• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Тања Чачорова Илиевска / Сиромаштија – судбина или состојба која се контролира?

Сиромаштија – судбина или состојба која се контролира?

20.09.2023 Категории: Тања Чачорова Илиевска, Финансии и Инвестиции

Живееме во тешко време на финансиска криза, беспарица, заглавени во борбата за егзистенција, секој ден прашувајќи се како ќе ги задоволиме најосновните животни потреби.

Струјата ми е исклучена, но немам пари да ја платам…
Телефонот ми е исклучен во еден правец поради неплаќање
Ме отпуштија од работа…
Не можам да најдам работа.
Немам пари да си го школувам детето.

Ова се само мали извадоци од секојдневните животни приказни на сè поголем број граѓани во Македонија кои спасот од тешката финансиска состојба најчесто го гледаат во позајмиците. Оние пак кои веќе користат краткорочни заеми, молат истите да им се заменат со подолгорочни, несвесни, а некои дури и свесни, дека со понатамошното позајмување стануваат долгогодишни заложници на сиромаштијата. Пред шалтерите на комерцијалните банки долги се редиците составени од луѓе кои чекаат да ги поднесат документите потребни за да добијат заем. А просечниот долг пак, кон банките изнесува 2.200 евра по глава на жител.

Банките пак, како последица на големата побарувачка на кредити, од една страна, и сè почестите случаи кога граѓаните немаат можности истите да ги отплатат во целост, од друга страна, воведуваат поригорозни критериуми при оценувањето на документите за кредитна способност на граѓаните врз основа на кои им се одобруваат кредитите. Исто така, зголемени се и каматните стапки на кредитите. Банките се поригорозни и во контролата за отплата на ратите од кредитот и веднаш реагираат, и за најмало задоцнување. Чести се тужбите од банките за неплатени рати или ненавремено плаќање на рати за кредит, а тоа значи и дополнителни трошоци по граѓаните.

Прашање е колкумина од оваа категорија на граѓани која живее на вересија, за жал не така малобројна во Републиката, се свесни за цената на чинење на кредитите во моментот кога ги поднесуваат документите за добивање на кредит од банките. Колкумина од нив ги познаваат механизмите кои ги вовлекуваат сè подлабоко и подлабоко во должничко ропство?

Не помалку тажна и тешка е и состојбата на онаа категорија на граѓани, кои спасот од финансиската криза во која се западнати, го бараат во позајмици од лихвари. Во вакви пак случаи, релативно чести се и физичките пресметки и ликвидации помеѓу должниците и доверителите.

Кој е виновен за ваквата состојба? Ова прашање често се поставува, барајќи го виновникот. Дежурен виновник е се разбира државата, Владата, па потоа работодавецот кој дава мала плата или ви дал отказ, потоа банките кои успеале да ве заведат со својата агресивна реклама и успеале да ви го исперат мозокот со невистини дека должничкиот живот ќе ве направи богати и среќни, во стилот на кампањите Имаш и кога немаш и други слични.

Но, знаете ли што? Воопшто не е важно кој е виновен! Вистината е дека не можете да бидете богати во новчаникот додека не станете богати во главата.

Затоа, престанете да трошите време и енергија во изнаоѓање на виновник за претешкиот и прескап живот на вересија. Насочете се кон она што е поважно: Научете зошто на некои луѓе им се случува сето тоа? Кои се механизмите кои создаваат обврски? Научете како функционираат каматите и каматно каматните ефекти?

Насочете се кон препознавање на проблемот, зашто само така имате можност да дојдете до решение на истиот. Отфрлете ја теоријата на толпата дека кредитите се нужно зло. Откријте дека секој, доколку сака, може да ги елиминира кредитите ако истите го вовлекуваат во должничко ропство и го осиромашуваат.
За почеток, научете како функционираат парите. Немојте ова да го сфатите како догма, бесмислена философија или слично. Запрашајте се: Зошто богатите стануваат сè побогати, а сиромашните сè посиромашни?

Денес се соочуваме со сериозна промена на демографската структура на населението, не само во Република Македонија, туку во целиот свет. Имено, средната класа полека, но сигурно исчезнува, како што е сигурно дека ледот од северниот пол се топи. За сметка на тоа ниската класа, сиромаштијата, расте. Тоа може да се забележи од фигурата прикажана подолу. За експертите од оваа област, ваквата промена на демографската структура на населението е сериозен проблем од глобален карактер.

Многумина имаат погрешно сфаќање во врска со овој проблем. Мислат дека лесно се станува богат доколку се има почетен капитал. Како ќе се објаснат тогаш банкротствата што им се случуваат и на екстремно богатите луѓе и да ги доведат до просјачки стап? Можеби ќе дојдете до вистинското решение на проблемот доколку сфатите дека богатите стануваат сè побогати затоа што знаат за начинот на функционирање на парите повеќе од останатите луѓе. И токму оние богати луѓе кои ја знаат функцијата на парите, ги вложуваат своите средства во инвестиции кои создаваат имот на кој постојано му расте вредноста, а со тоа расте нивното богатство. Тие постојано ја зголемуваат својата актива (имот) преку ставки кои носат пасивен приход за покривање на нивните трошоци и обврски без притоа да работат, а згора на сè остануваат доволно средства за нови инвестиции.

Немојте да им завидувате на богатите, станете еден од нив. Престанете да живеете од плата до плата.
Научете да создавате за себе можности за дополнителни извори на приход, покрај платата, научете да ја планирате финансиски својата иднина.
Почнете да го живеете менталниот склоп на богатите во светот на парите.
Почнете да живеете живот без кредити, без хипотеки, без минуси и без други долгови.

Aвтор: Тања Чачоровска Илиевска е овластен соработник на Синергија Плус – Прва Агенција за финансиска писменост во Македонија. За повеќе информации за како помудро со личните финансии посетете го веб порталот на http://www.sinergijaplus.com/

Категории: Тања Чачорова Илиевска, Финансии и Инвестиции

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·