• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Весна Алексовска / ЈОГАТА Е СЕКОГАШ ДОБАР ИЗБОР

ЈОГАТА Е СЕКОГАШ ДОБАР ИЗБОР

20.09.2023 Категории: Јога, Весна Алексовска

Ако сакате да бидете свои, да се почувствувате силни однатре, сигурни, неразнишани дури и за време на силните бранувања во животот, а притоа не знаете како да го постигнете тоа, од се` срце ви ја препорачувам јогата. Оваа незаменлива практика постепено во нас создава услови за ослободување, да се доживееме себеси послободни во секоја смисла. Растoварени од ограничувањата и условеностите што самите си ги создаваме, и од друга страна, од видливиот или невидливиот притисок од очекувањата на средината.

Средствата што се применуваат во јогата на почетокот се едноставни: вежби за релаксација, јога-нидра, положби на телото, дишни техники. Вреди да се проба и да се види колку е тоа едноставно, но со силен ефект – ќе направите неколку положби и чувството во вас се менува, стегнатоста и напорите се разредуваат, енергијата и расположението се враќаат. Како резултат на сето тоа ќе се чувствувате дека стоите на кормилото на својот живот.

Сигурно ќе се сложите дека во животот има работи што ги добиваме лесно, некои сами ни доаѓаат, но за одредени нешта, треба да се избориме. Кога треба да се избориме за сопствената среќа и духовна слобода, ниту еден чекор и битка не треба да ги сметаме за тешки и непотребни. Кога гледаме дека нешто ни создава мака или не` блокира, на пример, ако сакаме тоа да го промениме, треба силно, прецизно да посакаме тоа да се случи. Да не забораваме дека животот ни е даден за да се развиваме, ако се буни нешто во нас, да не го отфрламе – тоа е внатрешен повик за промена и развој. Како соработник на тој пат на развој ќе ни биде медитацијата.

Комуницирајте со себеси
За да ја реализираме медитацијата ни треба малку простор и време да сме сами со себе. Да се повлечеме еден или половина час за да си посветиме внимание, да повежбаме, да помедитираме. Со нашето едночасовно повлекување дозволуваме и другите да бидат свои.

Добро е кога во овие моменти би можеле навистина да бидеме сами со себе. Да знаеме да бидеме сами без да се чувствуваме осамено. Тоа најдобро ќе ни ги смири мислите и ќе не` научи да комуницираме со себеси. Тоа е една од работите што е на првото место во јогата.

Бидејќи се раѓаме сами, дури и ако сме близнак или тројка. Секој е посебно битие. Секој е единка за себеси и секој е одговорен за себе. Само што нас ни е страв да размислуваме така. Страв ни е да помислиме „јас сум сама одговорна за себеси“. Се плашиме да се одвоиме дури и за кратко, зашто нашето постоење го гледаме врзано исклучиво за оние со кои сме направиле релации, моменталните животни околности и низ она што поседуваме.

Времето во медитација ќе ни ја регенерира енергијата, за да можеме да направиме една рефлексија на себеси, за тоа што чувствуваме, за тоа како ни течат работите. Да се прашаме себеси дали сме задоволни, дали сметаме дека нешто може да промениме.

Оној што своите сили ги искористил да се унапреди, ќе може да биде добар и за другите, да има чувство за нив, зашто почнува да чувствува во своето срце дека сите имаме еден заеднички извор, сите сме со божествена природа, и затоа е бесмилено да се контрираме, да се напаѓаме, наметнуваме.

Помалку контролирајте
Различните медитации ќе ни дадат увид во нас самите, и во кој правец да се движиме. Една пречка што може да се јави е навиката да контролираме. Затоа кога сакате да вежбате јога или само да медитирате, кажете си дека сега ќе се повлечете од контролата врз вашата околина.

Да ги контролирате околностите, луѓето, случувањата дома, кој што прави, како прави. Обично сите имаме една шема внатре во својата глава за тоа како работите треба да функционираат. Земаме врз себе многу обврски и сметаме дека ако ние не ги мислиме, никој ништо нема да направи. Дека дома сите ќе останат во хаос ако ние не ги изменаџираме, дека нема да се облечат, нема да јадат, и затоа ние мора да земеме сè под контрола, па и она што не е и не треба да е наша грижа.

Оставете го животот да тече. Дишете малку слободно, и оставете ги и другите да дишат слободно без ваша контрола. На секој му е потребен слободен простор за да функционира со своите природни дарби, мани и избори.

Ако искрено помислите, верувам дека ќе се сложите со тоа дека контролата е кочење. Кога се држиме и себеси под контрола, може во еден момент да ни се случи да ги задушиме природните теченија во себе, љубовта, своите длабоки желби, способности, соништа. И се` од некаков страв… но тоа е друга и широка тема.

Дозволете си повеќе радост
Дозволете медитацијата и јога-техниките да ве научат да бидете присутни, отворени, позитивни, способни да прифаќате, и да менувате. И наоѓајте причини да се радувате. Радоста не е само за мали деца. Таа е и за возрасните лица и за постарите. Кај нас обично кажуваат: „Само децата нека се радуваат, не е важно за мене“. А што си правиме со тоа? Самите доброволно се осудуваме, се лишуваме од радоста, од среќа во животот, како да му кажуваме на животот: „Јас не сум важна, за мене како ќе биде – нека биде. Не е битно“. Ние самите избираме положба на помалку важен, но работата е што после ги обвинуваме другите! Ем ние ќе се вовлечеме во дупката, а потоа ги обвинуваме другите.

За својот живот, за својата среќа – земете ја работата во свои раце. Треба да прифатите одговорност и силната мисла ќе биде почеток на позитивната промена во вас „Сакам да сум среќна, да ми е добро. Јас ќе го направам тоа“.

Имате моќ да го направите тоа, само треба да посакате. И ќе ви дојдат различни ситуации во животот што ќе ви го овозможат тоа, за вас.

Сакајте да се радувате. Пејте, играјте, пуштете си дома музика малку погласно, радувајте се, славете го животот.

Животот треба да се живее, треба да се радуваме. Да не сме закочени само во некои принципи, во ред, куќен ред. Да, сето тоа ќе го почитуваме, ама не треба да го оштетуваме својот живот. Внатрешната потреба од радост, среќа и љубов да ја задоволиме.
„Применувај ги толеранцијата, искреноста, сочувството, задоволството и вистинољубивоста како нектар.“
Аштавакра Гита

Aвтор: Весна Алексовска е оснoвач и претседател на Центарот за јога и личен развој, во кој работи на примена на јогата како систем кој им помага на луѓето во нивното лично спознавање и во достигнувањето на внатрешен мир и благосостојба. За повеќе информации посетете ја веб страната http://www.yogacentar.org.mk

Категории: Јога, Весна Алексовска

За авторот:

Славчо Бујароски е директор и сопственик на Сигма-СБ, компанија за производство и имплементација на деловен софтвер. За повеќе информации посетете ја веб страната на www.sigmasb.com.mk

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·