• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Маја Смилевска / Што мотивира?

Што мотивира?

20.09.2023 Категории: Маја Смилевска, Човечки ресурси

Веројатно најчеста заблуда кога станува збор за човековата мотивација е тврдењето дека таа во најголем дел е условена од пари. Се разбира, секој кој работи очекува фер надокнада за вложениот труд и време, но дали парите се тие кои би не натерале својата работа да ја работиме посветено, квалитетно и со страст?

Кога би ги прашале луѓето – „Зошто ја сакате својата работа?“, би добиле многу разновидни одговори – дека се задоволни со својата позиција која им носи углед и почит, дека имаат одлични колеги и уживаат во секојдневната дружба со нив, дека работата ги исполнува нивните лични цели и интереси, дека им овозможува усовршување и покажување на тоа што го знаат и умеат и сл.

Праксата покажува дека покачувањето на платата или доделениот бонус можат да предизвикаат зголемен ентузијазам, но тој ефект е краткотраен. Ако покачувањето на платата е единствена поткрепа, тоаш најчесто перформансите на вработениот за кратко време ќе се вратат на старо.

Одговорот не е така едноставен и за среќа, или за жал, парите неможат од нас да направат подобри, попосветени и поодговорни вработени.

Менаџерскиот стил главен фактор на мотивација

Доколку менаџерот верува дека парите се најважниот аспект од човековата мотивација, тој веројатно и ќе се однесува во склад со тоа свое верување. Тоа се менаџери кои сметаат дека на повеќето луѓе не им се работи и дека им е доволно да земаат редовна плата и да имаат платени придонеси. Тие сметаат дека вработените треба постојано да бидат подбуцнувани, наградувани, казнувани и надгледувани. Овие работодавци на своите вработени ја применуваат тактиката на „морков и стап“. Атмосферата во ваков вид организации е најчесто фрустрирачка и има малку простор за креативност и лични постигнувања. Оваа заблуда често предизвукува дисконтинуитет меѓу она што работодавецот мисли дека им е потребно на неговите вработени и она што тие самите го сметаат за потребно.

Препораката е: Ако нешто навистина сакате да дознаете, едноставно прашајте.

Се случува работодавците да биде изненадени од тоа колку многу можат да сторат за мотивацијата кај своите вработени или да создадат посакувана работна атмосфера, а тоа да не ги чини многу пари.

Постојат и менаџери кои имаат пооптимистички став и кои веруваат дека луѓето сакат да учат, дека работата е нивна природна активност која е поддржана од способноста за самодисциплина и развој. Тие не гледаат на парите како на мотиватор, туку веруваат дека откако луѓето ќе си го обезбедат опстанокот, доаѓа следното ниво на потреби за почит, самопочит и амбиција да се развиваат на професионален и личен план. Во основа на овој вид убедување е верувањето дека секој човек се стреми кон крајната, највисока потреба од самоактуализација, која носи интегритет, чувство на одоворност, човечка големина и автентичност.

Секако, опишаните менаџерски стилови се две крајности. Вештиот мотиватор треба да знае да направи добра проценка на индивидуата, но и на актуелната ситуација – што таа бара.

Што сакаат вработените

Едно од веќе одамна докажаните моќни мотиватори е признание искажано од почитуван претпоставен. Признанието треба да е реално, актуелно и навремено, а неговата моќ е уште поголема доколку е тоа јавно искажано. Истовремено, јавно искажаното признание поставува предизвик и за останатите вработени.

Исто така вработените сакаат:

– Да имаат контрола над својата работа. Вработените имаат потреба да влијаат и да учествуваат во донесувањето одлуки кои ги засегаат нив, да учествуваат во поставување на јасни и мерливи цели, да им е доделена јасно дефинирана одговорност, јасно дефинирани задачи, да бидат навремено информирани, да ја разбираат генералната стратегија и намерата на организацијата.

– Да имаат можност за раст и развој. Вработените сакаат да следат обуки и тренинзи, да можат да влијаат на својот кариерен пат, да имаат достапни ресурси за следење на трендови и новини во својата професија.

– Водство. Луѓето сакаат прецизно искажани очекувања кои ќе им помогнат јасно да ги видат целите, фидбек и јасна организациска структура.

Aвтор: Маја Смилевска е Извршен директор и консултант во ДЕТРА Центар. Во фокусот на незиниот интерес е Организациска Tрансакциона Aнализa. За повеќе информации посетете ја веб страницата на ДЕТРА Центар http://www.detra.edu.mk

Категории: Маја Смилевска, Човечки ресурси

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·