• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Маја Смилевска / Работни стилови

Работни стилови

20.09.2023 Категории: Маја Смилевска, Менаџмент

Генерално, секој од нас има различен работен стил. Тоа е добро, бидејќи разликите меѓу соработниците можат да бидат корисни за согледување на различни аспекти од работата, да поттикнат кративност и нови идеи. Различноста меѓу членовите во тимот, ако е добро управувана, е особено корисна за ефикасноста на тимската работа.

Во секојдневните ситуации секој од нас умее, помалку или повеќе, да се прилагоди на стилот на работа на своите колеги или надредени. Луѓето со кои лесно соработуваме се најчесто луѓето со кои сме слични, со кои имаме ист стил на работа, исти интереси. Луѓето со кои тешко соработуваме, кои тешко ги разбираме и чија различност најчесто нѐ фрустрира, имаат контрастно различен работен стил од нашиот.

Вобичаено, прилагодувајќи се на средината и потребите на работните задачи секој од нас користи различни работни стилови. Но, сепак, постојат начини на однесување кои се покаректеристични за нас, и преку кои може да се опише нашиот доминантен работен стил.

Овој доминантен работен стил станува понагласен во ситуации на стрес или криза. Во вонредни ситуации ние ја губиме можноста за флексибилност и доминантниот стил се зацврстува како круто однесување кое може да претставува извор на недоразбирања и конфликти.

Кога зборувам за работен стил мислам на збир од каректеристични однесувања, специфичниот начин на кој ги завршуваме работните обврски, а кој не е одреден од нашето искуство, знаење, вештини или рационален избор, туку повеќе го отсликува нашиот карактер.
Работните стилови во Трансакциона Анализа се дефинираат преку тнр. драјвери. Тие не се опишуваат како лична преференца или рационален избор, туку како компулсивен одговор на ситуација на стрес.

Според овој опис, во ситуација на стрес нашето однесување е водено од внатрешната потреба за адаптација на критичната ситуација на начин кој бил научен и корисен во детството. Овој застарен модел на адаптација е обид на индивидуата да се однесува на начин со кој ќе се здобие со признието на другите. Овие однесувања се програмирани одговори на пораките што ги носиме во нашите глави од за нас важни луѓе во минатото (родители, наставници и други авторитети) и ни овозможува да останеме во ОК-состојба.

За прв пат опишани од Таиби Калер (Taibi Khaler), постојат пет карактеристични драјвери т.е. стилови на работа:

Hurry up! (Побрзај!)
Be Perfect! (Биди совршен!)
Please People! (Задоволи ги луѓето!)
Try Hard! (Труди се!)
Be Strong! (Биди силен!)

Секој од овие стилови си има свои силни страни и свои слабости. Целта е свесно препознавање и користење на нивните силни страни и држење свесност за можните слабости на стилот. Способноста да се препознае својот и туѓиот работен стил може да ни овозможи нивно ефикасно управување, соодветно на работните ситуации и обврски. Понатаму, може да ни овозможи полесно разбирање и прилагодување кон туѓите стилови.

Краток опис на петте работни стила:

1 – Hurry up! (Побрзај!)

Мотив – да се заврши работата во најкраток можен временски рок.

Силна страна и карактеристики: завршување на многу работни задачи во краток временски рок.

Можат да одговорат на кратки рокови, го бараат најбрзиот начин да ги завршат задачите, не сакаат подготовки и проверки, се чини дека уживаат да имаат многу работи кои треба да ги завршат истовремено, брзо мислат, информираат низ кратки црти и сакаат да бидат информирани низ кратки црти и вербално.

Слаби страни: често се во брзање, често доцнат на состаноци, ги оставаат работите за последен момент. Често превземаат многу работа, имаат премногу состаноци и временски преклопени обврски, може да изгледаат нестрпливо, знаат да упаднат во збор на соговорникот. Слабо го организираат времето.

2 – Be Perfect! (Биди совршен!)

