• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Емилија Али / Троножно столче

Троножно столче

20.09.2023 Категории: Емилија Али, Лични финансии

Имајќи ги предвид проблемите со кои би се соочил пензискиот систем на Р.Македонија во иднина поради демографските промени, државата ги донесе потребните законски прописи за промена на пензискиот систем. Во моментов нашиот пензиски систем се темели на три столба:

Првиот столб го претставува задолжителното пензиско и инвалидско осигурување за кое се грижи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија (ФПИОМ), регулиран со Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување. Првиот столб продолжува да функционира на ист начин како и до сега – на принципот на генерациска солидарност. Тоа значи дека придонесите (19%) од бруто платите на тековните осигуреници се користат за исплата на пензиите на тековните пензионери, систем познат како Pay-as-you-go. Тоа значи дека Вие како сегашни вработени одделувате придонеси во износ од 19% месечно кои се исплаќаат на сегашните пензионери (Вашите родители), и Вие немате никаква заштеда во иднина….и тоа се повторува секој нареден месец….Вам Ви останува единствено да се надевате дека кога ќе дојде Вашето време за пензија, некој друг истото ќе го прави за Вас.

Вториот столб се формираше поради потребата да се надополни недостигот на средства за исплата на тековните пензии од ФПИОМ. Имено, во овој Фонд недостигаа 43 евра по човек за исплата на просечните пензии од 110 евра, кои секој месец беа надоместувани од Буџетот на РМ. Во вториот столб задолжително пристапуваат сите нововработени на и после 1 јануари 2003 година. Сите вработени до 1 јануари 2003 година имаа право на избор да одлучат дали ќе останат во едностолбниот или пак ќе се вклучат во двостолбниот пензиски систем.

Поделбата на придонесот од 19% е 2/3 (12,35%) во првиот столб, а 1/3 (6,65%) во вториот столб (односно во приватните пензиски фондови, кои по закон работат како отворени инвестициски фондови). Секој осигуреник може да избере само еден пензиски фонд. Секој член има своја лична сметка на која влегуваат и се оплодуваат средствата од придонесите кои секој осигуреник ги издвојува од својата плата. Средствата издвоени од плата, заедно со приносот од нивното инвестирање му припаѓаат на осигуреникот и влегуваат во формирањето на износот на пензијата. Осигурениците два пати годишно добиваат информација за висината на сопствените средства одвоени за пензиските денови.

Вториот столб значи воспоставување на нов, однапред финансиран систем со дефинирани придонеси. Со ова осигурување се обезбедува остварување на право на пензиско осигурување во случај на старост, односно се исплаќа старосна пензија (64 години за маж, 62 години за жена). Овој систем обезбедува тесна поврзаност и зависност помеѓу обемот на вложените средства – придонесите и идните надоместоци што ќе ги остварува секое лице базирани на пазарните законитости. Средствата се наследни.

Принос на задолжителните пензиски фондови од отпочнување со работа

Табела 1

ПериодОтворен задолжителен пензиски фонд – НЛБ ПЕНЗИСКИ ФОНД – СкопјеКБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје
01.01.2006100,0000100,0000
10.11.2009116,4026115,7517
Прираст во периодот:16,40%15,75%

Извор: Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување МАПАС http://www.mapas.gov.mk/

Третиот столб овозможува дополнително пензиско осигурување за оние осигуреници кои сакаат да остварат повисока пензија и кои покрај задолжителниот придонес за ПИО, доброволно ќе одлучат да извојуваат дополнителни средства од своите приходи. Исто така, во третиот столб можат да се зачленат и граѓани кои не се опфатени со системот на задолжително пензиско и инвалидско осигурување. Третиот столб вклучува приватни пензиски фондови и друштва кои управуваат со нив. Член на третиот пензиски столб, согласно Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, може да биде секое домашно или странско лице над 18 години. Средствата се наследни и достапни најрано 10 години пред правото на остварување на пензија (54 години за маж, 52 за жена).

Дали сте свесни за следниот податок?

Од 1 јануари оваа година се воведе концептот на бруто плата, со кој во наредните 3 години се намалуваат придонесите кои секој вработен ќе ги одделува.

Табела 2

Бруто плата:27.507,00
Година200920102011
Придонес за ПИО (%)19,00%16,50%15,00%
Придонес за ПИО – прв столб (ден.)5.226,334.538,664.126,05
Придонес за ЗКФПО – втор столб (ден.)1.829,221.588,531.444,12
Останати надоместоци:2.025,94
Чиста (нето) плата18.425,51

Забелешка: Износот на бруто платата е од Ноември 2008
Од табелата се гледа дека под претпоставка бруто платата да остане иста и во наредниот период, поради намалувањето на процентот на издвојување на средства од плата, придонесите за двата пензиски столба се намалуваат во апсолутен износ (пр. придонесот за ПИО во 2011 год. е помал во однос на 2009 год. за 1.100,28 ден., а кај вториот столб оваа разлика изнесува 385,10 ден. на месечно ниво). Пресметките се дека во иднина пензијата ќе изнесува 30 – 40% од последна примена плата.

Луѓето кои се свесни за овие податоци, најчесто испраќаат негативни коментари на сметка на државата. Вистината е дека првиот столб таков каков што е поставен (по принципот на генерациска солидарност), е неодржлив на долг рок поради проблемот со староста на населението (односно зголемувањето на животниот век), а во последно време и поради зголемување на невработеноста во светски рамки. Треба да го прифатиме тој факт и да се потрудиме да си обезбедиме приливи во повозрасните години на други начини. Добрата вест е што реформите во пензискиот систем се направени и треба да се искористат. Третиот столб нуди одлична можност за самостојно одвојување за пензија. Инвестициските фондови нудат можност за инвестирање и повлекување на средствата кога Ви се потребни. Животното осигурување е исто една форма на штедење. Преземете ја судбината во свои раце

Aвтор: Емилија Али е овластен соработник на Синергија Плус – Прва Агенција за финансиска писменост во Македонија. За повеќе информации за како помудро со личните финансии посетете го веб порталот на http://www.sinergijaplus.com/

Категории: Емилија Али, Лични финансии

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·