• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Виктор Куновски / Создавање нација со висок претприемачки дух

Создавање нација со висок претприемачки дух

14.07.2017 Категории: Виктор Куновски, Деловни вештини, Претприемништво

Претприемач е креативен, енергичен позитивен дух, кој во континуитет е посветен и размислува како да креира економски бенефит и квалитет (економски благодет) за себе, своето семејство и своите вработени. Тој не се откажува пред препреките, туку ги користи како свој лост за самонапредок и континуиран развој. Претприемачот го красат дополнителни вредности од типот на упорност, самодоверба, силна и добра волја, иновативност, адаптабилност кон промени итн.

Доколку за момент ја погледнете анкетата направена во Мај/Јуни 2009 околу вредностите и однесувањата кои се најпосакувани кај Македонските граѓани, http://www.skyisthelimit.orgMakednoski%20MCAssessment%20-%20May%202009.pdf ќе забележите 5 вредности (однесувања) кои го красат или се директен резултат на претприемачкиот дух или акција: можности за вработување, квалитет на живеење, финансиска стабилност, намалување на сиромаштијата, економски раст.

Истава анкета е потврда за потребата на развојот на претприемништвото во Македонија и вистинската желаба на Македонецот да се вложи во претприемништвото. Како да се постигне сето ова? Тоа е прашањето од милијарда евра. Еве неколку можности, воедно и препораки за сегашната и сите следни влади, факултети и училишта:

1. Инвестирање во претприемничка едукација на национално ниво кај сите граѓани уште од средно училиште со задолжителен предмет. Кај постарата генерација тоа може да се прави преку неформално образование.

2. Отварање на претприемачки центри (бизнис инкубатори) во секој поголем град во Македонија. Моментално во државата функционираат само 3 вакви центри: Бизнис Старт Ап Центарот во Битола, Инкубаторот на ПСМ Фондацијата во Скопје и Бизнис Старт Ап-от на Машинскиот факултет. Во Македонија се потребни минимум 10 вакви центри во државата.

3. Владата да пренасочи половина од сите пари кои ги инвестира во привлекување на странски инвестиции во директна поддршка на развојот на претприемништвото.

Моменталниот однос на владата кон претприемништвото се карактеризира со тотална неинвентивност, игноранција и незаинтересираност. Овој однос е видлив преку АППРМ (Агенција за Поддршка на Претприемништвото) за која владата одвојува едвај
330 000 Евра годишно – што е најблагоречено срамота. Дополнително за односот на институциите кон претприемништвото нека послужи фактот дека во ек на манифестацијата “Европски ден на претприемачот 2010” организаторот на настанот
Европската Бизнис Асоцијација, исто како и АППРМ на своите веб сајтови ги имаа агендите за минатогодишниот настан. Владата, но и сите ние мора да сфатиме дека односот кон сопствените претприемачи не може да се разликува со односот кон странските, кои верувајте ова многу добро го перцепираат.

Горенаведените предлози ќе имаат повеќекратни ефекти. Народот ќе размислува претприемачки. Идните владини чиновници во јавната администрација исто така ќе бидат по претприемнички ориентирани и поспремни да го пречекаат странскиот (а и домашниот инвеститор) кој полесно ќе го одврзе кесето кога пред него гордо и спремно ќе се испрчи нација која размислува и е напумпана со претприемачки дух.

4. Банките да го инвестираат своето знаење, ресурси и 10% од својот годишен профит во едукативни и развојни програми за претприемништво (ова е јавен повик до сите банки и банкари) како во примерите од Битола и Скопје. Ова ќе им овозможи на истите ем да допринесат за развојот на општеството, што по автоматизам ќе ги направи банкарските вработени да се чуствуваат горди и исполнети, ем (ако не и поважно за самите банкари), да почнат да градат уште од самиот почеток win-win однос со своите идни клиенти кои ќе им ги полнат за возврат сефовите.

Горенаведени предлози ќе вродат плодови на краток, среден и долг рок. Прво, ќе се зголеми бројот на Мали и Средни Претпријатија (МСП) кои се движечка сила на огромен број на економии, економии и над 100 пати поголеми од Македонската. МСП се најголемите работодавачи во Европа, во Македонија тие вработуваат 80% од работната сила.

Второ, со зголемување на бројот на вработени или самовработени, ќе се намали бројот на оние кои сакаат да работат во јавната администрација и/или во иднина дури и вработените во јавната администрација ќе размислуваат со претприемачки мозок,
ќе бидат спремни да одговорат на предизвиците кои ќе ги очекуваат од нив идните странски и домашни инвеститори.

Доколку горе наведените препораки и предлози не почнат да се применуваат и реализираат, ќе се потврди по илјадити пат онаа дефиниција од НЛП: Ако продолжите да го правите она што секогаш сте го правеле, ќе ги имате истите резултати како и додека сте го правеле.

А тоа ни е добро познато, ни представува рак рана и ќе го посочам уште еднаш за да ја согледате разликата. Огромна стапка на невработеност, која не плаќа придонеси во државната каса.

Јавната администрација, не е голема, таа е огромна. Секој што вадел нов документ во последно време знае дека истата е високо корумпирана, бирократизирана, непотизирана и на врв на се арогантна. Годишно троши 700 милиони евра или една третина од буџетот на Македонија. Според некои последни анализи, истата нема капацитет да приготви проекти за подигање на фондовите кои на Македонија и следат од Европската унија. Да не кажам тотално безвредна, бидејки не е така (ако можат да им сменат лични карти и пасоши на 2 милиони граѓани мора да имаат капацитет и за повеќе), јавната администрација е најблагоречена неспремна да ја поддржува Македонската економија, развојот на претприемништво и политика на привлекување на странски инвестиции. Ова е резултат на дваесет и повеќе годишната политика на создавање на инвалидна државна бирократија која нема поим дури ни од зборот претприемништо.

На овој начин не се оди напред, многу мачно и тешко се остварува и мора да му се стави крај. Горепонудените можности нудат излез од ваквата ситуација, а верувам дека има и многу други начини за развој на претприемништвото.

Aвтор: Виктор Куновски е сопственик на консултантската куќа Коуч Ера и автор на книгата Values or Death. За повеќе детали околу управувањето со организациската култура и лидерските вредности, симнете ја неговата најнова книга на следниов линк www.skysithelimit.org.

Категории: Виктор Куновски, Деловни вештини, Претприемништво Тагови: јавна администрација, влада, претприемач, претприемништво

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·