• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Преземено од / Вработување NEWS / Премногу шефови

Премногу шефови

20.09.2023 Категории: Вработување NEWS, Менаџмент

Ким Јонг Ил, севернокорејскиот диктатор, вообичаено не се смета за трендсетер. Но, во една област тој секако води: инфлација на титули на работни места. Господин Ким има 1 200 официјални титули, вклучувајќи ги и, грубо преведени, следниве: заштитничко божество на планетата, секогаш победоносен генерал, ѕвезда-водилка на дваесет и првиот век, врховен командант на првиот фронт во борбата против империјализмот и САД, вечна прегратка на топла љубов и најголемиот човек кој некогаш живеел.

Кога станува збор за работни титули, живееме во време на честа инфлација. Се чини дека секој што ќе го сретнете е шеф или претседател од некаков вид. Инфлацијата на титулите создава сопствен речник: „китење на титули („uptitling”) и „надувување на титули“, (“title-fluffing”). Исто така, тоа создава технолошки помагала. Една интернет страница ја дава оваа едноставна формула: само земете ја вашата работна титула, измешајте неколку „звучни“ зборови како „глобален“, „интерфејс“ и „клиент“ и готово е.

Лудоријата започнува од врвот. До неодамна компаниите имаа само два или три „шефови“ и слично. Сега тие имаат десетици, заедно наречени “c-suite” („раководен тим“). Малку фирми имаат повеќе од еден генерален извршен директор, СБ Ричард Елис (CB Richard Ellis), фирма за имотни услуги, има 4. Расте бројот на фирмите кои имаат шефови и раководители речиси за сè, од знаење до диверзитет. Southwest Airlines има главно лице задолжено за Twitter. Кока Кола и Мериот (Marriott) имаат шефови и раководители за блогови. И Кодак исто така има таков шеф, заедно со лице задолжено за слушање.

Сепак, шефовите се релативно ретки во споредба со претседателите и нивните деклинации (пот-, асистент-, итн.). Речиси секој во банкарскиот сектор, од рецепционерот, па нагоре, е претседател од некаков вид. Бројот на членови на LinkedIn, професионална мрежа, со титулата потпретседател во 2010 година пораснала 426% побрзо отколку целото членство на страницата во периодот од 2005 до 2009 година. Стапката на инфлација за претседатели изнесуваше 312%, а за шефови и раководители „само“ 275%.

Китењето со титули е често и кај работниците, како и кај раководителите. Американското меѓународно здружение на административни професионалци – претходно познато како Националната асоцијација на секретари – известува дека има повеќе од 500 работни титули, кои се движат од координатор на рецепција до специјалист за електронски документи. Разнесувачите на весници се „референти за дистрибуирање медиуми“. Ѓубреџиите се „референти за рециклирање“. Чистачите на мијалници се „санитарни консултанти“. Продавачите на сендвичи пред метрото се украсени со фразата „уметници за сендвичи“ на нивните ревери. Дури и вообичаено лингвистички чистиот француски јазик стапил во „служба“: хигиеничарките станаа “techniciennes de surface” (техничари за површина).

Што се случува? Најочигледното објаснување е економското опаѓање: шефовите раздаваат накитени титули како замена за покачување на платата и бонуси. Но, постојат и структурни причини за ваквиот тренд. Основната причина е растечката сложеност на бизнисот. Многу фирми не само што имаат претседатели и потпретседатели за оваа или онаа линија производи, туку имаат и претседатели и потпретседатели за различни региони. Соберете ги тие две и го имате рецептот за долги визит-картички: на пример, потпретседател за копир-машини за Азија и Пацификот.

Култот на флексибилноста е исто така инфлациски. Модата за израмнување на хиерархиите има парадоксален ефект на зголемување на безначајните работни титули. Работниците посакуваат титули кои звучат значајно, бидејќи тоа им дава илузија дека им се зголемува положбата. Директорите кои повеќе немаат со кого да управуваат добиваат „надуени“ титули, слично како што застарените политичари стануваат Канцелар на војводството Ланкастер или Лорд Претседател на Советот. Сите, од раководниот тим па надолу, сакаат да го „накитат“ своето резиме одбрана од добивање отказ.

И формите исто така, користат „накитени“ работни титули како сигнал дека се во тек со најновата мода. Еколошкото помодарство создава легии раководители и референти за оддржливост и „зелени“ амбасадори. Инцидентот со Бритиш Петрол несомнено ќе го има истиот ефект: може да очекуваме мноштво раководители и референти за безбедност и раководители и референти за извинување. Американскиот технолошки сектор е шампион во инфлацијата со титули. Таму има многу новосоздадени работни места кои треба да добијат име, а има и лингвистички „бубалици“ кои имаат чувство за „хумористични“ титули. Стив Џобс се нарекувал себеси „главен сезнајко“. Џери Јанг и Дејвид Фило, основачите на Yahoo! се нарекуваат себеси „главни Yahoos“. Илјадници ИТ видови се именуваат себеси како (главен) „скрум“ мастер, гуру, евангелист, или, особено омилен во моментов, нинџа.

Но, лидерството во инфлацијата на титули, како и во сè друго, поминува во светот во развој, особено Индија и Кина. И двете земји имаат долга опсесија со хиерархијата (накитените титули може да бидат клучни при наоѓањето невеста, како и да се добие восхитувањето од пријателите). И пазарите на труд кај нив се навистина преполни. Резултатот е експлозија на титули. Компаниите започнаа да креираат збунувачки работни места како „специјалист за заминување“. Тие исто така започнаа да организираат јавни прослави за унапредување, да речеме, од асистент заменик-директор до главен асистент заменик-директор.

Надуена корист, дискретни податоци
Дали ова е важно? Јасно е дека инфлацијата на титули врши насилство врз јазикот. Но, зарем не е тоа стандард за правецот во корпоративниот свет? И зарем не е тоа ниска цена што треба да се плати за корпоративната хармонија?

Незгодата е во тоа што познатите проблеми со монетарната инфлација важат и за инфлацијата на титули. Предностите од давањето нови модерни титули на луѓето најчесто се краткорочни. Штетата е долгорочна. Луѓето стануваат цинични за нивните прекари (особено кога нивното добивање е поврзано со зголемувањето на платата). Пазарот на работни места станува понејасен. Како да се сфати тековната стапка за „контролор на видливост на мултиплатформа и портфолио“ (Би- Би-Си)? Или пак, „раководител за идни и иновативни стратегии“ во Американското здружение за рак?

И, далеку од тоа дека им даваат поголема сигурност на луѓето, накитените титули често може да ги направат заменливи. Компаниите може да се двоумат пред да отпуштат ИТ советник. Но, што е со „главен скрум мастер“? Суштината на инфлацијата, пред сè, е дека обезвреднува сè што ќе допре.

Преземено од: Вработување NEWS

Категории: Вработување NEWS, Менаџмент

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·