• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Дејан Спасевски / Предлог идеи за содржина на е-весник

Предлог идеи за содржина на е-весник

20.09.2023 Категории: e-mail маркетинг, Дејан Спасевски

Најголемиот број електронски весници објавуваат статии на разни теми. Но статиите не се се, и со нив не завршува содржината на електронскиот весник. Следуваат 21 идеја за статии и за други содржина во весникот. Тие ќе ви помогнат да заштедите дел од своето време за размислување.

Проблем/решение
Идентификувајте одредени проблеми со кои се судруваат читателите. Сугерирајте решение. Не треба ова да го направите премногу надмено.

Пример: Не треба да избирате актуелни проблеми кои може да бидат решени исклучиво со ваша експертиза или со одреден ваш продукт. Самопромовирањето е добро, но не до толку за да ви ја донесе посакуваната вредност или добивка.

Како да…
Напишете водич за тоа како најдобро да се изврши одредена задача или како најдобро да се искористи одреден продукт или услуга.

Најдобри совети
Продуцирајте серија на совети за да им помогнете на луѓето како побрзо да ја завршат својата работа. Како да добијат максимална корист од вашите продукти, вашите услуги или нешто друго што би ги интересирало читателите.

Пример: Најнови примери за вакви совети се оние за подобро искористување уреди како персонален компјутер, лап топ, џебен компјутер или мобилен телефон, или пак уред за менаџирање на време.

Мислење / анализа
Понудете издржана анализа или субјективно мислење на релевантна тема, идеја, настан, новост, продукт, компанија, идустриски развој, изведба, итн.

Поглед кон иднината
Напишете статија во која ја предвидувате иднината за која било дејност во која сте вие вклучени.

Пример: Напишете статија со ваше лично предвидување на иднината во одреден сектор за кој сметате дека имате напредни познавања. По одреден период, повикајте се на статијата и напишете дополнување испитувајќи дали сте биле во право или не (и доколку не сте биле во право, зошто?)

Приказни и анегдоти
Напишете приказна која сметате дека е интересна за вашите читатели.

Пример: Напишете извештај врзан за одредена приказна или одредена новост, која е ирелевантна на вашиот контекст. Потоа направете паралела и споредба со одредена бизнис ситуација или настан. Напишете четиво кое читателите ќе може да го применат во нивните секојдневни ситуации.

Пример: Опишете ваше ужасно бизнис искуство. Искористете го за да извлечете поука за други слични бизнис ситуации. Читателите сакаат да читаат за проблемите на другите луѓе и како тие се справиле со нив. Тие сакаат сами да извлечат поука од туѓите проблеми.

Пример: Напишете неверојатна или инспиративна анегдота.

Студија на случај
Студиите на случај презентираат конкретни ситуации со кои требало да се справи одредена ситуација.

Пример: Изработете студија на случај во која ќе се промовира вашиот продукт или услуга. Но не пишувајте само една гола студија која секој ќе може да ја заборави штом ја прочита. Не е доволен само еден клиент кој ќе изјави: “ние го искористивме овој продукт и многу ни помогна”. Постои разлика помеѓу студија на случај и сведочење.

Пример: Погледнете ги студиите на случај кои најмногу Ве импресионирале. Несомнено, содржат мноштво на издржани и практични детали од кои читателите можат да научат, и вистински бројки така што луѓето може да добијат претстава за влијанието кое го имале превземените чекори.

Сезоналитет
Изберете ги вашите статии според сезоната. Имајте ја во предвид и сезоната на годишни одмори и сезоната за бизнис.

Пример: Голем број електронски весници во текот на летото нудат промоција на аранжмани за летување. Обидете се да ја најдете паралелата која постои во вашата дејност.

Осврти
Вметнете осврти на други продукти и услуги од други лица. Но не треба да се даваат осврти на продукти и услуги од конкуренцијата. Можно е да се сугерира одвраќање во вашите коментари.

Пример: Направете осврт на корисни алатки, книги и други слични работи за кои сметате дека вашата публика може да има корист, но кои не се судруваат со вашата сопствена понуда.

Образовна содржина
Обидете се да го искористите вашиот електронски весник за да изградите речник или база на знаење.

Пример: Многумина издавачи во весникот имаат секција “термин на седмицата”.

Избор на најдобрите содржини
Погледнете наназад и утврдете што се докажало како најпопуларно кај читателите во минатото. Размислете за издание “најдобар електронски весник” досега. Немојте да претерувате со фреквенцијата на објавување. Луѓето многу брзо ќе се изморат од повторувањето.

Пример: Најдете временски независни содржини и материјали кои биле креирани на самиот почеток на електронскиот весник. Овие содржини биле прочитани од поголемиот дел од вашата моментална публика. Испитајте ги бројките за бројот на приматели и за должината на нивното членство. Обидете се да најдете вреден материјал кој е нов за поголемиот дел од нив.

Пример: Содржините кои ќе резултираат од изборот на најдобрите електронски весници претстауваат одлично решение за итни случаи. Особено кога немате подготвено содржини навреме.

Се разбира, ниту еден од понудените предлози нема да функционира одделно. За да креирате квалитетни содржини кои најмногу одговараат на вашата публика, потребно е да се искомбинираат неколку различни типови на содржина. Доволно е да започнете со било која содржина и никогаш повеќе нема да размислувате за рокот за завршување на следното издание на електронскиот весник.

Aвтор: Дејан Спасески

Категории: e-mail маркетинг, Дејан Спасевски

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·