Мотив – секоја работа да се заврши најдобро, совршено!

Силна страна и карактеристики: имаат високи стандарди за добро завршена работа. Нивната работа е квалитетна, прецизна, со внимание на сите детали.

Нивната работа е методична и добро испланирана. Нивните писмени извештаи се добро елаборирани, долги, со превидувања за можните слабости. Кога користат факти тие се внимателно проверени. Често зборуваат полека и долго користејќи зборови кои и немора да бидат општо познати.

Слаби страни: поставуваат високи стандарди, очекувања од себе и другите. Честопати имаат чувство дека нешто не е доволно добро завршено и не веруваат дека другите можат да го завршат исто така добро како и тие самите. Затоа, имаат проблем со делегирање на задолженија. Чувствуваат силен притисок да не згрешат.

3 – Please People! (Задоволи ги луѓето!)

Мотив – да ги задоволат другите и да ја одржат хармонијата во меѓучовечките односи!

Силна страна и каректеристики: тие се одличен тимски играч. Се грижат за хармонијата во тимот и ја подобруваат групната кохезија.

Тие се тивки членови на тимот кои се полни со разбирање за потребите на другите. Често им се наоѓаат на колегите без тоа од нив воопшто да биде побарано. Имаат добри вештини на слушање, често се благо насмеани и климаат со глава во знак на одобрување и сложување со туѓите ставови и одлуки.

Слаби страни: имаат потешкотија да кажат НЕ. Избегнуваат несогласувања и конфликти, па затоа се препознаваат и како конформисти. Критиката ја сфаќаат лично и не ги изложуваат своите идеи и ставови.

4 – Try Hard! (Труди се!)

Мотив – ги мотивира почетниот ентузијазам и вложениот труд потребен за отпочнување на нови проекти.

Силна страна и карактеристики: подготвеност и желба за започнување на нови проекти. Полни се со идеи, иницијативи за кои во почетната фаза се подготвени напорно да работат. Добро работат кога се под притисок.

За да го одржат ентузијазмот за работа, потребен им е стабилен доток на нови задачи и интересни проекти. Љубопитни се и сакаат постојано да истражуваат нови аспекти од задачите. Честопати волонтираат на задачи кои изгледаат интересни и предизвикувачки. Вредноста на луѓето ја мерат според трудот кој го вложиле.

Слаби страни: Луѓето со овој стил на работа ретко ги заврши своите задачи. Нивните соработници често стануваат фрустрирани од нивната тенденција од едноставни и лесни задачи да направат компликувани и тешки задачи за чие завршување е потребно да се вложи додатен труд и напор.

5 – Be strong! (Биди силен!)

Мотив – во криза и под силен притисок да задржат контрола, да останат смирени и силни.

Силна страна и карактеристики: одлично функционираат во време на криза. Притисокот ги енергизира и додека другите се во паника тие можат да го задржат логичкото размислување.

Тие се постојани, добри работници, со чувство за одговорност и фер однос. Умеат да дадат конструктивна критика и емоционално да се одделат од проблемот, што им овозможува успешно да се справат со тешки ситуации и тешки луѓе. Способни се да донесат тешки одлуки без чувство на вина за последиците кои тие одлуки можат да ги имаат на другите луѓе.

Слаби страни: очекуваат тимот и соработниците да ги следат во нивната посветеност и да работат до исцрпеност. Ретко бараат помош. Очекуваат од соработниците едноставно да го прифатат големиот товар и притисок од работните обврски. Поради ова, знаат да бидат напорни за останатите. Изгледаат дистанцирано, неемоционално и без потреба ниту да примат, ниту да дадат пофалба.

Aвтор: Маја Смилевска е Извршен директор и консултант во ДЕТРА Центар. Во фокусот на незиниот интерес е Организациска Tрансакциона Aнализa. За повеќе информации посетете ја веб страницата на ДЕТРА Центар http://www.detra.edu.mk

Категории: Маја Смилевска, Менаџмент

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·