• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Нела Јолеска / Човечкиот потенцијал и креативното образование

Човечкиот потенцијал и креативното образование

20.09.2023 Категории: Нела Јолеска, Образование

Секој човек се раѓа со некаква внатрешна искра, тнр. талент. Воопшто не е битно дали е тоа талент за: оперско пеење, дизајнерство, математика, дипломатија, гледање на тарот карти… факт е дека секој човек е талентиран за нешто. Некако неприметно, низ животот луѓето најчесто се “откажуваат” од својот вроден талент а за тоа постојат безброј причини.

Се прашувам колку родителите обрнуваат доволно внимание за потребите и талентите на своите деца? Дали образованието ги идентификува монотоните учители, некреативните педагози и колку применува соодветни мерки за таквиот наставен кадар? Колку фирмите инвестираат во талентиран кадар или само посетуваат скапи еднодневни предавања кои се одржуваат од гости-странски предавачи? Да, нашето опкружување е тешката економско политичката ситуација, влада која не инвестира во претприемништво… Се на се, наметнатата строгост во студиозноста на предметите младите гладни умови суштински не ги учи на дисциплина туку системски им го вградува стравот од промени. Наметнатата стравопочит резултира во отпор кој системски се враќа со одбивност и непочит кон старомодните предавачи.

Причини за реформи во јавното образование
Реалноста која ја живееме не соочува со фактот дека секоја земја во светов во моментов го реформира јавното образование. За тоа постојат две главни причини:

1. Економијата… Како ги едуцираме нашите деца да ги завземат своите места во економии како оваа на дваесет и првиот век а притоа не знаеме каква ќе биде економската ситуација до крај на неделата.

2. Културата… и културниот идентитет на секој поединец кој е генетски наследен од заедницата а од друга страна живееме во свет на глобализација.

Старите парадигми на образование не учеа вака:
Напорно работи > Биди вреден > Заврши факултет > Вработи се!

Се поставува прашањето: Дали на децата со ментален склоп од дваесет и првиот век им е забавно одењето на училиште доколку едукативниот систем е непроменет во последните неколку децении?

Како училиштата ја убиваат креативноста?
Сегашните генерации веќе не веруваат во старите парадигми на образование. Дипломата не е никаква гаранција дека младите ќе дојдат до посакуваната работа. Направени се тестирања на 1500 деца во градинка и мерен е нивниот % на дивергентно размислување (генијалност). Резултатите се фрапантни.

98% од деца во градинка покажуваат резултат на генијалци. Испитувањата продолжиле 5 години подоцна, истите деца покажуваат 50% резултати на генијалци. А 5 години подоцна, што мислите, колкав % на генијалност покажуваат истите деца?

Едукацијата денес е моделирана од интересите на индустријалирацијата. За жал огромен е бројот на млади таленти кои не се во состојба нивната исклучителна природна надареност да ја искористат во задоволување на сопствените потреби а цената што ја плаќаат е превисока. Еден голем природен потенцијал (не)повратно исчезнува а млади талентирани недокажани личности се препуштени на конфликтни односи со средината и со сопствените фрустрации.

Колку и како може да се потенцира неограничениот капaцитет на секој поединец во процесот на образованието?

Лева хемисфера:
Логика
Рационалност
Секвенцијалност
Аналитика
Објективност
Гледање во детали

Десна хемисфера:
Интуиција
Креативност
Случајност
Синтетизирање
Субјективност
Гледање во целина

Повеќето луѓе имаат очигледна склоност кон еден од овие стилови на мислење: рационалност (лева хемисфера) или креативност (десна хемисфера). Секако дека има и такви кои подеднакво ги користат и двата мисловни начини. Генерално, училиштата имаат тенденциозна наклонетост кон моделот на размислување на левата мозочна хемисфера, така што не го потенцираат моделот на размислување од десната мозочна хемисфера. “Лево мозочните” училишни предмети се фокусирани на логично размислување, анализи и точност. Додека пак, “десно-мозочните” предмети се фокусираат на естетика, чувство, и креативност.

Она што е провокативно е фактот што само 3% од луѓето знаат точно што сакаат, учат и се развиваат. Останатите 97% само сакаат да бидат во право.

Како се подигнува креативноста?
Кога сите сетила ви се разбудени, кога сте присутни во сегашниот момент, кога свесно ја резонирате возбудата од искусувањето на информацијата, кога сте целосно живи!

Човекот треба да го разбуди и да го погледне она што е во него самиот, а тоа е сопствената дарба, талент, инспирација, искрата која ги пали сетилата и го одржува човек во целосна свесност. Така се создаваат индивидуи кои се повеќе од креативни, индивидуи кои имаат повеќе решенија (размислувања) за иста работа. Така се раѓа претприемништвото и се креира индивидуа која е самоуверена и спремна да ризикува и да добие. Тоа се креира од најмали нозе, од градинка. Сите ние сме актери на едно модерното време во кое посебно младите гладни умови се идентификуваат со нивните атрактивни идоли преку интернет, ТВ. Што е она што медиумската индустрија им го нуди на учениците а школото не им го нуди? Креативност, слобода на размислување, забава, простор да се биде свој, парче фантазија убаво спакувана во модерен дизајн.

“Шоуто може да почне”. Вака шоумен би почнал час. Се прашувам какво би било образованието доколку еден мал процент на предавачи би вдахнале повеќе живост и инспирација меѓу учениците.

Како тоа ќе влијае на учењето?
Со размислување поттикнато од десната хемисфера наспроти левата хемисфера:

Со Наставна програма – Со цел да се постигне поголема “целосна мозочна активност” во нивната ориентација, училиштата треба да гледаат со иста тежина на уметноста, креативноста, како и на вештините на имагинација и синтеза.

Со Инструкции – За да се поттикне поголема целосна мозочна активност во школското искуство, наставниците и професорите треба да користат инструкциски техники како да се поврзат двете страни на мозокот. Тие може да ги зголемат нивните “десно мозочни” ментални акктивности со инкорпорирање на повеќе слики за погодување, цртање, метафори, аналогии, играње на улоги, визуелизација и движење во нивните читања, пресметувања и аналитички активности.

Со Оценувања – За поточни целосно мозочни оценувања на учењето на студентите, наставниците мора да развиваат нови форми на оценување кои ги одликуваат десно мозочните таленти и вештини.

Да се откажеш од талентот низ животот изгледа лесно а всушност тоа е најтешката одлука која на крај на краиштата ја носи секој сам за себе. Да ги охрабруваме изумите а креативноста да ја негуваме.

Aвтор: Автор: Нела Јолеска работи како Business Development Manager во Ксантика – Агенција за комуникации и е основач на Facebook групата Извор. За повеќе информации посетете ја веб страницата http://www.ksantika.com/.

Категории: Нела Јолеска, Образование

За авторот:

Славчо Бујароски е директор и сопственик на Сигма-СБ, компанија за производство и имплементација на деловен софтвер. За повеќе информации посетете ја веб страната на www.sigmasb.com.mk

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·