• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Преземено од / Вработување NEWS / Формирање на организациската култура

Формирање на организациската култура

20.09.2023 Категории: Вработување NEWS, Организациска култура

Културата во компанијата се формира со самата селекција на кандидатите за вработување

Културата е важна организациска димензија на претпријатието. Нејзиното формирање започнува со основањето на претпријатието кое има главна улога во воспоставувањето на почетната култура. Штом веќе културата е обликувана, низ функционирањето на организацијата се практикуваат низа активности кои неа ја одржуваат и развиваат. Меѓу нив особено значајни се следните функции на менаџментот на човечки ресурси: селекција и избор на кандидати за слободните работни места, системот на плаќање на трудот, образованието и развојот на вработените и сл.

Ние ќе се задржиме на улогата на три аспекти на содржината на овие функции на менаџментот на човечки ресурси: селекција и избор на кандидати, активности на главните менаџери и методи на социјализација на членовите на организацијата.

Селекцијата претставува постапка со која преку примена на утврдени и стандардизирани методи и техники се избираат кандидати кои со своите знаења, способности и вештини најмногу одговараат на барањата на тие работни места. Кандидатот пак, во процесот на селекција доаѓа до информации за организацијата и доколку утврди дека постои несогласување помеѓу неговите вредности и верувања и оние на организацијата самиот може да се откаже од процесот на селекција. На тој начин селекцијата ја поддржува организациската култура елиминирајќи ги оние поединци кои може да ја загрозат нејзината содржина.

Врвните менаџери исто така имаат големо влијание врз организациската култура. Преку своите акции и однесување тие поставуваат правила и норми кои се филтрираат во организацијата и се трансформираат во културни вредности. Менаџерите треба да знаат дека со секоја нивна изјава и акција влијаат на културата. Вработените ја запознаваат културата, набљудувајќи ги вредностите, акциите и целите на менаџерите. Вработените особено ги ценат одлучноста, истрајноста и решителноста на менаџерите во поддржувањето на културните вредности. Формирањето и одржувањето на културните вредности не може да бидат успешно завршени без соодветен процес на социјализација на нововработените членови на организацијата. Назависно од тоа колку добро и квалитетно е направена селекцијата, новите членови недоволно ја познаваат културата и потребен е процес на вклопување во организацијата.

Процесот на прилагодување и прифаќање на културата се вика социјализација. На пример, нововработените членови на компанијата Дизни првите денови од своето вработување ги поминуваат во гледање филмови и слушање на предавања за тоа какво однесување и изглед треба да има секој член на компанијата. Овој процес на социјализација е траен процес и се одвива континуирано сé додека вработениот работи во една организација. Најчесто во процесот на социјализација се разликуваат три фази: фаза пред доаѓање, фаза на сретнување и фаза на преобразба.

• Фазата на пред доаѓање се случува пред поединецот да стане член на организацијата. Поединецот доаѓа и со себе носи формиран систем на вредности, верувања ставови и очекувања, кои не мора да бидат во согласност со културата на организацијата чии член треба да стане. Сето тоа селективно се одвива.

• Во втората фаза на т.н. фаза на сретнување каде ако поединецот има слични ставови со организацијата во која работи е само потврдување на истоветноста на поединечните вредности. Но, во практиката тоа често не е случај и заради тоа нововработените треба да поминат низ процесот на социјализација со кој поранешните вредности ќе ги заменат со вредностите на организацијата.

• Фазата на преобразба ќе се смета за завршена кога новите членови ќе се чувствуваат удобно во организацијата и на своите работни места. Тие веќе ги прифатиле правилата, постапките и нормите на однесување со организацијата и веќе имаат самодоверба. Метаморфозата на поединечните вредности на нововработените членови во културните карактеристики на организацијата ја зголемува лојалноста, ги подобрува резултатите и ја намалува флуктуацијата.

Преземено од: Вработување NEWS

Категории: Вработување NEWS, Организациска култура

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·