• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Весна Алексовска / Животот е поле за учењe

Животот е поле за учењe

11.02.2011 Категории: Јога, Весна Алексовска

Животот не е само купишта проблеми, обврски, амбиции, борба за пари, грижа за работата, загубите и болестите, задоволствата од тоа што ќе го стекнеме и добиеме. На овој свет секој човек има тешкотии, но треба, и покрај нив, да се потсетуваме, барем повремено, дека животот е поле за надградување и откривање, за развивање на своите способности, за разоткривање на животните тајни зад сето она што може да се види – животот е поле за учење.

Целиот живот всушност е непрекината низа од лекции со кои зрееме и ја моделираме својата личност, учиме кога треба да се воздржуваме, кога да бидеме упорни а кога попустливи, како да го постигнеме она што го сакаме, научуваме да бидеме похрабри. Она што го научуваме со текот на годините, она што станува искуствено знаење, се вградува во нас, станува навика, станува дел од нашиот карактер, знаењето во нас останува живо. Но дали е тоа сè? Дали е тоа доволно? Дали доволно знаеме за духовното живеење?

Треба да вложиш напор
Покрај она знаење што ни го носи животот е знаењето што го стекнуваме по желба, по избор, од потребата да разбереме уште нешто, да ги прошириме своите погледи, да сфатиме уште нешто посуштинско за себе и за она што ни се случува.

За да научиш и да знаеш, треба тоа и да го сакаш и да вложиш напор. Прво треба да имаш храброст и искреност да си признаеш дека не знаеш, а потоа треба да имаш желба да научиш, потоа треба да побараш од каде можеш да научиш, да имаш доблест да побараш да учиш, па да поседуваш упорност, издржливост, решителеност, да вложиш напор да научиш, па макар да ти е потребно и подолго време.

Ова се карактеристики на луѓето што се вклучиле во процесот на духовното учење. Оној што е отворен за добронамерно укажување и кога греши е свесен дека греши и ја поправа грешката – е тој што учи.

Ни доаѓа она што ни треба
Животот сам нè упатува и нè носи онаму каде што можеме да го најдеме она што ни е потребно и важно. Како да има невидливи знаци што интуитивно нè упатуваат каде треба да се движиме, дури и не знаеме како сме стигнале некаде, некоја внатрешна сила нè водела на одредено место, или кај одреден човек, зашто секој од нас треба да исполни одредени обврски, да го земе она што му припаѓа, или да го даде она што треба да го даде.

Практикувањето на јога, покрај тоа што за некои останува само практикување на техники што имаат позитивно влијание врз здравјето, е процес на учење и на стекнување на знаење – увид во себеси и во својот живот. Во еден таков процес оној што мисли дека знае сè не може да има успех. Можеби знаеме малку, доволно или дел од работите, но работите имаат повеќе димензии, повеќе слоеви, различни агли од кои може да се погледнат за да се добие поцелосна слика. Јогискиот поглед има широк опфат, затоа што се учиме пообјективно да ги согледаме работите, помалку пристрасно, широкоаголно.

Имаме право да ги смениме работите на подобро
Навиката, исто така, е една од пречките. Толку сме навикнати на себеси такви какви што сме, навикнати сме на ситуацијата во која се наоѓаме, навикнати сме на онаа слика за работите, односите и луѓето што сме си ја создале во умот, што, дури и кога се чувствуваме лошо, кога сме несреќни, никако не ни доаѓа во свеста дека тоа можеме да го смениме, дека има начин. Дека имаме право да ги поправиме работите, дека имаме сила, дека заслужуваме да научиме да бидеме посреќни и похармонични со себе и околината. За тоа може да се стекне знаење само ако имаме волја и добро водство.

Кога се зборува за знаење во јогата, се мисли на суштинското знаење, не на интелектуалното. Не на информативното туку на искуственото, доживеаното, сфатеното и усвоеното знаење. Можеби илјадници пати додека вежбаме ќе слушнеме упатство „биди свесен за себе“ и, бидејќи толку пати сме го слушнале тоа, сметаме дека навистина го правиме, но во еден момент, кога навистина „ќе станеме свесни за себе“, ќе сфатиме вистински што значела таа фраза.

Кога слушаме за одредени теми од јога, и да сме слушале за нив претходно, треба да се обидеме да го слушнеме од оваа позиција во која се наоѓаме сега, во моментот, со еден друг дел од себеси, да не ги слушаме само зборовите туку нивното значење. Така тоа нема да биде слушање на информации, туку ќе биде сатсанг – дружење со учењето. Знаењето за духовните нешта треба да го доживуваме, да го оживуваме постојано и да го живееме во својот дух, во својот ум и во своето тело.

Aвтор: Весна Алексовска е оснoвач и претседател на Центарот за јога и личен развој, во кој работи на примена на јогата како систем кој им помага на луѓето во нивното лично спознавање и во достигнувањето на внатрешен мир и благосостојба. За повеќе информации посетете ја веб страната http://www.yogacentar.org.mk

Категории: Јога, Весна Алексовска Тагови: Јога, енергија, живот

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·