• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Марија Мојсоска / Глобални трендови во академската online заедница

Глобални трендови во академската online заедница

20.09.2023 Категории: Марија Мојсоска, Маркетинг

Интернет, нови медиуми, информации, динамика… Ова се зборовите што ја симболизираат последната деценија. Преку практична примена на она што го симболизираат е детерминирано и функционирањето на секоја општествена сфера. Да се биде инкорпориран во информатичкото општество значи и да се биде адаптиран на комуникациските стандарди кои консеквентно водат кон развој.

Првата генерација на глобалната мрежа, таканаречениот Web 1.0 срамежливо дозволуваше индивидуално моделирање и презентирање на содржина. Пристапот до информации најчесто беше во форма на текст наменет само за информирање. Кованицата Web 2.0 од друга страна, се актуализираше во 2003/2004 година. Суштинската разлика во споредба со Web 1.0 се темели на преодот од праксата наречена информирање само преку „читање“ (read-only), во праксата читање и пишување (read-and-write). Јадрото на втората генерација се базира на отворено, јавно и активно инволвирање, соработка и дистрибуција на информации преку новите компјутерски мрежи, независно од полето на интерес. Консеквентно, Web 2.0 е простор во кој не само што е презентирана содржина, туку од енормно значење е и активното вклучување на корисниците.

Web 2.0 технологиите промовираат еден виртуелно и едукативно подобен простор низ кој пласираната информација патува и се пренесува токму преку принципот на соработка, партиципација и оптимално користење на децентрализираното знаење.

Во една ваква констелација значењето на дигитална технологија е преточено во еден фасцинантен потенцијал кој внесува промени и динамика во она што значи застарен или традиционален начин на функционирање на академијата, професурата и односите помеѓу студентите и професорите.

Во оваа смисла, Greenhow, Robelia и Hughes, наведуваат неколку медиуми кои се издвојуваат како погодно тло за трансформирање на односите во академската средина преку генерирање, дигитално архивирање и децентрализирано дистрибуирање на знаењето.

На пример „Delicious“ (http://delicious.com) е сервис којшто служи за маркирање на линкови и референции. Важи за виртуелен простор пред сè поврзан со различни профили, а неговите апликации нудат опција за архивирање линкови и референции (social bookmarking) кои се комбинирани со кратко резиме и/или критика. Иако популацијата на оваа мрежа е разнолика, сепак е погоден простор за делување на луѓе од академскиот свет. Па затоа може да претставува идеална средина за комуникација помеѓу професори и студенти. Можноста за креирање на сопствениот идентитет е функционална на две нивоа. Од една страна консултирањето со него им овозможува на студентите секогаш да бидат подготвени за академска средба со професорите имајќи ги на дофат нивните интереси во форма на библиографии, критики или сумирани коментари. Од друга страна, колекциите на самите професори може позитивно да влијаат врз формирањето и етаблирањето на сопствениот академски профил. Delicious е добар пример како професорите можат да инвестираат во студентите, но и во истражувачката дејност на еден поинаков начин.

Сличен медиум на Delicious е CiteULike (http://www.citeulike.org), но овој е само со академски фокус. Негова карактеристика е размена на линкови од интересни наслови на книги, есеи од online академски магазини. Алатките на овој медиум ги прават достапни актуелно ажурираните библиографии од останатите корисници и истовремено даваат информација за најчесто цитираните автори на секој корисник на мрежата. Динамиката на креирање на индивидуални библиографии овозможува брз пристап до информации за нови академски извори, потврдување дали користената литература е релевантна и поврзување со контакти од слична фела преку цитирањето на истата литература.

Бесплатно достапни технологии од малку поинаков вид, но со прилично сличен начин на функционирање во Web 2.0 се таканаречениот Zotero (http://www.zotero.org), Connotea (http://www.connotea.org) и EndNote Web 2.8 (https://www.myendnoteweb.com/EndNoteWeb.html). Тие овозможуваат архивирање на академски цитати од разни библиотеки или било какви други интернет извори. Нивната предност се состои од отворен пристап до трудови, публикации, предавања, презентации, кои сега стануваат дел од една голема online база на релевантни податоци од сферата на науката. Истите преку индивидуално генерираните податоци овозможуваат соработка на луѓе со различен академски профил, но со исти или слични истражувачки интереси, водејќи кон развој на мултидисциплинарниот приод кон одредени општествени или други феномени (Greenhow, Robelia & Hughes, 2009).

Од овој аспект според Greenhow, Robelia & Hughes интересно за споменување е и едукативната примена на Second Life (http://secondlife.com) заедницата, која иако далеку поразлична од она што го нудат горенаведените медиуми, својата виртуелна комуна ја нуди на универзитети и организации. Релевантен пример за оваа пракса е International Society for Technolgy in Education (ISTE) кој редовно организира интерактивни виртуелни едукативни средби каде поврзува професори или друг тип на едукатори во оваа заедница со интенција разменување на искуства поврзани со образовните можности понудени во вистинскиот/реалниот живот. Значи разни семинари, обуки и други форми на едукација се практикуваат од една страна во виртуелен простор, но од друга страна овие обуки изискуваат активно учество кое истовремено ги намалува трошоците за следење на светските трендови и го олеснува пристапот до знаење и наметнува негово практично применување. (http://www.iste.org/Content/NavigationMenu/Membership/Member_Networking/ISTE_Second_Life.htm)

Ваквото искуство посебно од западниот свет укажува дека Web 2.0 технологијата на овој начин успева да направи простор и за поинтензивно влијание на академските творби во секојдневието. Евидентно е дека користењето на ваквите мрежи капитализира врз развивање на перспективите во образовниот процес и води кон премостување на традиционалните и формални начини на комуницирање во високо – образовните институции и пошироко. Новите општествени медиуми наметнуваат ангажираност при следењето на иновативните приоди кон академските истражувања и преку децентрализираната дистрибуција на знаење влијаат врз сите општествените полиња.

Но, секако доблестите на Web 2.0 се предност за инклудираните партиципанти. Сите останати учесници кои не се инволвирани во новите пристапи кон едукациската пракса најчесто се последица на дигиталната поделба проследена со слаб економски и општествен развој на нивната средина.

Aвтор: Марија Мојсоска е овластен соработник на Синергија Плус – Прва Агенција за финансиска писменост во Македонија. За повеќе информации за како помудро со личните финансии посетете го веб порталот на http://www.sinergijaplus.com/

Категории: Марија Мојсоска, Маркетинг

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·