување е потребно повеќе време.

Многу е пожелно да ги познавате луѓето со кои планирате да работите и паралелно со работните да градите и пријателски односи, бидејќи оваа културолошка особеност е многу важна во поголемиот број од латиноамериканските земји. Исто така, треба да се има на ум емотивната чувствителност на луѓето од ова поднебје и нејзиното неодвојување од работниот живот, па затоа е најдобро во текот на бизнис-преговорите да се избегнуваат крути ставови и нефлексибилност. Тие, како и пресијата, создаваат негативни ефекти.

Многу е важно во текот на преговорите да се одржува контакт со очите, бидејќи тоа ќе се сфати како знак дека во прашање е личност на која може да и се верува. Во некои земји, како, на пример, Венецуела, особено е важно иницијативата за разговор да им се препушти на домаќините, а во други, како, на пример, во Бразил, упаѓањето додека некој друг зборува е многу застапено, бидејќи тоа се перципира како како знак за ентузијазам, а не на лоши манири. Исклучително е важно да се биде внимателен со изјави кои може да се сфатат како забелешки на сметка на личноста, земјата или тамошната култура.

Треба да се има на ум:
• во бизнис-преговорите треба да се избегнуваат разговори за политика.
• знакот за “ОК”, кој се формира со палецот и показалецот, е многу навредлив и офанзивен во Бразил.
• ставањето на рацете на колковите во Аргентина сигнализира предизвик, а држењето на рацете во џеповите во Мексико е знак за лоши манири.
• Латинска Америка е главно католичка и патријахарна средина, каде што сè уште е застапен ставот дека машките се тие кои работат, а жените се тие кои се дома и се грижат за семејството.

Преземено од: Неделен магазин Капитал

Категории: Менаџмент, Неделен магазин Капитал

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·